Деца со посебни потреби

Вторник, 11 Декември 2018

Една поинаква животна случка за децата на летување во Дојран, за нивната култура, внимание и љубезност - напишано до Бо Барбов

 

 

Не, воа јадење по ништо не е интересно, обично, просто јадење, ако не ме врзува за него една ногу убава случка!

Вака беше: кога работев у кујната у “Партизан” у Дојран, ми најави газдата дека ќе стигнат на седумдневен одмор деца со посебни потреби од Неготино. Триесетина деца, рече, па ти планирај!

Добро!

Кога ми рече деца со посебни потреби, јас се фокусирав на тоа “деца” бидејќи посебните потреби, за мене не значат ништо посебно, деца си се деца!

Меѓутоа, кога стигнаа, тоа воопшто не беа деца, туку возрасни луѓе, за кои шо до ден денеска не знам зошто викаат “деца” ?! Ама ни тоа не ми беше муабетот. Сакам да речам, дека тие “деца” беа најдисциплинираните гости, шо некогаш сум ги имала у цела моја готвачка кариера! Додека другите викаа, цркаа, па се пренамагаа, сакам ова, има ли она, луто-благо…пих! Овие, наредени во ред двајца по двајца, измиени, исчешлани, дотерани, мирни, стрпливо чекаа ред да си ја земат порцијата, па ќе седнеа, ќе изедеа се, и ќе ги вратеа дисковите малтене исчистени! Никаков приговор за храната-ништо!

Еден ден, за ручек им го направив ова јадење, париска пилешка, ориз, малку сос со печурки и салата. Сигурно сум им го направила многу слатко, шо кога завршија со јадењето, само шо се појавив од зад пултот, некој рече, „еве ја готвачката“, и спонтано падна еден долг аплауз, наменет за мене.

Ја прво се збунив, не знаев шо се случува уствари, кога застанаа у ред и еден по еден се поздравуваа со мене, и ми бакнуваа рака, со зборовите:

- „Тетке, раците да ти се позлатат!

Ама баш сите!

Ја почнав у исто време и да плачам и да се смеам, да плачам од бес, гледајќи ја неправдата шо им се случила у животот, а се смеев оти ми викаа тетке, а они беа скоро моја генерација, некои дури и постари. Хахах теткините!

И тој ден ќе го памтам цел живот!

И секогаш кога си го правам за мене ова јадење, затоа шо ми е едно од омилените јадениња, ми текнува на тој ден!

Деца со посебни потреби, хммм!

Познавам “деца” шо сум ги ранела со најголема љубов, за на крајот да ми ги кажат најлошите навреди и зборови! А не се со посебни потреби!

'бем ти живот!

 

Напишано од Бо Барбов

 

Last modified on Вторник, 11 Декември 2018 - 03:27

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Почнува втората фаза од системот за наводнување Јужна долина на Вардар

Почнуваат градежните работи за изградба на системот за наводнување на јужната

Повеќе

Владата ќе добие пет нови министри

Денес од Валандово Премиерот Заев најави дека уште денес до Собранието ќе ги

Повеќе

Нов асфалт и проширување на регионалниот пат Гевгелија-Богданци-Фурка

Министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски денеска го најави почетокот на

Повеќе

Валандовски средношколци Елена и Борис во финале на Genius Olympiad во Њујорк

Елена Гребенакова и Борис Китановиќ, ученици во втора година гимназија при СОУ

Повеќе

Одбележување на Светскиот ден на бегалците во Гевгелија

Со штанд на УНХЦР на градскиот плоштад во Гевгелија од 08 до 20 часот денеска

Повеќе

Од 1 јули стартува мерката „Повраток на ДДВ за граѓаните“

Од 1 јули, (значи за 10 дена) почнете да собирате фискални сметки од секое

Повеќе

„Ден на проширување“ тема на Европскиот комитет за региони

Денеска и утре во Брисел се одржува дводневниот 16-ти по ред Заеднички

Повеќе

Сезонска работа во Грција - примамливи плати за работа на море

Летен одмор и заработка е добра комбинација, ако е тоа работа на некои од

Повеќе

Бесплатен одмор за работниците со ниски примања

Јавниот повик за организиран одмор на работници чии месечни примања во

Повеќе

Водата во Дојранското езеро безбедна за капење

- „Најновите испитувања на водата од Дојранското Езеро покажаа дека е во

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.