Топ Новости

 

Почнува европски „скрининг“ на македонското законодавство. Бидете сигурни дека ова е почеток на еден вистински пат за членство во Европската унија, без разлика што ќе ви кажат пропагандистичките јуришници. А мислам квалификуван сум да го кажам ова, бидејќи речиси 17 години работам на оваа проблематика, прво како уредник на надворешна политика на ЗУМ магазин. Потоа како раководител на сектор во Секретаријатот за европски прашања, а потоа како офицер за односи со јавност во ЕУ Инфо центарот на Делегацијата на ЕУ во Македонија.
Затоа ова денес го чувствувам како своевиден празник. Јас верувам во европската идеја за мир, прогрес и пријателство меѓу народите и во најуспешниот меѓудржавен проект во историјата на европскиот континент – Европската унија. Колку и да звучи ова банално, сепак само идејата, иако не е целосно остварена, е цивилизациски дострел.

Ова денес, значи сигурност дека Македонија ќе биде членка. Освен се разбира, ако граѓаните на еден иден референдум за членство во ЕУ (некаде околу 2025), како и референдумот за договорот со Грција, не речат ,,не”. Ако овие две работи пројдат, европската администрација, колку и да се големи политичките непознаници, е упорна, има знаење и трпеливост да го истурка процесот. Овој ненадеен скрининг е доказ, после малата политичка перипетија на самитот. Мислам дека Хан е јунак на денот.

Во Македонија, анкетите никогаш не паднале под 72 посто, а биле и 94 посто за членство во ЕУ. И не само граѓаните, сите до една политички партии во своите програми имаат напишано дека врвни приоритети им се членството во ЕУ и НАТО, сите стратешки документи на сите државни институции бележат аспирација за членство во ЕУ и НАТО. Оттаму, почеткот на преговорачкиот процес со скрининг, потврден од ЕУ и од комесарот за проширување ги доживувам како успех, па дури и личен. Бидејќи низ професионалната кариера имам вложено многу за да се оствари овој сон на Македонија.

И ве молам, ако има некој што ќе ми рече или ќе сака да ми коментира дека не сум во право, дека ова е предавство и капитулација и слично, одма нека се откаже.
Бидејќи, еве прв пат ќе кажам јавно, револтиран од официјалната политика на Грција кон мојата земја ниту еднаш не отидов во Грција во последните 12 години. И никому не му се замешав зошто тој оди. Тоа беше мој приватен личен став и отпор. Сега, бидејќи една грчка влада го признава мојот јазик и идентитет можеби и ќе одам. Прв пат и јавно ќе се пофалам дека стотици пати во прилики со странски дипломати, во Европа и во Америка, разговарав и ги убедував дека спорот е неправеден и ирационален. И повеќето се согласуваа, но креваа рамења. Тоа е мојот влог, патриотски, ако сакате. Пошто многу патриоти има деновиве.
Сега е дојдено време за национален напор, како што беше времето на одговрањето на прашалникот. Сега е време за напред, па макар референдумот за договорот и не успеал, сега е време да покажеме ентузијазам и смисол за напредок, а не тапкање во место и замајување на јавноста.

За крај едно квиз прашање – знаете колку официјални јазици има во ЕУ – 24. Сите јазици, на сите членки се официјални јазици на ЕУ. Македонскиот јазик и кирилското писмо ќе бидат официјални во заедница од околу 500 милиони луѓе. Секоја одлука на ЕУ ќе биде преведена на македонски јазик, целото законодавство на ЕУ од околу 150.000 страници ќе биде преведено на македонски. Подобра заштита на македонскиот јазик и кирилското писмо не може да се замисли, а истовремено тоа е најдоброто бетонирање на нашиот идентитет, за кој многумина се наводно загрижени. Бидете сигурни Македонија ќе ја биде.

Автор: Валентин Нешовски


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

„Дојран – Туристички бисер на Југоисточна Македонија“

Меѓународен грант од 1,5 милиони евра за општина Дојран одобри Европската

Повеќе

Опозицијата во Унгарија бара Груевски да биде екстрадиран во Македонија

Унгарските опозициски партии ја повикаа Владата на Унгарија да го уапси и брзо

Повеќе

Објавен меѓународен тендер за регулација на коритото на Сува река

Општина Гевгелија минатата недела го објави првиот меѓународен тендер во овој

Повеќе

МВР со постапка за меѓународна потерница за Груевски

Попладнево, Министерството за внатрешни работи започна постапка за распишување

Повеќе

Груевски се јави

Жив и здрав е и во Будимпешта е

Повеќе

Започна реконструкцијата на патот Гевгелија - Негорци

Од вчера на терен е градежна механизација која започна подготвителни работи за

Повеќе

Распишана потерница по Груевски

По барање на Кривичниот суд, денес МВР во 16:30 распиша потерница по екс

Повеќе

Една година локална власт во Гевгелија

Прес на градоначалникот на општина Гевгелија - Сашо Поцков за остварувањата во

Повеќе

Прва награда за гевгелиските ученици Софија и Илија на „Месецот на науката 2018“

Вториот ден од манифестацијата „Месец на науката 2018“ што се одржа во

Повеќе

Париз ја собра светската елита

 
 

 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.