Топ Новости

Украдените боци со кислород пресудни за д-р Георги Петков

  • Среда, Мај 23 2018

 


Водачот на Меѓународната Еверест експедиција 2018 во која беше и гевгелискиот алпинист д-р Георги Петков, англичанецот Тим Моусдејл на социјалните мрежи преку кои известуваше за текот на мисијата објави дека им се украдени боците со кислород. Тоа го констатирале на 18 мај во вечерните часови. Екипата била видно вознемирена од недостатокот на опремата - боците со кислород, бидејќи тие се неопходни на висини над 4-5.000 метри, поради разредениот воздух и слабата концентрација на кислород. Наместо редовната почивка во 19 часот, кога членовите на експедицијата одат на спиење, зошто искачувањата им почнуваат со првите зраци на зората во 3:30 часот, таа ноќ останале без сон дури до 8:56 вечерта кога е објавен постот.

„Боци со кислород им недостасуваат на неколку тимови, како и на нашиот тим. Тоа не само што го загрозува текот на експедицијата, туку и животот на планинарите. Какво гадно однесување“ напишал водачот на групата меѓународни алпинисти Тим Моусдејл.

 

Во коментар на постот следбеник на Еверест Експедицијата 2018, Karen Appleby напишал, обраќајќи му се на водачот на експедицијата - Тим:
„Не можам да верувам дека луѓето го прават тоа повторно оваа година, Тим. Навистина, тимската работа потребна за искачување на ова ниво ќе ги научи луѓето да не прават нешто толку себично и одвратно. Дали нивните лидери на експедицијата не ги водат правилно, или дали се соучесници во кражбата? Ако некој умре, во најмала рака ќе биде виновен за убиство!“

 

Во истиот пост Тим со искажаната гружа за украдените боци кислород, лидерот на Еверест Експедицијата 2018 најавува дека тој, Марк и Георги Петков утрешниот ден 19 мај тргнуваат од базниот Камп 2 на нова висинска точка од Еверест - Кампот Ц 3 кој се наоѓа на 7.200 метри надморска височина.

Така и бидна. Утредента, иако без опрема со кислород, трочлениот тим на алпинисти се упатил и стасал на Кампот 3. Бидејќи се поминала висинска релација од близу 2.000 метри за еден ден, екипата останала да преноќи една вечер, за следниот ден на 20 мај утрото да се упатат на финалната рута на освојување на врвот Монт Еверест со додатните 1.648 метри висинска разлика до врвот (8.848 м.н.в.)

На висина од 7.200 метри, пред подготовките за искачување кон врвот Монт Еверест нашиот гевгелиски планинар и алпинист д-р Георги Петков, колабирал и му престанала срцевата активност.

Тамошните членови на екипата, изјавиле дека се работи веројатно за срцев удар, бидејќи не се освестил после колабирањето.

Со жалната и тешка вест која одекна во Гевгелија за смртта на д-р Георги Петков, речиси на чекор до остварување на својот сон, искачувањето на „покривот на светот“ како тој, а и останатите го нарекуваат врвот Монт Еверес, негови колеги интернисти од Општата Болница во Гевгелија, каде Георги работеше како лекар специјалист - инфектолог, се посомневаа во дијагнозата и дадоа оценка дека сигурно се работи за „cardiac arset“ - престанок на работа на срцето поради недостаток на кислород.
„Срцевиот арест е нагло губење на функцијата на срцето кај лице кое можеби, или не мора да има дијагностицирана срцева болест. Времето и начинот на смртта се неочекувани. Се јавува веднаш или кратко по појавата на симптомите“, велат од Американската здравствена Асоцојација.
Најчеста причина за срцев арест е коронарната болест, а такви проблеми немал доктор Петков. Помалку чести причини се недостаток на кислород, многу низок калиум, срцева слабост и интензивна физичка активност. Симптомите на срцев арест се ненадејни и кобни, а се манифестираат со: ненадеен колапс, немање пулс, престанок на дишењето и губење на свеста. Дијагнозата се потврдува со немање пулс, бидејќи запира протокот на крв кон остатокот од тело. И, токму недостатокот на боците со кислород дополнето со интензивната физичка активност со искачувањето од Камп 2 до Камп 3, биле пресудни за срцевиот арсет за д-р Петков.

ФОТО: Принт скрин од порталот „Channel news Asia“ што на 20 мај ја објави веста „Македонски планинар почина на Еверест“ со дијагнозата „cardiac arset“ (престанок на работа на срцето поради недостаток на кислород),  а македонските медиуми преведоа „срцев удар“

Негов колега доктор од гевгелиската Општа Болница исто така планинар, потврдува дека на висини над 4.000 метри кога тој се искачувал, дишењето заради разредената концентрација на кислород е многу отежната. На ова укажува и видеото направено од пријателот и колега од експедицијата со Георги, англичанецот Адам Бут, кој направи снимка и се слуша како тешко дише при искачувањето на врвот Лотсе од Хималајскиот масив (подолу во прилог на текстот).

ФОТО: Д-р Георги Петков отпоздравува од Базниот камп Гјокио на Монт Еверест

Пролетните акции за искачување на Еверест се високо доходен туристичко-алпинистички бизнис за локалната заедница, во случајот државата Непал, од чија страна на Еверест се упати експедицијата во која беше Георги Петков. Освен нивната екипа, на патеките до Еверест имало повеќе меѓународни тимови, и обично се прави распоред на ротација на тимовите по базните кампови, едни се искачуваат, ноќеваат по 2-3 ноќи за прилагодување, па се враќаат во базниот камп за аклиматизација, а друг тим тргнува по истата рута нагоре.

Што ја предизвика кражбата на боците со кислород од неколкуте меѓународни тимови на искачување на Еверест. Еден постар долгогодишен учесник на експедициите на Еверес изјави: „На Еверест има се' повеќе тимови за искачување и се' повеќе егоистичка себичност“.

Си љубоморат ли спортистите на успесите, или во прашање е комерцијализација на целиот спорт од страна на локалните придружници и доставувачи на опрема?
Георги тргна од дома со неопходната опрема: вреќа, шатор, обувки, дерези, комбинезони, подлоги за спиење, ламби, кациги, но опремите со кислород се набавуваат од локални снабдувачи.
Дали заработката од една боца кислород била некому поважна од изгубениот човечки живот?

Минатогодишните цени велат дека пазарната вредност на една боца со кислород чини 550 долари, а до врвот ти требаат најмалку 5 боци. Дополнително потребна е и маска (450 долари) и регулатор (450 долари). Можеш сам да го носиш својот кислород до повисоките кампови, ама најголемиот дел од луѓето користат шерпаси. Ако се ангажира шерпас ќе треба и за него да се обезбеди кислород од планинарот што го ангажирал, што ќе чини дополнителен трошок од 2.000 долари.
Значи факторот заработка од украдените боци не е занемарлив и наивен.

Очигледно дека една од двете теории на заговор е точна.

Доктор Георги Петков во текот на својата речиси триесетгодишна докторска кариера спасил многу човечки животи. Во пазувите на најнедостижната планина на светот немаше кој да го спаси него. Остана жртва на човечка лакомост, еве да дозволиме и претпоставка на човечка грешка при транспортот на опремата.

Ова не беше неуспех на Георги. Врвот Монт Еверест го имаат искачено и жени. Потребно е само добро време и физичка кондиција. Самата патека до врвот се вика „Патека на Хиларини чекори“, по првиот освојувач Едмунд Хилари од Нов Зеланд, остварено во на 29 мај 1953 година заедно со  Тензимг Норге од Непал. Некој друг му ја собра опремата (сакајќи, или не сакајќи) и тој остана индиспониран во својот потег. Без маска и боца со кислород, 8.848 метри надморска височина се тешки за секој жив организам. Да било погодно за живот, ќе имало и животни таму, во висините на Еверест. Вака, сите 400 жртви кои ги има „сочувано“ планината на себе се' уште стојат таму како ледени споменици за еден неостварен сон.

ФОТО: Еверест експедиција - Патека на Хиларини чекори до врвот Монт Еверест 8.848 метри н.в.

ФОТО: Шерпасот Пемба од Непал со планинар од меѓународната експедиција која ја предводи британецот Тим - Маските и боците со кислород се неопходни за планинарите од другите делови на светот. Непалецот Пемба позира прилагодено на висината на Монт Еверест

Затоа сметам дека Георги е херој на својот сон. Ги стапна висините кои ги посакуваше. Дури и на 7.800 метри н.в. до К 4 од Монт Еверест. Другото е човечка алчност, комерцијална суровост, спортски егоизам, или неумислена грешка. Георги не го развеа знамето на Македонија од врвот Еверест, но сите од експедицијата знаеја дека тој е Георги (George - Џорџ) од Македонија.

Георги! Ти се искачи во висините и во нашите мисли, во незаборавот за големиот човек од Гевгелија.

Почивај во мир голем човеку!
Незаборавот е нашата утеха за загубата на еден ведар и секогаш насмеан човек, верен другар и пријател, посветен доктор, грижлив кон пациентите и предаден на својата професија, а на крај, не по своја желба, се предаде на својата пасија - планинарството, висините, планините и недостижното за обичниот човек.
Затоа ти беше се' само не обичен!

Остануваш во срцата на многу твои познати гевгеличани, сограѓани и стекнати бројни пријатели низ планините и висините.

Сега висините не се твоја граница туку нов вид на светоглед од пределите на светлината, од местото на праведните и добри луѓе каков што беше ТИ!

Вечен спомен и незаборав за тебе, наш Георги!

Прилог: Видео со Адам Бут, пријател и колега од Меѓународната Експедиција на Еверест 2018, кој беше заедно со нашиот гевгелиски алпинист др Гепрги Петков, направено при искачување на еден од врвите на Хималаите, а последен му беше  Лотсе  од Хималајскиот масив, во кое се слуша како тешко диши и при користење на маска со кислород (Лотсе, врв на 8.516 метри надморска висина)

Media


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

24 часовна полициска заштита за осумтемина пратеници

Од МВР велат дека пратениците не побарале заштита, туку полицијата одлучила тоа

Повеќе

Премиерот на „Валандовска ракијада 2018“

Премиерот Зоран Заев заедно со лозарите од регионот со манифестацијата го

Повеќе

Заев: Задено напишавме историја

Премиерот Заев на прес-конференција по изгласувањето на постапката за уставни

Повеќе

Собранието донесе одлука за уставни измени со 80 гласови

Доцна вечерва две третини од пратениците ги поддржаа уставните измени и со тоа

Повеќе

Гевгелија и Богданци викендов без струја

Десет часовен дводневен прекин заради неопходни интервенции најавуваат од ЕВН

Повеќе

Метју Палмер во понеделник доаѓа во Македонија

Функционер на САД во дипломатска мисија пред македонското исполнување на

Повеќе

Пресудата за Груевски стаса до Кривичен

Казната затвор од 2 години потврдена од Апелација денеска пристигна во Кривичен

Повеќе

Гевгелија и околината без електрично напојување

ЕВН - КЕЦ Гевгелија за петок 19 октомври најавува нов прекин на електично

Повеќе

ПДС на САД до Мицковски: Разочарани сме од ВМРО-ДПМНЕ

Вес Мичел, Помошник државен секретар за Европа и Евроазија при Стејт

Повеќе

Ноќеска во тунелот Демир Капија-Смоквица ќе се вози по една лента

Во терминот од 23 до 00 часот ќе се вози по една сообраќајна лента, јавува

Повеќе

 
 

 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.