Топ Новости

Пендаровски: Брзо расчистување на случајот „Рекет“

Понеделник, 12 Август 2019

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска јавно побара брзо расчистување на случајот „Рекет“ што го води Јавното обвинителство на РСМ. Тој искажа разочараност од тоа што наместо брза истрага двајцата обвинители од ЈО заминале на годишен одмор, како да станува збор за редовна ситуација во државата.

- „Изминатиов месец сме сведоци на една огромна криминална афера која ги тресе темелите на државните институции и ја доведува во прашање довербата на граѓаните во нас политичарите и воопшто во сопствената држава“, оцени тој на почетокот од своето обраќање пред медиуните и јавноста.

Пендаровски побара сите споменати во аудио и видео снимките самоиницијативно да дадат изјава пред надлежните органи за да покажат дека пред Законот сме сите исти.

Претседателот искажа целосна поддршка на надлежните судови и обвинителството за да се истера постапката до крај, а тоа е најдобар начин да се потврди довербата во институциите. Тој побара одговорност по хоризонтала и вертикала.
- „Никој не смее да биде над законите. Ничија политичка и партиска припадност не смее да биде посилна од правдата. Оние кои тоа не го знаат и не го почитуваат треба да го отстапат своето место на оние кои тоа го знаат и почитуваат“, рече Пендаровски на денешната прес конференција истакнувајќи дека евентуалната индивидуална одговорност не треба да ја доведе во прашање целата работа на СЈО како институција во нашиот систем која треба да ги гони криминалите на минатата власт, на оваа власт, или на било која друга власт во државата.

Тој оцени дека „Генерации политичари пропуштија многу одамна да создадат амбиент во кој чесни и професионални кадри во судството и обвинителниот систем ќе си ја вршат работата без притисоци од страна, а корумпираните ќе се соочат со правдата. Тоа не е предоцна и денес час поскоро ние тоа да го правиме. Сите политичари не се исти. Ние ја добивме довербата од граѓаните со тврдењето дека не сме исти со претходните. Но, тоа мораме секој ден практично да го покажуваме. Во оваа смисла, јас имам цврста намера да го дадам својот придонес без отстапка“, порача Претседателот Стево Пендаровски.

Почетокот на обраќањето на Претседателот е од 3:50 минута.
Од 12:50 одговара на новинарски прашања

Last modified on Понеделник, 12 Август 2019 - 14:06

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Актуелно: Опожарена трева покрај железничката пруга кај Давидово го донесе

Со дојава до Пожарна Гевгелија во 11:15 часот денеска е актуелизирана акција за

Повеќе

Гевгелија донира за оштетените од пожарот

Неделниот викенд ден гевгеличани се солидаризираа со оштетените од опожарената

Повеќе

SKY Хотел повторно вработува

Шест месеци по првиот голем оглас за прием на нови работници, SKY хотел во

Повеќе

Експресен пат од ГП Ново Село до Смоквица и Коридор 10

Директорот на Јавното претрпијатие за државни патишта Зоран Китанов денеска ја

Повеќе

Заев: Нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и педер да ја

На прославата на 18-годишнината од Охридскиот рамковен договор првпат по

Повеќе

Пендаровски: Брзо расчистување на случајот „Рекет“

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска јавно побара брзо

Повеќе

Дојрански ракувања 2019 со фестивал на риба и вино

Со тридневен фестивал на рибата и виното, но со богата музичка забава синоќа

Повеќе

Олдкар тимот со донација за семејствата од опожарената зграда

Банкарски налог со уплата од 15.500,- денари е сумата која денеска ја уплатија

Повеќе

Противпожарен воз од Велес до Гевгелија

Во функција на противпожарна безбедност долж железничката пруга од Велес до

Повеќе

Локализиран шумскиот пожар на Осогово

Шумскиот пожар кој избувна на локација стар пат с.Бели-Пониква утринава околу

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.