Теории за бегството на Груевски

  • Сабота, Ное 17 2018

 

 

Аналитичарите предупредија: Се' додека МВР не излезе со официјално соопштение за извршената анализа како Груевски ја напуштил државата, медиумите ќе истражуваат и ќе не' известуваат. Па работите ќе одат од Фејсбук кометар, до унгарски азил, албанска граница, српски пасош, облечен во женско, прелетал со авион што го користел Орбан, вмешани белоруски дипломати.

Каша попара е работава додека не се лоцира вистинската рута на бегството на Груевски и локацијата на местото каде се наоѓа,

До тогаш, унгарските власти велат дека не дават изјави додека ги подготвуваат документите на барателите на азил, Орбан се јавува дека ниту Унгарија ниту  унгарските власти му помогнале на Груевски да ја напушти Македонија, бугарските медиуми пишуваат дека Груевски веќе ја напуштил Унгарија кон една од можните дестинации - Русија, или Турција.

„Груевски го шетаат како тепихот на Баба Зумбила“ коментираат твитерџиите.

 

 

 

Постои ли белоруска врска во бегството на Груевски, повеќе унгарски медиуми пренесуваат изјава на добро информиран дипломат кој тврди дека според дипломатските таблички на бројот 55, со една таква кола бил носен поранешниот македонски премиер, е всушност автомобил на белоруски дипломатски претставништва. Дипломатот го наведува тоа затоа што бројката 55 на дипломатските таблички е број резервиран за белоруски дипломатски возила. Ова е само една од многубројните приказни кои се плетат во Будимпешта откако надлежните ги затворија сите извори на информации поврзани со македонскиот барател на азил, кој во Македонија е осуден на две години затвор.

Во меѓувреме, низ социјалните мрежи се плетат вицеви до каде стасал Груевски со своето бегство.

 

Media


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Дојран на 38-от меѓународен саем за туризам во Белград

Општина Дојран и тамошните угостители годинава  од 21 до 24 февруари се

Повеќе

Два инциденти во Затворот Шутка

Притворените екс министри Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски денеска во

Повеќе

Груевски ја ставил партијата во функција на настаните од 27 април

ОЈО: Осомничениот Н.Г. како тогашен претседател на политичка партија преку

Повеќе

Манчевски: Да се повлечат блиските на функционерите и од власта и од опозицијата

Ургентно решение за надминување на проблемот со непотизам при вработувањата е

Повеќе

ОЈО ги сомничи Груевски и Вељановски за Крвавиот четврток

Вељаноски и Груевски - осомничени за терористичко загрозување на уставниот

Повеќе

„Антикоцкање“ бара дислокација на казината и обложувалниците

Владата ќе го разгледува барањето на граѓанското движење за дислокација на

Повеќе

Со 60,6 милиони денари Општина Гевгелија ќе ги раздолжува наследените долгови

Буџетска дотација од Владата на Македонија за раздолжување на наследените

Повеќе

Граѓанскиот сектор со буџетска поддршка за 2019

Шеснаесет граѓански организации ќе добијат буџетска дотација во вредност од

Повеќе

Продолжуваат изведбените работи на патот Гевгелија-Негорци

Механизацијата на изведувачот „Жикол“ е на терен за гребење на асфалтот од

Повеќе

Бензинот поскапува, дизелот не

Регулаторна одлучи - од ноќеска поскапува бензинот

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.