Топ Новости
Билборд кампања - Понеделник, 06 Јули 2020 15:42

Дојран се подготвува за ваучер туризам

Понеделник, 22 Јуни 2020

Со мерките за популаризација на домашниот туризам поради ковид состојбите и користењето на ваучерите за туризам заинтересирани се и дојранските туристичко-сместувачки капацитети да ги примат гостите со туристички ваучер картички.

Градоначалникот на општина Дојран Анго Ангов, за утре, вторник 23 јуни, најави работна посета на директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски. На средбата ќе се презентира начинот на користење на туристичките ваучери, но пред се' ќе се потенцираат протоколите и начинот на работа во услови на пандемија, така што многуте дилеми на туристичките работници ќе бидат разјаснети на утрешната посета на Јаневски на Дојран.

Инаку капацитетите за сместување на гости и туристи во Дојран вообичаено се подготвени за туристичката сезона со почетокот на летото. Хотелиерите се секогаш спремни за старт и ги чекаат најавите за резервации. Но, велат, засега телефоните онемеа со корона епидемијата, а посетителите се само на викенд и дневна основа. Започнаа угостителските понуди, но и тие се со преполовен капацитет за прием на гости согласно протоколите за работа на угостителите.

Домашните туристи кои ќе одберат овде да поминат дел од годишниот одмор и да го искористат ваучерот за туризам ги очекуваат следните познати цени на хотелиерите и приватните иматели на сместувачки капацитети:

Најстариот хотел „полин“ во Стар Дојран нуди ноќевање со појадок за 1.000 денари по лице, а полниот пансион чини 1.400 денари. Во хотел „Истатов“ во Нов Дојран цената за сместување со појадок во двокреветна соба е 1.600 денари (по 800 за 1 лице), за полупансион 1.200 и за полн пансион 1.400 денари по човек. Во хотел „Романтик” во центарот на Стар Дојран соба за двајца со појадок чини 3.140 денари, а за секое дополнително јадење (ручек, вечера) се наплаќа по 390 денари за лице.

Кај приватните сместувачки капацитети, цената на апартман за една вечер изнесува од 1.000 до 1.200 денари, а единечно сместување по лице кај регистрираните издавачи изнесува 300 денари.
Во сите хотели, приватни сместувачки капацитети и угостителски објекти строго ќе се применуваат мерките за заштита од Ковид-19, примена на дезинфекциони средства, раздалеченост на асталите, послужувањето на гостите поединечно на маса, без традиционалното самопослужување т.н. „шведска маса”.

Општата оценка е дека Дојран во јули ќе има „ваучерски туризам” затоа што најмногу за условите за летување се распрашувале гости кои ќе употребуваат туристички ваучери и дека секогаш главната сезона, или шпицот, бил средината на јули, заедно со шпицот во август и првата половина од септември, кога најбројни се пензионерите и младите семејства со мали деца без обврска да се грижат да побрзат за почеток на учебната година да се вратат дома. Во август цветат лековитите алги, езерото и воздухот се полни со јод, благодорен и исцелителен за човековиот организам. Дојран е спремен за своите редовни вљубеници и нови гости, туристи.

 

Last modified on Понеделник, 22 Јуни 2020 - 03:13

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Ципрас: Прогресивното поглавје може да продолжи само со Заев, лидер кој гледа

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, чиј потпис стои на Преспанскиот

Повеќе

Откриени 211 мигранти кај Гевгелија, приведен возачот

Од МВР денеска јавуваат за уште еден обид за нелегален превоз на мигранти низ

Повеќе

Билборд кампања

Предвремените парламетарни избори во услови на корона епидемија наложија

Повеќе

Костадинова: СДСМ и „Можеме“ со конкретни мерки за поддршка на младите

Кандидатката за пратеник на СДСМ и коалицијата „Можеме“, Марија Костадинова, со

Повеќе

Грција нема да ги прима српските туристи

Грција од утре наутро (06.07.2020 понеделник) во 6 часот ги затвора границите

Повеќе

Анкета на НДИ: Заев со речиси двојна предност пред Мицкоски

Коалицијата „Можеме“ која ја предводи СДСМ е во предност пред коалицијата на

Повеќе

Уапсена гевгеличанката Накова - позитивна на Ковид-19

Вчера попладне е уапсена Александра Накова Гајдаџиев од страна на припадници на

Повеќе

Благодарница од Владата на семејсвото Диневи - првиот донор на срце

Денеска во Владата доделени се благодарници за историскиот подвиг на сите оние

Повеќе

Заев: Македонскиот јазик станува дел од големото европско семејство

- „Македонскиот јазик е наведен како јазик на кој треба да се преведе

Повеќе

Марија Костадинова: Чест ми е да бидам кандидат за пратеник од победничката

Кандидатката за пратеник од СДСМ и коалицијата „Можеме“, Марија Костадинова од

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.