Неуспехот на референдумот ќе значи крај за Македонија.
Не во некоја метафорична смисла, туку во најкатегорична смисла.
Физички крај.
Смрт.
Откачување од единствената орбита околу која можеме да се вртиме и да постоиме, без да не лапне гравитацијата на бездната или темнината на отворената вселена. Европа е единствениот контекст, орбита, култура во која е можна Македонија, откако претходно државата ги потроши сите други опции и историски контексти: Југославија, комунизмот, авторитаризмот, независноста како идеја и страст, плурализмот и демократијата, левата и десната опција, умереноста и кретенизмот, ВМРО и СДСМ, кавгите внатре и кон надвор, се'. Немаме веќе на што да се држиме. Внатрешна кохезија немаме. По неуспехот на референдумот ќе изгледае како говно на вентилатор. Како што ќе останеме и без надврешни анкери ако ја пропуштиме оваа шанса.

Ако пропадне референдумот нема да има смена на власта, освен можеби смена на последната власт и инсталација на некој ликвидатор кој ќе има задача да се грижи за стечајната маса што ќе ја оставиме и за доверителите, се разбира. По нешто ќе добијат и некои внатрешни хохштаплери и злотвори, но, тоа што се вика народ, ќе добие курац, нормално. Нема да има никакви избори. Тоа ќе биде еден голем крај.
Луѓето си прават бајрам со умот, ќе правеле подобар договор за името, ќе го бутале Заев и себе си ќе се инсталирале во власта, и така по ред, еден куп дрн, дрн јарина, за сериозни работи, затоа ви предлагам да слушнете што ќе ви каже другарот Тричковски.
Имајте предвид дека во национална и државна смисла сме давеници на кои рака им пружаат Меркел, Макрон, Трамп, целиот нормален и модерен свет, а ние како да викаме, не фала, ќе го почекаме таваришот Бачев.
Колку една нација треба да биде луда или хистеризирана за да постапува вака!?

Логиката дека преку референдумот може да се изврши радикална пресметка со Заев и со неговите политики, е кретенска и злосторничка поза. Ги наведов причините зошто мислам дека тоа е така. Тоа е како да го напаѓаш Заев на улица со скок од некој небодер, ако го погодиш со своето тело, може и да го убиеш, но тие шанси се во однос 1:0,0000000000001 отсто и тоа ако не дува ветер, додека шансите скотот да умре се милион отсто!

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Oбјавeна меѓународна потерница по Војминовски

По бегството на осудениот за обид за убиство на Зијадин Села, Никола

Повеќе

19 јануари - Неработен ден

Сабота, на Богојавление, е неработен ден за граѓаните од православната

Повеќе

ОИК Гевгелија донесе Уверенија за новите советници

Лазар Мешков и Александра Караманова од советничката листа на СДСМ одговорија

Повеќе

Гевгелискиот Совет во 2018 одржал 15 седници

Советот на општина Гевгелија во текот на 2018 година расправал за 279 акти од

Повеќе

Гевгелиjа со ветер од 75 км на час

Денеска Гевгелија одолева на ветер со јачина од 21 метар во секунда што е

Повеќе

Со субвении на Владата до евтини авио линии за граѓаните

Министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски денеска потпиша договор за

Повеќе

Вечер е Стара нова година, утре Василица

Според Јулијанскиот календар, по кој се водат православните христијани, вечер

Повеќе

11 години незаборав - Игор Ѓорески Хектор (1976-2008)

Со наклон кон паднатиот борец, Капетан Ѓорески - постхумно одликуван во воен

Повеќе

Продажба на градежни парцели за станбени објекти во Гевгелија

Општина Гевгелија објави на јавна продажба седум парцели наменети за изградба

Повеќе

Парламентот ги изгласа уставните амандмани

Со 81 гласови „за“  исполнет македонскиот дел од Преспанскиот договор

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.