Топ Новости

Ване Цветанов до Груевски: Ти си докажан монструм

  • Понеделник, Окт 08 2018

 

 

Поранешниот функционер во институционалните ешалони од времето на Груевски, Ване Цветанов со порака до бившиот премиер, како одговор на ноѓното писмо на Груевски поставено на социјалните мрежи, а во пораката се вели: „Власт и слава да заборавиш, затоа што цела држава те доживува како монструм Никола“.
Во продолжение ја пренесуваме целата порака, одговор од Цветанов до Груевски:

 

Непочитуван и недраг Никола,

После 8 години прв пат ти се обраќам директно.

Во врска со твоето јавно писмо, напишано во 3 часот по полноќ, кое што е полно со манипулации и лаги, јавно ти го кажувам следново:

1. Се чувствуваш и истоветуваш како долгогодишен водач на ВМРО. Не Никола, ти ги згази сите принципи на ВМРО, и за твоето време од ДПМНЕ создаде убиец на каузата на ВМРО. Се враќаш предалеку и вадиш паралели од времето на Михајлов и Александров, а и тој период не го знаеш добро, затоа што во исто време правеше улици и на атентатори и на жртви. Комплицираноста на тој период за тебе е претешка, и не се обидувај да вадиш работи од контекст, кои само тебе ти идат во прилог. Те чекаат долги години лежење, па ќе имаш доста време, за читање и да научиш историја. Но намерно забораваш една работа Никола. ВМРО постоела и после 1945, па се до 1990... За идејата на ВМРО многумина се осудени. Во тој период имало многу крвници на дејците и на тоа ВМРО, кое имало идеја за независна Македонија. Почнувајки од вујко ти Јордан, кој што бил соработник на КОС и предавник на родољуби, па продолжувајки со чичко ти Никола Кљусев кој во време на формирањето на државата постојано давал информации против интересите на оваа држава во штаб на КОС во куќа во Скопје, па Ѓорги Наумов и Михајло Маневски кои што како високи државни функционери во Југославија имаат обвинето, осудено и уништено многумина семејства на борци за независна Македонија од тоа време.
Со лажен патриотизам ја презеде партијата. Но за само неколку години власт, Џелатите на вистинските патриоти, и децата на џелатите на вистинските борци за Македонија, станаа дел од твоето опкружување Никола.
Кажи еден вистински пример, каде што ти помогна на семејство на маченик за Македонија од периодот 1945-1990? Нема Никола. Семејствата на вистинските патриоти или се иселени, или тонат во сиромаштија, чекајки социјална помош, која што оваа Влада ја покачи од 2500 денари, на 12000 денари... Во твое време, семејствата на патриотите гладуваа за леб Никола.
Говориш на прво место да бил општиот интерес на државата.
- Зошто ја опустоши економијата Никола?
- Зошто ти лично одбра да дозволиш мафијата да ја превземе државата?
- Зошто дозволи да процвета организираниот криминал?
-Зошто дозволи да дојдеме на дното на табелата по степен на корупција?
-Зошто дозволи да се монтираат судски процеси и уништуваат судбини?
- Зошто дозволи државата да биде заробена од тебе и твоите блиски?
- Зошто дозволи да се иселат повеќе стотици илјади млади?
- Зошто не оддалечи од ЕУ?
- Зошто не оддалечи од НАТО?
-Зошто дозволи на меѓународен план да бидеме третирани како племенска заедница?
- Зошто ги наруши односите со сите соседи освен со Дачич и Вучич? Или тие се традиционалните партнери на екипата на Кљусев, Наумов и Маневски, па само ја продолжи "патриотската" дружба?
Никола, 10 години беше Премиер.
12 Години со Македонија раководеше партијата со која ти владееше.
ТИ НЕМАШ НИТУ ЛЕГИТИМИТЕТ, НИТУ ОБРАЗ ДА ГОВОРИШ ЗА ИНТЕРЕСИ НА ДРЖАВАТА. ТИ ГИ ПОТКОПА СИТЕ ТЕМЕЛИ НА ДРЖАВАТА, И ЈА ВРАТИ НАНАЗАД СО ДЕЦЕНИИ.

2. Се согласувам со тебе во вториот дел од твоето писмо каде што велиш:
На власт се доаѓа и се заминува. Во затвор се влегува и излегува. Пари се печалат и се трошат. А политичка подршка се добива и се губи. Но достоинството кога се губи, се губи засекогаш...
Па БРАВО Никола!
Па токму така!
Па ова беше последната порака која што ти ја напишав јас лично пред да си ја дадам оставката од функција!
Точно тоа ти го напишав, но и покрај тоа што тогаш ТИ и ТВОЕТО ЕГО бевте најголеми, свесен за сиот пекол што ми следи ти напишав: МОЖЕШ ДА МИ ЗЕМЕШ СЕ, НО ОБРАЗОТ НЕМА ДА ТИ ГО ДАДАМ!
И ете Никола. Твојата банда ми зеде се, ме уништи финансиски и мене и моето семејство, и ме затворивте, и ме направивте Шпион со сила... Но ете, излезен сум од одамна, се обидувам да започнам да враќам финансиски долгови натрупани од твоето време, кога тргнавте да ме сотрувате, а јавноста веќе знае дека сум бил дел од политички монтиран процес... Лека полека застанувам на нозе...
Прашањето е каде си ти Никола?
Имаш милијарди... Но ќе ти ги земат Никола...
Ќе си лежиш, да, но за направени гревови Никола, не на права душа.
Власт и слава да заборавиш, затоа што цела драва те доживува како монструм Никола.
Ти си докажан монструм.
И немој да извртуваш дека тие што те гонат биле полни со омраза кон тебе. Не никола, те гонат многу анемично, фино, културно, и многу бавно.
Да бев јас на некоја позиција каде што се има моќ и овластувања за гонење, ќе видеше како се гони вистински.
Досега ќе беа документирани сите твои гадости монструме.
Лесно е да глумиш херој и жртва со милијарди по сметки, и со купишта недвижности. Ти не знаеш низ што поминував јас додека бев предмет на прогон на твоите служби... Сум го рекол тоа на многу места сега и јавно ќе ти го кажам: Притворот, и процесот Шпион ви го опростувам, затоа што бев свесен дека ќе ме наместиш на таква работа затоа што си чудовиште.
Но тоа што економски ме срозивте, и што од мене, здрав и прав направивте просјак кој што моли за 100 денари НИКОГАШ НЕМА ДА ВИ ГО ПРОСТАМ. Никогаш нема да простам, што твоите служби одеа позади мене и ми го уништуваа секој бизнис, а потоа одеа по приватни фирми кои сакаа да ми дадат работа за чесно да си заработувам, но им се закануваа со уништување, доколку не ме земат на работа. Ме донесе на ниво да аплицирам и за општ работник, но и таму вршевте притисоци Никола. Е ТОА НИКОГАШ НЕМА ДА ВИ ГО ПРОСТАМ!
Ти додека си внатре, нема да се секираш дали твоте сакани имаат доволно храна за нив, а мораат да ти испраќаат и тебе. Ти ќе јадеш најскапа храна, а ќе спиеш мирно затоа што ќе знаеш дека твоите се на безбедно. Имаат и кров и храна и многу пари. Без разлика што се многу крвави пари, ти немаш совест ни свест да го разбереш тоа...

Го цитираш Ниче. познавајки те, некој друг ти сугерирал, немаш ти длабочина за филозофија. Но освен историја, ќе имаш време да читаш и филозофија Никола. Можеш да читаш се, но не сум сигурен дека можеш да се пронајдеш самиот себе, бидејки си покриен со илјадници маски па ни сам не знаеш веќе кој си.

Еве еден совет од срце. Човечки, затоа што сум човек, а не Говедото, како што обожаваше да ме нарекуваш позади мој грб...
Господ ти дава шанса Никола. Времето зад решетки е шанса.
Моли се на бога, клечи и моли се, моли се по цел ден, да ти ги опрости гревовите Никола.
Затоа што казните со кои се соочуваш овде, се ништо во однос со казните кои те чекаат пред Божјиот суд.
Ти уништи стотици илјадници судбини...
Ти уништи држава...
Ти уништи иднина на генерации...
Моли се на Бога Никола.
Друго немаш Никола, образот од многу одамна го немаш!

Со непочит,

Ване Цветанов

 

Media


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

10 декември - Светски ден на човековите права и Ден на полициска превенција

Општина Гевгелија домаќин на Свечена седница на локалните совети за превенција

Повеќе

Јавна расправа по нацрт Буџетот на Општината за 2019

Основниот финансиски документ на општина Гевгелија за наредната 2019 година е

Повеќе

Оглас за вработување на воспитувачки во градинки

МТСП на оглас бара 30 воспитувачи/ки кои ќе се вклучат во програмата за

Повеќе

Влатко Видимче нов претседател на ОО на СДСМ Гевгелија

Изборот на Видимче за претседател на Општинската организација на СДСМ е извршен

Повеќе

Протести во Белград

Под слоганот „Стоп на крвавите кошули“ вечерва започна протест во Белград пред

Повеќе

Македонија го празнува Св.Климент Охридски

8-и декември - неработен ден во чест на делата на просветителот Свети Климент

Повеќе

Проширена мрежата за јавно осветлување во Општина Богданци

Поставени се 55 нови бандери и 89 нови светилки во Богданци, Стојаково, Ѓавото

Повеќе

Се асфалтира патот Гевгелија-Негорци

Асфалтна постилка за патната делница Гевгелија-Негорци долга 6,5 километри веќе

Повеќе

60 години образовна дејност - ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Подготвена свечена културно-уметничка програма со наслов „И ние сме Мисирков“

Повеќе

Владата исплати 60,7 милиони денари финансиска помош на општина Гевгелија

Поцков: Средства во износ од 60.700.000 денари Владата на РМ одобри за

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.