Топ Новости

In memoriam - Последниот настан на Ристо Поповски

  • Среда, Јул 25 2018

 

Не можам да објаснам зошто, ама не сакам да пишувам вакви текстови, проштални слова. Можеби затоа што се опирам да и верувам на вестите за смртта, особено на оние блиските. Останав вкочанет кога Лиле (Мазова) вчераутро телефонски ми јави дека починал Ристо наш, Поповски. Како, зошто, од што? Сите прашања се бесмислени кога ќе чуеш дека на вратата на пријателот тропнала смртта.

Со Ристо Поповски се знаеме долги години, уште од ,,оние времиња”, после кои требаше да убедуваме некои непрокопсани дека определбата да бидеш ,,комуњара” не е над професијата. Ристо тоа го знаеше пред многумина од нас: беше од видна новинарска лоза, татко му Тошо Поповски беше главен уредник на ,,Нова Македонија” од нејзините златни времиња. Имаше исклучително високопрофесионална и чесна новинарска кариера: беше уредник на македонската редакција на Танјуг, беше дописник на Танјуг од Москва, ја покрена Макфакс.... Едно време работевме заедно, катадневно бевме во контакт.

Заминувањето на Ристо е, всушност, заминување на настан на кој ние доцниме и сега го чекаме неговиот телеграфски извештај или обмислен коментар за тоа како е таму, од онаа страна на животот.
Замина Ристо зацврстувајќи ни го уверувањето дека смртта, всушност, не е крај, дека смртта не го поништува делото што човек го остава зад себе. Напротив. Смртта е и извор на сеќавањата: за добрината на луѓето, во случајов на Ристо Поповски уште и за неговата задуманост и достоинственост, за неговиот професионален ентузијазам и сега, на оваа возраст.
Пак ми се врти в глава неверицата и мислата дека смртта на новинарите е тивко заминување на нов настан и дека ќе има трпение да нé причека: та, исти животни радости и маки делевме.

Автор: Ристо Лазаров 
(Во сеќавање на Ристо Поповски, големиот професионалец, кој вчера ненадејно почина во 74-та година од животот, по кратко боледување)

Во долгата и богата кариера, Поповски работел како новинар за Радио Скопје и новинската агенција Танјуг, а бил и дописник од Москва за време на историските промени на почетокот на 90-тите години.
Во 1992 година Поповски ја основал независната новинска агенција Макфакс, првата приватна новинска агенција во поранешна Југославија.
Своите новинарски ставови како коментари ги објавуваше и во неделникот Глобус и дневниот весник Слободен печат, а беше и коментатор од Македонија за Ал Џазира Балканс. Добитник е на Наградата за животно дело на Здружението на новинари на Македонија.
Поповски беше и еден од иницијаторите за основање на платформата ЦИВИЛ – Центар за слобода и голем поборник на слободата на изразувањето и медиумските слободи, демократијата и човековите права.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

24 часовна полициска заштита за осумтемина пратеници

Од МВР велат дека пратениците не побарале заштита, туку полицијата одлучила тоа

Повеќе

Премиерот на „Валандовска ракијада 2018“

Премиерот Зоран Заев заедно со лозарите од регионот со манифестацијата го

Повеќе

Заев: Задено напишавме историја

Премиерот Заев на прес-конференција по изгласувањето на постапката за уставни

Повеќе

Собранието донесе одлука за уставни измени со 80 гласови

Доцна вечерва две третини од пратениците ги поддржаа уставните измени и со тоа

Повеќе

Гевгелија и Богданци викендов без струја

Десет часовен дводневен прекин заради неопходни интервенции најавуваат од ЕВН

Повеќе

Метју Палмер во понеделник доаѓа во Македонија

Функционер на САД во дипломатска мисија пред македонското исполнување на

Повеќе

Пресудата за Груевски стаса до Кривичен

Казната затвор од 2 години потврдена од Апелација денеска пристигна во Кривичен

Повеќе

Гевгелија и околината без електрично напојување

ЕВН - КЕЦ Гевгелија за петок 19 октомври најавува нов прекин на електично

Повеќе

ПДС на САД до Мицковски: Разочарани сме од ВМРО-ДПМНЕ

Вес Мичел, Помошник државен секретар за Европа и Евроазија при Стејт

Повеќе

Ноќеска во тунелот Демир Капија-Смоквица ќе се вози по една лента

Во терминот од 23 до 00 часот ќе се вози по една сообраќајна лента, јавува

Повеќе

 
 

 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.