Не, воа јадење по ништо не е интересно, обично, просто јадење, ако не ме врзува за него една ногу убава случка!

Вака беше: кога работев у кујната у “Партизан” у Дојран, ми најави газдата дека ќе стигнат на седумдневен одмор деца со посебни потреби од Неготино. Триесетина деца, рече, па ти планирај!

Добро!

Кога ми рече деца со посебни потреби, јас се фокусирав на тоа “деца” бидејќи посебните потреби, за мене не значат ништо посебно, деца си се деца!

Меѓутоа, кога стигнаа, тоа воопшто не беа деца, туку возрасни луѓе, за кои шо до ден денеска не знам зошто викаат “деца” ?! Ама ни тоа не ми беше муабетот. Сакам да речам, дека тие “деца” беа најдисциплинираните гости, шо некогаш сум ги имала у цела моја готвачка кариера! Додека другите викаа, цркаа, па се пренамагаа, сакам ова, има ли она, луто-благо…пих! Овие, наредени во ред двајца по двајца, измиени, исчешлани, дотерани, мирни, стрпливо чекаа ред да си ја земат порцијата, па ќе седнеа, ќе изедеа се, и ќе ги вратеа дисковите малтене исчистени! Никаков приговор за храната-ништо!

Еден ден, за ручек им го направив ова јадење, париска пилешка, ориз, малку сос со печурки и салата. Сигурно сум им го направила многу слатко, шо кога завршија со јадењето, само шо се појавив од зад пултот, некој рече, „еве ја готвачката“, и спонтано падна еден долг аплауз, наменет за мене.

Ја прво се збунив, не знаев шо се случува уствари, кога застанаа у ред и еден по еден се поздравуваа со мене, и ми бакнуваа рака, со зборовите:

- „Тетке, раците да ти се позлатат!

Ама баш сите!

Ја почнав у исто време и да плачам и да се смеам, да плачам од бес, гледајќи ја неправдата шо им се случила у животот, а се смеев оти ми викаа тетке, а они беа скоро моја генерација, некои дури и постари. Хахах теткините!

И тој ден ќе го памтам цел живот!

И секогаш кога си го правам за мене ова јадење, затоа шо ми е едно од омилените јадениња, ми текнува на тој ден!

Деца со посебни потреби, хммм!

Познавам “деца” шо сум ги ранела со најголема љубов, за на крајот да ми ги кажат најлошите навреди и зборови! А не се со посебни потреби!

'бем ти живот!

 

Напишано од Бо Барбов

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Министерот Спасовски и вицепремиерот Османи во Гевгелија

Спасовски: Полицијата успешно се справува со илегалните миграции и

Повеќе

Патот Гевгелија-Негорци пред завршница

Во тек е гребање на последниот километар од стариот асфалт до центарот на

Повеќе

Sky хотел и казино бара работници

Активен оглас за вработување на 14 работни позиции за правен субјект со седиште

Повеќе

Велин Стојменов - нов претседател на Здружението на пензионери за Гевгелија

На вчерашното изборно Собрание на општинското Здружение на пензионери за

Повеќе

Прес на ЛДП Гевгелија

ВИДЕО: Итна измена на законите за финансирање на општините! (Ручкоманов)

Повеќе

Пендаровски на Трибина со младите од Гевгелија: „Придобивки - НАТО и ЕУ“

„Мојот став е влез во ЕУ и НАТО е преку институциите во државата со

Повеќе

Денеска е пролетна рамноденица

Рамноденица — деноноќието кога должината на денот и ноќта се исти. Денеска

Повеќе

Тридневен прекин во електроснабдувањето во Богданци

ЕВН - КЕЦ Гевгелија најави прекин во електроснабдувањето за утре среда 20 март,

Повеќе

Интегриран план за локален развој на општина Богданци до 2022

Во тек е 10 дневна јавна расправа за локалниот развој на Богданци 

Повеќе

Кина одбила барање на грчка компанија да го користи терминот „македонски“

Образложение - потребна е дозвола од соседната земја за користење на терминот

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.