Апликацијата „МојДДВ“ до сега ја симнале близу 58.000 граѓани

Петок, 05 Јули 2019

За четири дена од почетокот на примената на апликацијата „МојДДВ“, од 1 јули заклучно со утрово, вкупно 57.973 корисници ја симнале од веб-страницата на УЈП, информираше директорката Сања Лукаревска.

За истиот период биле прочитани вкупно 433.204 сметки за остварен промет во вредност од околу 240.978.000 денари, со околу седум милиони денари поврат на ДДВ или близу 120 илјади евра.

Според Лукаревска, мерката веќе ги дава првите посакувани ефекти од нејзината примена во однос на издавањето фискални сметки и справувањето со сивата економија.

Единствен проблем, додаде таа, во моментов околу примената на апликацијата е што таа не може да ја симнат корисниците на „ајфон“. Во врска со ова, појасни дека уште на 25 мај годинава од страна на УЈП било контактирано претставништвото на „Епл стор“ за барање одобрение оваа апликација да биде ставена на нивниот сајт. Но, заради рестриктивните и строги правила на „Епл“, се одолговлекла оваа постапка.

Од УЈП посочуваат дека во изминативе неколку денови примиле и голем број пријави од граѓаните на линијата 198 за пријавување неправилности за тоа каде се не им се издаваат фискални сметки. За овие пријави од УЈП најавија дека ќе бидат испратени на терен нивни екипи за да се изврши проверка на работата на тие субјекти.


Last modified on Петок, 05 Јули 2019 - 18:20

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Стојачани го развиорија МК знамето на Кинескиот ѕид

По дваесет дневно патешествие двајцата автомобилисти авантуристи од

Повеќе

Прекинот на струја за викендот ОДЛОЖЕН

Од ЕВН КЕЦ Гевгелија известуваат дека најавените работи за модернизација на

Повеќе

Деца од Гевгелија на бесплатен одмор во Струга

Во организација на Министерството за труд и социјала, а во соработка со

Повеќе

Асфалтирање на улични краци во Миравци и Давидово

Улицата „Климент Охридски“ во Миравци од вчера е во работна атмосфера. Се

Повеќе

Во сабота без струја Гевгелија и 11 населени места


Поради работа на реконструкција и модернизирање на електродистрибутивната мрежа

Повеќе

Обнова на хоризонталната сигнализација на улиците во Гевгелија

Од денеска на главните сообраќајници во Гевгелија работници на фирмата „Виа

Повеќе

30 дневен притвор за Боки 13 и Кичеец

Барањето на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е

Повеќе

Шефицата на СЈО, Катица Јанева, поднесе оставка

Шефицата на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, поднесе оставка.

Повеќе

МНР: Нема настрадани македонски државјани во невремето на Халкидики

Согласно комуникацијата остварена со надлежните служби, Генералниот конзулат на

Повеќе

Бесплатен одмор во Струга за 700 деца од семејства во социјален ризик

Околу 700 деца и нивни придружници од семејства во социјален ризик од цела

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.