Ретроспектива на 2020

Петок, 04 Декември 2020

Новинарката Мери Јордановска направи ретроспектива на пандемската 2020 споредувајќи ја со минатата 2019 и однесувањето на луѓето. Како се изместија приоритетите со короната - изолацијата стана пижама комоција:

2019: Фотка од фустан на попуст. Цена? Цена? Ценааа? Имате ли M?
2020: Фотка од лабораторија за брис за корона. Ценааа? Цена?!!1 Има ли попуст за пакет со серолошки тест?

2019: Ај на пијачка. Седнуваш у кафич.
2020: Ај да пиеме. Уклучуваш камера.

2019: Мамо ќе поминам да ве видам. Одиш.
2020: Мамо, уклучи камера да ве видам. Мамооо, не таму, има едно копче како видео-камера, во левиот агол... ај нема везе, ќе ви поминам под тераса.

2019: Женска ташна: Новчаник, цвикери, несесер со шминка, 15 лабела, тефтер, 28 пенкала, опашка од глушец, остаток од изгризано јаболко, штраф од бормашина.
2020: Женска ташна: Новчаник, несесер со дезифиценс со 70% алкохол, дезифициенс со 90% алкохол, влажни марамици, трослојна хируршка маска плава, трослојна хируршка маска розева, платнена маска црна, двослојна платнена маска шарена, маска КН 95, влажни марамици, лабело од 2019

2019: Што материјал е фустанот?
2020: Што материјал се пижамиве?

2019: Ќе идам до Манго, ај со мене.
2020: Ќе идам до аптека, ај со мене.

2019: Скајп состанок – се фенираш, шминкаш, облакаш сако, вежбаш говор пред огледало и 3 саати бираш позадина.
2020: Зум состанок – стануваш, врз горната пижама облакаш џемпер и седнуваш пред компјутер додека у позадина се гледа правосмукалката и три мачки наредени врз парното.

2019: Купуваш 5 флаши вино, 25 пива, флаша џин и 3 тоници, идат гости.
2020: Купуваш 5 флаши вино, 25 пива, флаша џин и 3 тоници, ќе глеаш филм.

2019: Ај да се видиме. Ај.
2020: Ај да се видиме. Ти здрава ли си ма, нема место у болнициве.

2019: Ајде чао.
2020: Ајде чао, чувај се, те сакам, ако не се видиме пак, да знаеш дека ти си ми редок пријател.

2019: Три другарки сликани без маски. 1025 лајкови, срциња фрштат.
2020: Три другарки сликани без маски. Еден лајк и 100 коментари „нов кластер, неодговорна младина, засрамете се!“

2019: Идам да се видам со другариве. Ок, убаво да си поминеш.
2020: Идам да се видам со другариве. Значи стави КН95, плус пази на Бојан брат му беше у изолација, да не фатиле корона сите таму, ако ме заразиш после неќам да те видам, имај осет малку и не пиј директ пиво од флаша, ама немој ни од чаша, снајди се некако.

2019: Драги пријатели, ви благодарам за честитките за роденденот.
2020: Драги пријатели, ви благодарам на сите кои ми честитaвте, останете живи и здрави, чувајте се, држете дистанца, носете маска и избегнувајте групирања, ве сакам сите па можеби догодина ќе се видиме ако останеме живи.

2019: Фотка од роденден: Собрани 20 души, камен пијани, качени на маса, торта забораваш и да исечеш.
2020: Фотка од роденден: Сликан сам со торта и дуваш свеќа, таа што не догорела од лани.

2019: Гледаш филм.
2020: Гледаш филм и се прашуваш како е снимен во 2020, а никој не носи маска.

2019: Одиш во продавница и пазариш.
2020: Одиш во продавница и пазариш, на раб на нервен слом: Зошто овој ја носи маската под нос? Што ако корпава ја допрел некој со корона? Ќе зеам од мандарините ама подлабоко ќе брцнам, да дофатам некоја што не е допрена. Овој ко да не држи дистанца од 2 метри, сака ли да не убие сите...

2019: Нешто не ми е добро. Ај ма, ништо не ти е.
2020: Нешто не ми е добро. Измери температура? Имаш оксиметар? Пиеш цинк, селен, Д3, витамин Ц? Вкус? Мирис? Рентген направи ли? ЦРП да провериш и Д димери.


ФБ пост на Мери Јордановска

 

Last modified on Петок, 04 Декември 2020 - 18:23

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Запленета дрога во вредност од еден милион евра на ГП „Богородица“ и кај

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.03.2021) во

Повеќе

Запленет камион со половина тон марихуана на ГП Богородица

Вечерва на Граничниот премин „Богородица“ запленет е камион полн со 500

Повеќе

Почина градежен работник во Гевгелија

Во централното градско подрачје каде се изведуваат градежни работи на просторот

Повеќе

Запленети 200 кг марихуана на граничната линија, приведени две лица

Одделот за криминалистика при ОВР Гевгелија во соработка со специјализирани

Повеќе

Тежок сообраќаен билтен - еден починат, еден тешко повреден

Едно починато и едно лице со тешки телесни повреди, без податоци за настаната

Повеќе

ОКШ Гевгелија бара воведување полициски час

Галопирачкиот раст на новозаболени од корона во Гевгелија и регионот (видно од

Повеќе

Почина Веселинка Поп Гонова

Утрово во Клиника „Жан Митрев“ воСкопје, каде што беше хоспитализирана оваа

Повеќе

Лишени од слобода двајца жители на о. Гевгелија

Прексиноќа пред полноќ, поточно во средата, жител на Мрзенци и жител на

Повеќе

Три последователни потреси во Грција почувствувани и во Гевгелија

Вечерва од 19:38 часот, 19:53 ч. па до 20:25 часот почуствувани се три

Повеќе

Почувствуван земјотрес во Гевгелија

Благо движење на земјата како лулање во правец југ-север-југ вечерва беше

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.