Во функција на противпожарна безбедност долж железничката пруга од Велес до Гевгелија на располагање е противпожарен воз кој ќе функционира од 1 јули до 15 октомври. Противпожарниот воз има два вагона и четири резервоари цистерни со по 20 тони вода секоја, или вкупно 80 тони вода наменети за противпожарни интервенции.
Од почетокот на функционирањето на оваа композиција возот е стациониран на железничката станица во Велес, и до сега за среќа немал никакви потреби за интервенција. Возот ја покрива територијата во земјава од Велес до Гевгелија, Кременица Битола, Кочани, Кичево и Табановци.
Во случај на потреба за противпожарниот воз во секој момент е обезбедена локомотива. Тој може да гасне пожари до 50 метри од двете страни околу пругата. Воедно со противпожарниот воз при случаи на големи пожари, а каде што нема услови од друмскиот сообраќај, се врши дотур на вода на противпожарните цистерни на противпожарите единици од сите градови долж пругата.
Од Железничката станица во Велес информираат дека овој противпожарен воз во изминатите над 20 лета им бил на голема помош при голем број пожари на противпожарните единици од сите градови во земјава, а и на месното население долж пругата. Возот воедно учествувал и при гаснење на запалена сува трева и шума околу самата пруга. Тие информираат дека возот ова лето за 40-тина дена, откако е во фунција немал интервенции, но екипата од три обучени пожарникари – еден командир и двајца пожарникари вработени во Македонски железници, во четири смени 24 часа се подготвени да интервенираат каде треба. Дотурот на вода за резервоарите цистерни на противпожарниот воз се изведува со полнење од хидрантите кои ги има на секоја Железничка станица долж пругата.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Нови 9 бомби објавени на Ју Тјуб: „Орце шокираш“
Сведокот во случајот „Рекет“ Орце Камчев, шокира на Ју Тјуб.
Од 10-тина
Поволна бизнис клима преку регионална ЕУ соработка
Локалните самоуправи во Македонија се подготвуваат за развој на своите
Притвор за гевгеличанец насилник - со чаша повредил две жени
Oсновното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против едно лице за
Просечна пензија од 15.500 денари во 2020 година
Трократно покачување на пензиите во текот на 2020 година најави министерката за
Утре ќе има 4 часовен прекин во електроснабдувањето
Од ЕВН-Македонија известуваат дека утре 11 декември планирани се исклучувања на
Трето место за гевгелиски средношколец на 43-та Школа „Мади физичари“
Во рамките на манифестацијата „Ноември-месец на наука 2019“, при крајот на
Одбележан патронот во ООУ „Климент Охридски“ Миравци
Со пригодна програма подготвена од учениците од ООУ „Климент Охридски“ од
Лишени од слобода 5 лица од Гевгелија, а еден малолетник заработи кривична
Министерството за внатрешни работи известува дека во четвртокот (05.12.2019) во
Трибина „Нема оправдување - заедно против насилството врз жени и девојчиња“
Во рамките на меѓународната кампања 16 дена женски активизам против насилството
УЈП започна со исплата на повраток на ДДВ кон физичките лица
Со мерката МојДДВ од денеска Управата за јавни приходи започна со исплата на