Берлин- клучна станица на патот до решение на спорот за името?

  • Среда, Фев 21 2018

{flike}


Медиумите во Македонија и во Грција тежиштето на денешната средбата Меркел -Заев го ставаат главно во контекст на актуелните разговори меѓу Скопје и Атина за решавање на спорот за името

Вниманието на македонската и грчката јавност денеска е вперено кон Берлин, каде денеска македонскиот премиер Зоран Заев е во официјална посета, а покрај средбата со канцеларката Ангела Меркел, ќе се сретне и со германскиот претседател, Франк Валтер Штајнмаер.

Грчките медиуми го најавуваат терминот на заедничката прес-конференција на Меркел и Заев, во очекување на изјавите и пораките што ќе произлезат од неа. Тие потсетуваат дека првата средба на Заев со германската канцеларка се реализирала во јули минатата година, на маргините од самитот на ЕУ и Западен Балкан во Трст.

Иако во агендата на средбата во Берлин се разговори за билатерални и актуелни прашања на европската и регионалната политика, медиумите тежиштето на оваа средба го ставаат главно во контекст на актуелните разговори меѓу Скопје и Атина за решавање на спорот за името. Во таа насока го толкуваат и вчерашниот телефонски разговор меѓу Меркел и Ципрас, кој и претходи на посетата на мекедонскиот премиер.

„Двајцата лидери разговараа за начинот на кој се водат преговорите за името на Македонија, провокативните акции на турските воздухопловни сили во Егејското Море и односите помеѓу Европската Унија и Турција“, соопшти Кабинетот на Ципрас.

Дали Берлин ќе биде клучната станица на патот до решение на спорот за името?

Дипломати со кои разговараше ДВ се воздржуваат од децидни одговори и велат дека „најклучна е решеноста и одговорноста на Скопје и Атина, но исклучително значајно и добредојдено е секое охрабрување и поддршка на тој процес“.

И во Македонија, и во Грција, овие контакти се толкуваат како јасен сигнал дека постои интерес и силна меѓународна иницијатива спорот за името да резултира со комрпмисно решение, во интерес на добрососедството, регионалната и европската стабилност и безбедност.

 

Повеќе од изворот DW на следниот ЛИНК.

 


 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Гевгелиjа со ветер од 75 км на час

Денеска Гевгелија одолева на ветер со јачина од 21 метар во секунда што е

Повеќе

Со субвении на Владата до евтини авио линии за граѓаните

Министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски денеска потпиша договор за

Повеќе

Вечер е Стара нова година, утре Василица

Според Јулијанскиот календар, по кој се водат православните христијани, вечер

Повеќе

11 години незаборав - Игор Ѓорески Хектор (1976-2008)

Со наклон кон паднатиот борец, Капетан Ѓорески - постхумно одликуван во воен

Повеќе

Продажба на градежни парцели за станбени објекти во Гевгелија

Општина Гевгелија објави на јавна продажба седум парцели наменети за изградба

Повеќе

Парламентот ги изгласа уставните амандмани

Со 81 гласови „за“  исполнет македонскиот дел од Преспанскиот договор

Повеќе

Игор Ѓорески Хектор - 11 години од трагичната смрт кај Блаце

Денес, 11 јануари 2019 година Македонија одбележува 11 години од трагичната

Повеќе

Патиштата во Гевгелија проодни

За 11 часа непречена работа низ улиците и локалните патишта во Гевгелија,

Повеќе

Во Гевгелија наврнати 14 сантиметри снег

Веќе 12 часа, почнувајќи утринава од 8:10 часот, Гевгелија е под врнежи од снег

Повеќе

Првото новороденче во општина Гевгелија е женско

На Бадник, 6-ти јануари, во Општа Болница Гевгелија се роди првото новороденче,

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.