Реакција на Ѓорѓи Спасов, македонски политичар, дипломат и универзитетски професор (кој бил Амбасадор на РМ во Бугарија 1994-1997) во врска со последната изјава на шефицата на бугарската дипломатија Захариева во однос на Македонија и приемот во ЕУ:
„Ние сме го славеле уште "диктаторот" Тито кој беше икона на антифашистичката борба, почитуван од цел свет и врвен демократ спореден не само со Тодор Живков туку и со многу современи политичари во Бугарија. И затоа, што сме го славеле Тито (кој ја измислил македонската нација) тие што го слават Царот Борис трети, кој беше на страната на фашизмот во Втората светска војна, не можеле да дадат согласност за почеток на преговори со ЕУ.
Тие се обидувале долго да не' убедат да разбереме што сакаат ама ние не сме биле способни да разбереме, или сме биле нешто како недозреани или малоумни.
И таа Захариева со широка цинична насмевка, не ширела говор на омраза.
А шири. И прави се' со сета камарила, да ни' се одмили членството во ЕУ и да ја претстави ЕУ како клуб на повластени нации во кој уцената на секој нивни член кон кандидатите за членство мора да се смета за врвна мудрост.
Но, ниту помислија така да се однесуваат кон почетокот на разговорите со Србија во чиј состав останаа "западните покраини" кои Хитлер исто така му ги даде на Царот ослободител да ги окупира и да воспостави бугарска администрација во време на Втората светска војна.
Ова срамно однесување на Бугарија е за жалење. А имаат толку многу умни и чесни интелектуалци кои според "умната" Захариева изгледа исто така не разбираат ништо“.
Автор: Ѓорѓи Спасов
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Запленета дрога во вредност од еден милион евра на ГП „Богородица“ и кај
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.03.2021) во
Запленет камион со половина тон марихуана на ГП Богородица
Вечерва на Граничниот премин „Богородица“ запленет е камион полн со 500
Почина градежен работник во Гевгелија
Во централното градско подрачје каде се изведуваат градежни работи на просторот
Запленети 200 кг марихуана на граничната линија, приведени две лица
Одделот за криминалистика при ОВР Гевгелија во соработка со специјализирани
Тежок сообраќаен билтен - еден починат, еден тешко повреден
Едно починато и едно лице со тешки телесни повреди, без податоци за настаната
ОКШ Гевгелија бара воведување полициски час
Галопирачкиот раст на новозаболени од корона во Гевгелија и регионот (видно од
Почина Веселинка Поп Гонова
Утрово во Клиника „Жан Митрев“ воСкопје, каде што беше хоспитализирана оваа
Лишени од слобода двајца жители на о. Гевгелија
Прексиноќа пред полноќ, поточно во средата, жител на Мрзенци и жител на
Три последователни потреси во Грција почувствувани и во Гевгелија
Вечерва од 19:38 часот, 19:53 ч. па до 20:25 часот почуствувани се три
Почувствуван земјотрес во Гевгелија
Благо движење на земјата како лулање во правец југ-север-југ вечерва беше