Виолета со исповед за својата средба со короната

Понеделник, 21 Декември 2020

Ова писание е за нашите херои, медицинските работници од Општа Болница Гевгелија и матичните лекари од Гевгелија во несебичната битка со короната, а го напиша и ни' го испрати Виолета Праматарова Христова, психолог вработена во Центарот за социјални работи Гевгелија.

„Пред еден месец се заразив со корона вирусот. Незнам како и од кој, а сега и не е воопшто важно. Неколку дена дома со лесни симптоми, па потоа тестирање, нормално позитивна на КОВИД 19, два дена во дневна болница на терапија и поради лошата состојба и клиничка слика, завршив на интерно одделение 10 дена. Се опоравив, ме пуштија дома во добра сосотојба но, после три дена со температура и воспаление на плуќа се вратив повторно на инфузиите два пати дневно, кои сеуште ги примам во Дневна болница. Се надевам дека оваа голгота која ја поминувам наскоро ќе заврши, ќе ја надминам оваа тешка болест и животот ќе се врати во една нормална состојба како и пред короната“, ни' пишува Виолета Праматарова Христова за својата средба со короната.

Сепак, ова мое писание не е за мене туку за нашите херои, борци и јунаци во првите редови со овој вирус-монструм, а тоа се нашите здравствени работници во Општа Болница Гевгелија. Најпрво голем респект и почит за директорот на нашата болница кој успеал добро и функционално да ја организира работата со болните од КОВИД 19 во трите дела (риемното, дневната болница и одделението каде лежат болните). Покрај оваа добра организација, многу добро избран тим и менаџирање со здравствените работници кои работат со болните од Ковид 19.

Сите млади, културни, професионалци, сигурни во себе, љубезни, хумани и трпеливи. Бев пријатно изненадена уште во првите моменти кога почнав да ги посетувам од тоа колку тие луѓе оптеретени со задолжителните скафандери, визири, маски и слично, никогаш не губеа трпение, се препотуваа, уморот им се гледаше по нивното одење но тие секогаш љубезни, тивки, те сослушуваат, веднаш реагираат и ти влеваат чувство на сигурност и заштита. Бидејќи се работи за тешка болест, верувајте, нема некој да не е исплашен од непредвидливоста на вирусот, стравот е постојано присутен кај болните како и изразеното чувство на немоќ и слабост. Но, нашите борци тоа многу добро го знаат и добро си ја работат работата. И лекарите, и медицинските сестри се прекрасни луѓе кои знаат како да се постават во секоја ситуација и со секој предизвик. Те тешат, те советуваат, те сослушуваат, наоѓаат разбирање за стравовите и дилемите, сочувствуваат со болните.

Нашите јунаци се лекарите : Саше, Македонка, Александра, Павлинка, Анета, Александар, Блаже … сестрите Лидија, Жане, Марина, Данче, Кате, Даниела, Лепа, Наташа, Габи, Александра … и сите други кои не се спомнати.
Од контактите кои ги имам во врска со овој вирус, на мислење сум дека Гевгелија многу добро се справува со оваа болест, добро се организирани и со многу добар, стручен и компетентен тим на здравствени работници. Среќни сме што ги имаме, што се наши и што баш тие се грижат за нас во овие тешки времиња за кои се надевам дека за неколку месеци ќе станат минато.
Сепак, мислам дека и матичните лекари се исто така многу заслужни во оваа борба со вирусот. Тие најпрво доаѓаат во контакт со болните, ги советуваат, прегледуваат, упатуваат. Мојата матична докторка Ивана Панајоту е надобрата докторка за мене. Од самиот почеток на болеста е со мене, секој ден ми се јавува за да праша како сум, ме теши кога сум во криза, ме советува и се соживува со мене и мојата болест.

Оваа награда која се најавува за здравствените работници од 30.000 ден. е многу смешна да не речам минорна во споредба со работата која ја работат овие луѓе секој ден и изложеноста на реалниот ризик да се заразат од вирусот. Да не должам, од досегашното следење на состојбата во државата, сметам дека Гевгелија е еден од градовите кои најдобро се справуваат со овој вирус-монструм, а сето тоа заради пожртвуваноста на нашите лекари и сестри кои несебично се борат со вирусот, помагаат и се грижат за болните во вистинска смисла на зборот како и добрата организација на целокупната работа.

Мој Апел: Вирусот е тука, насекаде го има, не е страшен за тие што не го добиле или пак го поминале со лесни симптоми. Но, тие што имале компликации и престој во болница или пак да не зборувам за тие кои изгубиле некој близок…. За нив е страшен. Видовме дека и млади и возрасни заболуваат и затоа верувајте дека нема правила и навистина е непредвидлив и не знаете што се може да Ви се случи. Затоа, почитувајте ги во целост пропишаните мерки, редовно маска носете по можност КН 95, држете дистанца и избегнувајте зтворен простор со повеќе луѓе. И доколку осетите некаков симптом кој Ви е сомнителен, веднаш кај матичниот лекар и на тестирње. Без стрес и страв бидејќи уште повеќе ќе си ја влошите состојбата. Имајте верба во нашите борци и јунаци, не губете драгоцено време дома, одете во болница каде ќе добиете добра, професионална, стручна, хумана и морална помош, а која Ви е многу потребна во овие тешки моменти.
Останете сите во добро здрваје!!!!!

Автор: Виолета Праматарова Христова - психолор во ЈУ Мегуопштински центар за социјални работи - Гевгелија



Last modified on Понеделник, 21 Декември 2020 - 14:40

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Со Закон казината и обложувалниците подалеку од училиштата

Со измени на Законот за игри на среќа објектите од овој сектор, казина,

Повеќе

Гевгелија вечерва со висока загаденост на воздухот

Гевгелија вечерва на апликацијата „Мој воздух“ осамна на листата на градови во

Повеќе

Кај Прдејци утрово спречен шверц на мигранти

Денеска, во полноќните часови, поточно 01:00 часот после полноќ полицијта

Повеќе

Донација од НОЕЛ за Болницата во Гевгелија

Пред нова година беше најавата за донација, а денеска истата беше предадена -

Повеќе

Горивата поевтинуваат за 2 денари, од ноќеска на полноќ

Вонредна седница на Регултароната комисија за енергетика, во која бензините од

Повеќе

Почина Бранка Станковска - доајенот на македонското спикерство

Попладнево, во Скопје почина првиот глас на Радиотелевизија „Скопје“,

Повеќе

Воспитувачки во Белград малтретирале 2-3 годишни дечиња

Со нога на детското стомаче, шамари, тегнење за раце, заклучување.
Во

Повеќе

Собранието со 62 гласа „ЗА“ го донесе Законот за попис

Собранието денeска со 62 гласа „за“, без „воздржани“ и без „против“ го донесе

Повеќе

Џо Бајден ја превзеде функцијата претседател на САД

Со свечена церемонија на која не присуствуваше претходникот Трамп, денеска

Повеќе

Од јануари пензиите повисоки за 185 денари

Усогласувањето на пензиите со трошоците за живот донесе покачување на пензиите

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.