Топ Новости >

{flike}

Сите оние што работеле или соработувале со претседателот Глигоров, знаат дека тој читаше, читаше се, забележуваше на маргините и, над се, паметеше што чита. Ќе дојдеа, така, белешки од МНР пред некоја посета на странски државјанин, тој ќе ги прочита и ќе искоментира "Ах, овие пак копија од минатиот пат пратиле". Да не ги споменувам тука дневните весници! Од почеток до крај! И најтешко ми било кога ќе ме викнеше кај него и ќе почнеше: "А виде ли ти ова денеска ...". Знаете како таков почеток завршуваше - "не ми е јасно како уште не си стигнала тоа да го прочиташ!", хахаха ... Се смеам сега, но верувајте тогаш не ми беше лесно. А и срам еден да те изеде и во однос на годините и во однос на љубопитството и жедта да се знае!

На Глигоров не му се пишуваа детални белешки за средбите, како што тоа беше со некои други претседатели (привремени или избрани) со кои сум работела. На него му се даваа само напомени со факти, а се друго беше негово.

(Имаше, за разлика од него, еден друг кој беше прашан од странски претседател што мисли за смената во генералштабот во Србија, а тој само повторуваше "Very dangerous thing, very dangerous", па беше дополнително прашан од странскиот политичар "Но, Вие знаете за смената, читате весници, нели?")

Говорите на Глигоров беа друга работа. Пред секој говор претходеше средба на поширок состав соработници, на кога тој ќе изнесеше поенти кои сака да ги истакне. Потоа, некој тоа ќе го срочеше во текст, групата ќе го прегледаше неколкупати пред да оди на читање кај него, а по сите негови забелешки на текстот, тој ќе добиеше финална верзија.

Има еден момент кој особено говори колку детално приоѓаше кон се'. Работевме на неговиот говор на самитот на НАТО со кој се одбележуваше 50-годишнината од Алијансата во април 1999 година. Се одвиваше во периодот на воздушната операција на НАТО во Србија. Имаше многу чувствителни моменти и поенти што требаа да се истакнат и нашите разговори за овој текст беа и долги, и тешки, и напати спротивставени. Тој текст имаше неколку верзии, за конечно да стигнеме до една што беше прифатлива. На ден пред заминување за Вашингтон, претседателот Глигоров го немаше вратено назад текстот со одобрување. Ние, сепак, направивме и соодветни преводи за да се подготвиме, очекувајќи да направиме соодветни измени кога ќе ја добиеме финалната варијанта. Беше 9:30 вечерта пред тргнување и текстот се' уште не беше вратен од него. Имаше поенти таму за кои тој знаеше дека се потребни да се истакнат, но истовремено мислам дека имаше внатрешен конфликт со нив, меѓу тоа во што верува како човек, а што треба да прави како политичар. Оттука, и неговиот отпор. Но, тоа е друга тема!

Влегов во неговиот кабинет да прашам до каде е со читањето и да го потсетам дека заминуваме утрото во 6:30 и немаме многу време, а треба и да се пакуваме. Иритиран, ми одговори дека чита, но чита материјали што му се оставени и што треба да ги заврши пред да оди на пат. Вети, ќе се посвети на текстот.

Беше нешто по 11 часот вечерта кога ме викна назад да ми го даде текстот. Го прелистувам пред него, гледам се' е во ред и велам "Значи, ОК сме, можеме да одиме вака". Ме погледна и рече: "Не, текстот треба да се преработи. Си испуштила една запирка. А и Украина се пишува со голема буква!".

И да, се преработи! Зошто и финалната верзија ќе ја прочиташе пред да излезе на јавна сцена.

Како мина самитот? 1999 година Република Македонија беше членка на Партнерството за мир и гостин на самитот. Сепак, тој беше еден од ретките чиј говор беше цитиран од тогашниот портпарол Џејми Шеј. Единствен од сите 44 шефови на држави или влади присутни во Вашингтон, покрај британскиот премиер Тони Блер, кој беше примен во Белата Куќа од претседателот Клинтон.

Ама тоа беа некои други времиња! На лидери кои читаа се'. До последната запирка! И беа одговорни за неа!

Фото: од домашниот албум на Елеонора Каранфиловска Ратклиф од средбата на Глигоров со Бил Клинтон во Белата куќа во Вашингтон

Автор: Елеонора Каранфиловска Ратклиф - поранешен член на Кабинетот на првиот Претседател на самостојна Република Македонија, Киро Глигоров

Поставен камен темелник на Хидро Системот „Конско“ во Гевгелија

Премиерот Зоран Заев, министерот за земјоделство Николовски и фирмата изведувач од Турција денеска на свечен начин поставија камен темелник за почеток на изградбата на браната „Конско“ кај Гевгелија

Повеќе

Пресуда „Труст“: 9 години затвор и конфискација на 17 милиони евра

Сеад Кочан доби 6 години затвор, Авировиќ 3, Ватиќ е ослободен, а ќе се конфискува противправо стекнатиот имот на „Трансмет“ ДОО Скопје и „Силекс неметали СТ“ во вредност од 1,06 милијарди денари

Повеќе

Општина Гевгелија одобри 5,3 милиони денари за водоснабдување

Со буџетска интервенција од дополнителни 5.305.992 денари Општина Гевгелија ќе го доврши започнатиот проект за „Подобрување на системот за водоснабдување во Гевгелија“

Повеќе

Прекин на електроснабдувањето

Денес прекин во делот помеѓу Богданци и Гевгелија, а утре е најавен прекин во Миравци, Давидово, Петрово и Габрово

Повеќе

ОЈО покрена обвинение против градоначалникот на Ново Село

Обвинителството бара градоначалникот да остане во притвор

Повеќе

„AQUA M2“ - ЕУ проект меѓу Гевгелија и две солунски општини од Грција

Заеднички Европски еколошки проект „AQUA M2“ меѓу општините Гевгелија и општините Пеонија и во Халкидона од соседна Грција и Универзитетот Аристотел од Солун 

Повеќе

Хоризонтална сигнализација на улиците

Продолжува акцијата за урбано уредување на Гевгелија со асфалтирање на улици во градот и населените места, а од денеска и со механичко одбележување на хоризонталната сигнализација на улиците низ

Повеќе

Денес променливо облачно

Можен пороен дожд во западните и јужните делови од земјава

Повеќе

Заев: Про-руски бизнисмени плаќале за насилни протести

Премиерот Заев во интервју за „BuzzFeed News“ изјави дека про-руските бизнисмени се обидуваат да ја спречат земјата да се приклучи кон НАТО со финансирање на насилни протести

Повеќе

Неподготвеноста на фирма подизведувач ја остави Гевгелија без вода

Фирмата „АДРА“ од Куманово дошла без алат на терен, а потребната опрема ја обезбеди Пожарната од Гевгелија, па работите на терен наместо два часа, траеја 12 часа

Повеќе

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.