Одбивам да славам 8-ми март

  • Четврток, Мар 07 2019

 

 

За маргинализираните жени во општеството, за мобингот врз жените, за социјална и економска независност, за достоинство и почит кое треба да биде присутно постојано, а не само еден ден во годината - пишува Моника Талеска

За два дена е „8 Март“, Меѓународен ден на жената! И за овој празник, ќе подарам цвеќе на две најпрекрасни жени во мојот живот, двете мајки, едната биолошка, другата духовно ме порасна. И двете се хероини во мојот живот!
И никому натаму- ништо!
И не сакам да примам подароци. Одбивам да присуствувам на изветвени настани со нов фустан и свежо средена фризура. Зашто не знам што да славам?
-Порастот на семејното насилство?
-Отсуството на свесност дека и мажот треба да мие садови и да знае да ја вклучи машината за перење?
-Отсуството на самопочит на жената - мајка, чијшто партнер и подарува само на „8 Март“ и ја изнесува на вечера, оти ручекот е време за „чајанка“?
-Да славам тоа што ќерките и синовите ни се без работа, тоа што се уште масовно заминуваат во странство?
-Тоа што се уште има жени кои перат рачно, без машини за перење?
-Тоа што се уште има мајки коишто своите деца ги пуштаат да питачат, да се проституираат?
-Тоа што наставничките и професорките се уште не излегоа со „забрана“ да им се подарува на „8 Март“?
-Што да славам?
Славам секогаш кога сум со сакана личност!
Славам секој ден, кога со љубов ми е полно срцето!
Секој ден кога сонце ми ја огрева душата, полна со благодарност кон универзумот за ова земско искуство!
Славам секогаш кога ќе ги видам здрави и живи, сите мои најмили!
Славам кога ќе видам убаво згрижено дете со своите родители!
Славам кога ќе видам стари луѓе сместени во институции кадешто добиваат соодветна грижа, иако најмилите ги оставиле одамна!
Славам ... убавини, радости, среќа, здравје, но не и празни, изнасилени дружби без есенција!

Не прифаќам и натаму да се трошат државни и синдикални пари за чајанки, и други подароци.
Многу гладни, боси, голи има во општеството!
Свесноста и совесноста да ја подигнеме на повисоко ниво, а не да тонеме во медиокритетство и простотија!

Овој „8 Март“ се надевам дека ќе најдам соодветна реализација за општествена хуманост и почит на маргинализираните жени во општеството!
Нека продолжи битката против мобинг врз жената, за нејзина социјална и економска независност, за достоинство и почит во општеството!


Автор: Моника Талеска, новинар

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Sky хотел и казино бара работници

Активен оглас за вработување на 14 работни позиции за правен субјект со седиште

Повеќе

Велин Стојменов - нов претседател на Здружението на пензионери за Гевгелија

На вчерашното изборно Собрание на општинското Здружение на пензионери за

Повеќе

Прес на ЛДП Гевгелија

ВИДЕО: Итна измена на законите за финансирање на општините! (Ручкоманов)

Повеќе

Пендаровски на Трибина со младите од Гевгелија: „Придобивки - НАТО и ЕУ“

„Мојот став е влез во ЕУ и НАТО е преку институциите во државата со

Повеќе

Денеска е пролетна рамноденица

Рамноденица — деноноќието кога должината на денот и ноќта се исти. Денеска

Повеќе

Тридневен прекин во електроснабдувањето во Богданци

ЕВН - КЕЦ Гевгелија најави прекин во електроснабдувањето за утре среда 20 март,

Повеќе

Интегриран план за локален развој на општина Богданци до 2022

Во тек е 10 дневна јавна расправа за локалниот развој на Богданци 

Повеќе

Кина одбила барање на грчка компанија да го користи терминот „македонски“

Образложение - потребна е дозвола од соседната земја за користење на терминот

Повеќе

Уапсен екс градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакомовски

За Јакимовски и двајца од Општина Карпош ОЈО ќе бара притвор, осомничени се

Повеќе

Директни летови на „Визер“ од Охрид за Малме и Милано

Од денеска стартуваа првите летови на нововоспоставените директни линии што ги

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.