Топ Новости

Локализиран шумскиот пожар на Осогово

Петок, 09 Август 2019

Шумскиот пожар кој избувна на локација стар пат с.Бели-Пониква утринава околу 09:00 часот е локализиран и изгаснат, известуваат од Дирекцијата за заштита и спасување. Извршена е проверка на теренот за можни остатоци на жаришта и нивно гасење.
- „Дирекцијата за заштита и спасување заедно со локалната самоуправа на општина Кочани го координираше гасењето на пожарот со што е запазена постапноста во дејствувањето при вакви катастрофи со учество на околу 100 луѓе од ТППЕ Кочани, ТППЕ Виница, ТППЕ Штип, ТППЕ Кавадарци, ТППЕ Гевгелија, просторните сили на ЈП Национални шуми, просторните сили на локалната самоуправа на општина Кочани и други субјекти“ изјави директорот Аднан Џаферовски.

Дирекцијата за заштита и спасување упатува апел до сите граѓани на Република Северна Македонија за совесно однесување и почитување на забраната за движење во шуми и шумски предели како и дадените препораки да не се палат стрништа и оган близу шумски површини.

Според првичните информации, опожарена е површина од 100 до 150 хектари, над селото Бели, до браната Гратче и селото Црвена Нива. Огнот зафати борова шума сè до селото Лешки.

За последиците од пожарот, Кризниот штаб ќе информира во текот на денот.



Last modified on Петок, 09 Август 2019 - 11:12

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Нови 9 бомби објавени на Ју Тјуб: „Орце шокираш“

Сведокот во случајот „Рекет“ Орце Камчев, шокира на Ју Тјуб.

Од 10-тина

Повеќе

Поволна бизнис клима преку регионална ЕУ соработка

Локалните самоуправи во Македонија се подготвуваат за развој на своите

Повеќе

Притвор за гевгеличанец насилник - со чаша повредил две жени

Oсновното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против едно лице за

Повеќе

Просечна пензија од 15.500 денари во 2020 година

Трократно покачување на пензиите во текот на 2020 година најави министерката за

Повеќе

Утре ќе има 4 часовен прекин во електроснабдувањето

Од ЕВН-Македонија известуваат дека утре 11 декември планирани се исклучувања на

Повеќе

Трето место за гевгелиски средношколец на 43-та Школа „Мади физичари“

Во рамките на манифестацијата „Ноември-месец на наука 2019“, при крајот на

Повеќе

Одбележан патронот во ООУ „Климент Охридски“ Миравци

Со пригодна програма подготвена од учениците од ООУ „Климент Охридски“ од

Повеќе

Лишени од слобода 5 лица од Гевгелија, а еден малолетник заработи кривична

Министерството за внатрешни работи известува дека во четвртокот (05.12.2019) во

Повеќе

Трибина „Нема оправдување - заедно против насилството врз жени и девојчиња“

Во рамките на меѓународната кампања 16 дена женски активизам против насилството

Повеќе

УЈП започна со исплата на повраток на ДДВ кон физичките лица

Со мерката МојДДВ од денеска Управата за јавни приходи започна со исплата на

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.