Топ Новости

Мој ДДВ награди 15 граѓани со по 100.000 денари

Среда, 08 Јануари 2020

Најсреќните 15 граѓани кои од 15 до 31 декември лани скенирале фискални сметки, ден пред Божиќ добија по 100.000 денари на одржаното јавно извлекување на Канал 5 ТВ.
Во првото коло на наградната игра МојДДВ #МојаНаграда учествуваа 132.261 граѓанин, коишто скенирале вкупно 5.398.855 сметки. Ова беше прво од 12 месечни извлекувања на 15 награди од 100.000 денари, со електронски генератор по случаен избор.
Шест од наградените се од Скопје, по двајца од Штип и Велес, и по еден награден од Кавадарци, Кочани, Битола, Велес, Вевчани и Крива Паланка.

По почетокот на МојДДВ #МојаНаграда, во декември се зголемија бројот на скенирани сметки и наплатениот ДДВ во однос на претходниот месечен просек од јули до ноември. Така на пример во декември бројот на скенирани сметки е за 53% повисок во однос претходниот месечен просек, додека наплатениот ДДВ од фискалните сметки е за 59% повисок.

Најмногу сметки на дневно ниво биле скенирани на 31 декември или 559.417 сметки. Тоа е двојно повеќе од просечното дневно скенирање на сметки, сметано од 1 јули. Дента пред новогодишната ноќ бил направен промет од 311.715.569 денари или повеќе од 5 милиони евра, за кој бил наплатен ДДВ во износ над 530 илјади евра. Само за скенираните сметки на ден пред Новата година, граѓаните ќе добијат поврат на ДДВ од 15 проценти во износ од 80.000 евра.

Граѓаните кои учествуваат во наградната игра МојДДВ #Моја награда не само што имаат можност да добијат една од 3.852 парични награди, со вкупен фонд од половина милион евра, туку и секои три месеци добиваат поврат на ДДВ и, што е најважно, придонесуваат во борбата против сивата економија, известуваат од Министерството за финансии преку кој се води овој проект на повраток на ДДВ до граѓаните и наградување.

 

Last modified on Среда, 08 Јануари 2020 - 21:47

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Од коронавирусот во Кина починале 56 лица, епидемијата се забрзува

Здравствените власти на Кина денеска соопштија дека кај 1975 лица е потврдена

Повеќе

Царинската управа додели Благодарници на гевгелиски фирми

По повод светскиот ден на царината, директорот на Царинската управа Ѓоко

Повеќе

Се гради нова канализациона линија во Негорци и замена на дотраените водоводни

Јавното комунално претпријатие во Гевгелија, „Комуналец“ деновиве ја превзема

Повеќе

Формирана Комисија за здравство и социјални работи при Здружението на

Гевгелиското Здружение на пензионери ќе помага на своите членови преку прграма

Повеќе

Водовод и канализација за станбените објекти на Караорман

Најновата и растечка урбана зона во Гевгелија, населбата Караорман со години е

Повеќе

Лишен од слобода 68 годишен жител на Богородица

Ова е втор случај годинава жител на Богородица да биде лишен од слобода поради

Повеќе

Шпанија со итен протокол за ратификација на членство на Македонија во НАТО

Владата на Шпанија вчера го одобри и го достави на усвојување во Паралментот

Повеќе

Прес СДСМ Гевгелија: Вложувањето во образованието е најдобрата инвестиција

Претставникот во Советот на општината од редовите на СДСМ и коалицијата, кој

Повеќе

Ново невреме во Австралија - врнежи од град, после поплавите и пожарите

Само ден по песочната бура на југоистокот од Австралија се истурил силен град

Повеќе

Чесниот крст во Гевгелија го понесе Љупчо Трајков

Љупчо Трајков (30 годишен) од Гевгелија и годинава како и лани е најсреќниот

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.