Топ Новости

„Антиказино“ бара објектите за игри на среќа да бидат надвор од населените места

Среда, 03 Јули 2019

Со кампања граѓаните од „Движењето против коцкање“ сами ќе укажуваат на негативните последици од игрите на среќа. Оваа граѓанско движење „Антиказино“ од Тетово во очекување на втората јавна расправа за измени во законот за игри на среќа собра 52 потписи од влијателни општествени личности од градот и изработи видео спот со цел да укаже на јавноста на потребата за попрецизно регулирање на оваа сфера поради негативниот ефект во општеството.

Барањата на Движењето се објектите каде се приредуваат игри на среќа да бидат 3 километри надвор од населените места градовите, да се одвојува пет отсто од буџетот од игрите на среќа за реновирање на објекти од јавен интерес, како и да се направи национална стратегија за едукација околу опасностите кои ги предизвикува коцкањето.

– Со овие 52 потписи сакаме да укажеме дека имаме широка поддршка во нашите барања за интервенции во законот и оддалечување на објектите од образовните установи. Добивме потписи од сите директори на училишта во Тетово, верските лица од МЦП и ИВЗ, претставници на Универзитети и други. Сметаме дека е во интерес на општеството овие објекти за игри на среќа да бидат надвор од населените места, вели Џемал Абдиу од Движењето.

Во видео спотот во кој учествува актерот Музафер Етеми главната порака е дека претежно децата се тие кои страдаат поради коцкањето на возрасните.

– Игрите на среќа според нас се рак на општеството, тие предизвикуваат негативни појави во семејствата, а поради тоа што се наоѓаат во близина на училишта се кршат етички принципи во едукативно-образовниот систем. Штетата на овој бизнис е поголема од добивката на индивидуален и групен интерес, смета Абдиу.

Првата јавна расправа во Собранието се одржа на 13 јуни, а во скоро време треба да има и уште една каде граѓанските организации ќе имаат можност да укажат на потребите за измени и дополнување во законот.

 

Last modified on Среда, 03 Јули 2019 - 11:29

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Тролски фарми од Македонија и Филипините ја туркаа дезинформацијата за

Еден од најголемите издавачи на дезинформации за коронавирус на Фејсбук е

Повеќе

Ќе има ли нова вонредна состојба?

Нови 52 заболени од Ковид-19 за изминатите 24 часа, непочитување на мерките за

Повеќе

Бетонирана улицата „Деко Ковачев“ во Гевгелија

Уличниот крак од улицата „Деко Ковачев“- Гевгелија, во должина од околу 300

Повеќе

Почувствуван земјотрес во југот од Македонија

Тектонско придвижување на земјиното тло вечерва во 22:55 часот почувствуваа

Повеќе

Во чест на Спасовден - заштитникот на Гевгелија

Денеска е Св. Спас - заштитник и спасител на луѓето, заштитник на Гевгелија.

Повеќе

Од денеска се отвараат рестораните и кафетериите за посетителите

Од 28 мај после речиси двеиполмесечен прекин на дејноста поради корона кризата,

Повеќе

Намалени комуналните такси за даночните обврзници од Општина Гевгелија

Советот на Општина Гевгелија на денеска одржаната 45-та редовна седница донесе

Повеќе

Пензионерите од Гевгелија ги отворија своите работни простории

Здружението на пензионери од Гевгелија кое брои 4.198 свои членови со почетокот

Повеќе

Од утре се укинува полицискиот час

Владата на денешната седница донела одлука од утре да се укине полицискиот час,

Повеќе

Рускоска: Ја докажавме вината на Јовановски и Јанева

Обвинителката Вилма Рускоска која го води случајот „Рекет“ денеска презентираше

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.