Топ Новости

Наместо незаслужни ловорики - Одговорност

  • Сабота, Јул 28 2018

 

Жалопојките на поранешни претставници од локалната власт, а сега опозиција, го отворија пакетот дискусии за превземените проекти и што тоа тие сработиле, односно не сработиле.

Многу бараниот, а четири години одложуваниот проект за водоснабдување со чиста вода за Гевгелија, без арсен, најавен во февруари 2014, ама без ништо превземено, па негирањето дека во водата има арсен, па обвинувањето дека граѓански активисти ги вознемируваат граѓаните со „приказните“ за штетните последици од арсенот, па се' до објавата на оглас за најдобар проект за копање на нови бунари кај Вардар - деновиве излегоа на виделина пропустите од лажните ветувања и брзоплетите одлуки на тогашните функционери од локалната власт.

Фото: Во февруари 2014 година, минатата локална и централна власт на  Прес заедно најавија копање нови бунари кај Вардар, а во мај 2014 г. (втората слика долу) на локацијата немаше ништо од градежни работи на терен, што укажува на напуштен проект, или медиумско пропагандно смирување на граѓаните за проблемот со арсенот во водата

Имено, со постојниот проект за изградба на нови бунари за водоснабдување на Гевгелија и населените места беше најавен ископ на 4 бунари со капацитет од 200 литри вода во секунда, а со проектот дознаваме дека се ископани три бунари со капацитет од 150 литри вода во секунда. Исто така, во проектот е направена техничка грешка на димензиите на бунарите, кои биле планирани со ист дијаметар како и водените пумпи кои треба да се постават во бунарите за испумпување на потребните количини вода. Исто така, направена е куќичка за трансформатор, а заборавено е да се планираат потребни средства за набавка на трансформатор и набавка и поставување на електричен кабел за довод на елекртичната енергија до водените пумпи за да истите бидат ставени во погон. Исто така, „заборавени“ се и потребни средства за доплата на ДДВ кон изведувачот, која вредност РМ и Секретаријатот за европски пректи не ја признава за странските донации, со кои се инвестира проектот за водоснабдување на Гевгелија со нови извори (бунари) за вода за пиење.

Се' на се' произлегува дека „тесно им ги скрои Франгов на гевгеличани новите бунари на Вардар“ дали со намера да направи можност за нови анекс договори со изведувачот, за исправка на овие „случајни“, или намерни фалинки во проектот и потребните средства за реализација на истиот.

Иако на социјалните мрежи се чукаат во гради сегашните опозиционери дека тоа се нивни проекти (патем за кои велеа дека се за водоснабдување со нови количини на вода за Гевгелија, а не спас од арсенот) сега бараат заслуги, за она за што всушност треба да одговараат: Зошто чекале толку години за водоснабдување со чиста вода за Гевгелија и населените места? Зошто планирале помали бунари кај кои не можат да се вградат планираните водени пумпи? Зошто планирале трафостаница без пари за набавка на трансформатор и електричен кабел за довод на напојување на водените пумпи?

За сето наведено Советот на општина Гевгелија на последната 15 седница одвои буџетски средства од локалниот буџет во вредност од 5,3 милиони денари за измена на техничкиот план, проширување на бунарите, набавка на електричен кабел за напојување, исплата на ДДВ кон странскиот изведувач.

По овие прашања свој одговор даде и градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков, на прес средба со медиумите:

- „Околу обвинувањата на локалната опозиција за водоснабдителниот систем дека се одлагаа работите на два пати, ќе речам точно е дека имаше одлагања, но тоа е заради проблеми во техничкиот дел, имаше проблеми и во финансовиот дел. Советот донесе одлука на последната седница за одвојување дополнителни 5,3 милиони денари за електричен довод и доплата на изведбените работи. Освен тоа, имаше и грешки во проектот - самите бунари беа планирани со дијаметар колку и водените пумпи и беше неможно да се постават. Правевме дополнителни преправки во проектот, дополнителни копања, поставувања, за да функционираат пумпите за вода.
Изградбата на овој водовод е со кредитно задолжување на општината за следните 13 години па се' што е задолжување на граѓаните треба да биде добро изменаџирано, за да се справиме со проблемот со арсенот и снабдувањето со чиста вода за пиење“, посочи Поцков во својот одговор на новинарско прашање на GevgelijaNet.

Линк до веста: Грешен и нецелосен проект причина за доцнењето на новите бунари кај Вардар

Бунарите се готови. Потребен е технички прием за да дотече чиста вода без арсен до домовите на гевгеличани. Веројатно наскоро црвената лента за нивно пуштање во функција ќе ја пресечат инвеститорите - локалната власт од Гевгелија која ги обезбеди средствата преку Светска Банка, преку ИПА програмата за рурален развој на ЕУ и Министерството за транспорт и врски на РМ.
А, замајувачите и одолговлечувачите на проектот, грешно проценителите, потписниците на изведбен договор со дупки во планот за реално функционирање на проектот, сигурно е дека не треба да чекаат ловорики на нивна адреса, туку покана од надлежни органи за да понесат одговорност за јавашлук од незнаење, или свесно одложување на решенијата за чиста вода за гевгеличани.

Од говорницата на Советот на општина Гевгелија, советниците побараа одговорност за јавашлукот, ревизија на проектот и што тоа екс градоначалникот потпишал, што е пропуштено во планот за градење, што не е прописно изградено, па мора да се доизгради со дополнителни пари, кои се реално ново оптеретување на буџетот, односно средствата од граѓаните.
Линк до веста: Општина Гевгелија одобри 5,3 милиони денари за водоснабдување

Наместо незаслужни ловорики, гевгелиските членови на локалниот Совет бараат одговорност. Зошто тогаш некој што треба да одговара очекува заслуги и пофалби? 

Кројачите на фалични договори и одолговлекувачите на решението за чиста вода за гевгеличани заслужуваат средба со лицето на правдата.
Гевгеличани со новобунарската чиста вода, заслужуваат и чиста вистина и правда! 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

10 декември - Светски ден на човековите права и Ден на полициска превенција

Општина Гевгелија домаќин на Свечена седница на локалните совети за превенција

Повеќе

Јавна расправа по нацрт Буџетот на Општината за 2019

Основниот финансиски документ на општина Гевгелија за наредната 2019 година е

Повеќе

Оглас за вработување на воспитувачки во градинки

МТСП на оглас бара 30 воспитувачи/ки кои ќе се вклучат во програмата за

Повеќе

Влатко Видимче нов претседател на ОО на СДСМ Гевгелија

Изборот на Видимче за претседател на Општинската организација на СДСМ е извршен

Повеќе

Протести во Белград

Под слоганот „Стоп на крвавите кошули“ вечерва започна протест во Белград пред

Повеќе

Македонија го празнува Св.Климент Охридски

8-и декември - неработен ден во чест на делата на просветителот Свети Климент

Повеќе

Проширена мрежата за јавно осветлување во Општина Богданци

Поставени се 55 нови бандери и 89 нови светилки во Богданци, Стојаково, Ѓавото

Повеќе

Се асфалтира патот Гевгелија-Негорци

Асфалтна постилка за патната делница Гевгелија-Негорци долга 6,5 километри веќе

Повеќе

60 години образовна дејност - ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Подготвена свечена културно-уметничка програма со наслов „И ние сме Мисирков“

Повеќе

Владата исплати 60,7 милиони денари финансиска помош на општина Гевгелија

Поцков: Средства во износ од 60.700.000 денари Владата на РМ одобри за

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.