Заев и Ципрас: Крај на една историска осаменост

  • Недела, Јан 27 2019

 

 

Сакаме повторно парламентарни избори, сакаме нови избори. Тоа е се што сакаме и што знаеме да сториме во овој живот.

Всушност, сакаме нови избори да се одржуваат секој ден. А ако овој експеримент се покаже како успешен проект, може да се размислува и за нови избори кои би се одржувале неколку пати во текот на денот. До крајот на нашиот живот, сакаме непрегледен број на избори.

Сакаме не само на изборите, сакаме секојдневно да не престанеме да зборуваме за историјата и траумите кои ни ги создале соседите, сакаме Ципрас, и не само тој, секојдневно да ни оддава признанија која е нашата вистинска историја, и не само преку примерот со Мирка Гинова, сакаме и во следните векови да продолжиме да зборуваме за нашата историја, за страдањата, за окупациите, за преселбите, за ѕверствата низ војните кои се правеле на оваа територија, сакаме да не престанеме да зборуваме за историските порази, затоа што досега покажавме дека само тоа го знаеме.

Но тогаш, кога ќе почнеме да се осврнуваме околу себе и тогаш кога ќе осознаеме дека постои и друг свет освен нашиот, кога ќе престанеме со ламентациите за историјата која ни ја уништила иднината, тогаш ќе излеземе од мртовечницата која ја носи опсесијата со историјата.

Само тогаш ќе станеме подговени на светот да му покажеме дека сме способни и за поголеми и повеличенствени дела, освен она што досега нудевме- секојдневни нарицања и липања за историските факти, тези и промашувања кои не следат низ животот, како генерациски товар од кој не можеме да се оттргнеме. Само тогаш, кога навистина ќе му докажеме на светот дека можеме и умееме нешто повеќе од величењето и вечното докажување на сопствената губитничка историја, тогаш кога ќе станеме подготвени да се натпреваруваме со светот со научни и други вредни дела. Тогаш, кога ќе престанеме да се гледаме како вечни жртви низ призмата на траумите со кои историјата не жигосала и заради што не можеме да успееме во ниту едно друго поле, освен историските стапици, кои самите си ги поставуваме.

Заев и Ципрас како вистински лидери го направија првиот чекор, да стават крај на теророт кои сами си го приредувавме, ние, тие, тука во Македонија, таму во Грција. Големите лидери секогаш остануваат сами, доколку не се разбере дека ставањето крај на историските неправди значи еден од начините за почеток на иднината. Ниту едни избори тоа нема да ни го донесат, тој нов живот, ако не знаеме подоцна што со него, како во него, по ѓаволите.

Автор: Билјана Секуловска
Извор: Нова ТВ

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Дојран на 38-от меѓународен саем за туризам во Белград

Општина Дојран и тамошните угостители годинава  од 21 до 24 февруари се

Повеќе

Два инциденти во Затворот Шутка

Притворените екс министри Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски денеска во

Повеќе

Груевски ја ставил партијата во функција на настаните од 27 април

ОЈО: Осомничениот Н.Г. како тогашен претседател на политичка партија преку

Повеќе

Манчевски: Да се повлечат блиските на функционерите и од власта и од опозицијата

Ургентно решение за надминување на проблемот со непотизам при вработувањата е

Повеќе

ОЈО ги сомничи Груевски и Вељановски за Крвавиот четврток

Вељаноски и Груевски - осомничени за терористичко загрозување на уставниот

Повеќе

„Антикоцкање“ бара дислокација на казината и обложувалниците

Владата ќе го разгледува барањето на граѓанското движење за дислокација на

Повеќе

Со 60,6 милиони денари Општина Гевгелија ќе ги раздолжува наследените долгови

Буџетска дотација од Владата на Македонија за раздолжување на наследените

Повеќе

Граѓанскиот сектор со буџетска поддршка за 2019

Шеснаесет граѓански организации ќе добијат буџетска дотација во вредност од

Повеќе

Продолжуваат изведбените работи на патот Гевгелија-Негорци

Механизацијата на изведувачот „Жикол“ е на терен за гребење на асфалтот од

Повеќе

Бензинот поскапува, дизелот не

Регулаторна одлучи - од ноќеска поскапува бензинот

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.