{flike}

Колумна на Бошко Нацевски посветена на силеџиите кои се кријат зад вербален деликт и прекршочна за непочитување на службено лице. 

Се изнаслушавме и изнагледавме инсерти од многу инциденти и арамбашки дивеења на разноразни телохранители, партиски силеџии, државни чиновници и тајкунски моќници. Нив, за чудо, ниту болва не ги каснува.
Кој колку што сака и до кога сака може да ја забодува главата во песок и да глми глувост и слепост во името на привидна, поточно, лажна меѓупартиска, или меѓуетничка хармонија. Меѓутоа, оваа настраност во поведението на одредени заштитени ѕверки, не со добрата воља на некого, туку во името на правото, како привилегија на секој припадник на оваа заедница, без разлика на неговиот општествен или социјален статус, треба неодложно и со нужната законска строгост, да се санкционира.
Не може молкум да се минува преку вистината дека имаме селективна казнена политика. За погрешно паркирање, на рака, експресно ви испорачваат парична казна, со, за наши услови, зашеметувачка висина, како да сте граѓанин од Бахреин, Абу Даби или Саудиска Арабија, а не од најсиромашната држава - Македонија. Од друга страна, друмски силеџии, митаџии, затајувачи на даноци, потврдени криминалци, дрски мускулџии, кафеанскa ајдучана и друг вид битанги, минуваат со условни, или смешно ниски казни.
Веројатно, никој не посакува, во овој стадиум на светските цивилизациски дострели, правдата секој да ја зема во своја рака. Или да се враќаме во времето кога владеле законите на анаријата и на примитивизмите -,,заб за заб, око за око".

На вандалите, време е да им се затегне синџирчето. Или, како што тоа се прави со уличните четириножни ѓукели, да им се прикачува знак, обележје, дека се опасни по безбедноста - за наше предупредување. И секако, навреме да се вакцинираат од беснилото. А сепак, најразумно и најрационално, книгата на Законот секогаш да ни биде отворена на онаа страница каде што е забележано дека пред него сме еднакви сите!

Колку за показ, во Романија, само во текот на минатата година, пред лицето на правдата биле исправени, или поточно, на ..црната,, судска клупа биле седнати, ни помалку, ни повеќе, 2.000 граѓани, и до последниот, со некаков функционерски статус. Така се затегнува синџирлчето, како испробан метод за дисциплинирање на хулиганите, на анархистите, на криминалците. А и на оние што од чисто коруптивни побуди, го исцртуваат, преферираат и толерираат амбиентот на беззаконие.!

Автор: Бошко Нацевски, новинар

Министерот Спасовски и вицепремиерот Османи во Гевгелија

Спасовски: Полицијата успешно се справува со илегалните миграции и

Повеќе

Патот Гевгелија-Негорци пред завршница

Во тек е гребање на последниот километар од стариот асфалт до центарот на

Повеќе

Sky хотел и казино бара работници

Активен оглас за вработување на 14 работни позиции за правен субјект со седиште

Повеќе

Велин Стојменов - нов претседател на Здружението на пензионери за Гевгелија

На вчерашното изборно Собрание на општинското Здружение на пензионери за

Повеќе

Прес на ЛДП Гевгелија

ВИДЕО: Итна измена на законите за финансирање на општините! (Ручкоманов)

Повеќе

Пендаровски на Трибина со младите од Гевгелија: „Придобивки - НАТО и ЕУ“

„Мојот став е влез во ЕУ и НАТО е преку институциите во државата со

Повеќе

Денеска е пролетна рамноденица

Рамноденица — деноноќието кога должината на денот и ноќта се исти. Денеска

Повеќе

Тридневен прекин во електроснабдувањето во Богданци

ЕВН - КЕЦ Гевгелија најави прекин во електроснабдувањето за утре среда 20 март,

Повеќе

Интегриран план за локален развој на општина Богданци до 2022

Во тек е 10 дневна јавна расправа за локалниот развој на Богданци 

Повеќе

Кина одбила барање на грчка компанија да го користи терминот „македонски“

Образложение - потребна е дозвола од соседната земја за користење на терминот

Повеќе

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.