Собранието изгласа покачување на платите на јавната администрација

Четврток, 03 Октомври 2019

Со 82 гласа „за", без воздржани и против, Собранието на денешната 115-та седница по скратена постапка го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за исплата на платите во Република Македонија

Ова е Закон со кој се овозможува покачување од пет отсто на платите во јавната администрација.

Пратеничката од СДСМ Јагода Шехпаска на собраниската говорница истакна дека со Законот ќе бидат опфатени сите вработени во јавниот сектор, кој согласно информациите од Министерството за информатичко општество за 2018 година изнесуват околу 138.000.

- „Зголемувањето ќе биде за пет проценти, средствата се обезбедени од Буџетот на РСМ и зголемена плата вработените во јавниот скетор ќе ја добијат за септемвриската плата“, рече Шехпаска и додаде дека зголемена плата ќе добијат сите буџетски корисници, вработените во јавни устанвои, локалната самоуправа, социјалните фондови, агенциите, како и професорите, докторите, здравствените работници, останати вработен во јавен сектор.

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Слаѓана Митовска посочи дека како пратеничка група поднеле амандман за зголемување на платите од 10 отсто за администрацијата.

– „Две години сте на власт, а денеска за првпат зборуваме за покачување на плати“ рече таа барајќи за вработените во јавниот сектор „зголемувањето на платата да не биде пет посто туку да биде 10 проценти“, рече Митовска.

- „Само за потсетување на македонската јавност, ВМРО-ДПМНЕ 2009 година донесе закон за зголемување на платите за 10 проценти, не го реализираше, истиот закон потворно го донесе во 2010 и неговата примена ја одложи во 2011 година, повторно не ги исплати зголемувањата на платите во јавниот сектор. Истото се случи и во 2012 и 2013 година“, рече Јагода Шахпаска- СДСМ.

Инаку, според пресметките, за повисоките плати во следниве три месеци од буџетот ќе бидат потрошени екстра 10 милиони евра.

Како што велат од Владата, ова е трето зголемување на платите во здравството и второ во армијата и образование и детските градинки.

Предлог законот, кој беше единствена точка на дневниот ред на 115-та собраниска седница, е поднесен од пратениците Јован Митрески, Ејуп Алими, Мерал Узеири Ферати, Неџбедин Каремани, Мирослав Јовановиќ, Јусуф Хасани и Јагода Шахпаска.


Last modified on Четврток, 03 Октомври 2019 - 16:03

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Донација од 40.000 евра од Групацијата „Новоматик“ за Општа Болница Гевгелија

Еден месец по официјалната најава на својата одлука да донираат 200.000 евра

Повеќе

Јавното обвинителство отвори предмет против митрополитот Агатангел

Основното јавно обвинителство Велес отвори предмет по допрен глас по објавите

Повеќе

Трета акција за уништување на комарците во Гевгелија и ЈИ регион

По извршени две последователни лаврицидни прскања против комарци на места

Повеќе

Започна ревитализацијата на патот Богородица-Стојаково

Градежната оператива на „ЖИКОЛ“ ДООЕЛ Струмица од денеска е на терен со

Повеќе

Владата донесе забрана за одење на гробишта викендов на цела територија

Во петок е задушница, а во недела Духов ден. Во пресрет на овие народни

Повеќе

МВР против МВР на „Боемска“ – СВР и ЕБР ги чекаат снимките од камерите

Пазарната полиција не можеше да влезе во угостителскиот објект на улица

Повеќе

Во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија

Околу шеесетина полицајци кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради

Повеќе

Шести ден протести во САД кои зафатија 25 држави

Смртта на George Floyd од рацете на полицијата во Минеаполис предизвика широки

Повеќе

Лишени од слобода седум гевгеличани и еден валандовчанец

МВР известува дека денеска се поднесени кривични пријави за седуммина

Повеќе

Пендаровски одлучи – Нова вонредна состојба до 14 јуни

Претседателот Пендаровски по денешниот состанок на Советот за безбедност во

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.