Топ Новости

Владата одлучи: За 10 проценти поголеми плати во образованието од април

Среда, 09 Октомври 2019

Владата вчера на седница ја разгледа и усвои информацијата за покачување на платите во основното, средното, високото образование и во науката за 10 проценти почнувајќи од исплата на платата за април 2020 година.

„Откако ќе биде постигната спогодба со Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), со оваа информација вкупното покачување на платите од април идната година, во основното, средното, високото образование и во науката, ќе изнесува повеќе од 20 отсто, имајќи ги предвид претходните две покачувања за само една година, на двапати по 5 проценти“, соопшти владината прес-служба.

Владата и МОН завчера му предложија на СОНК зголемување на платите за нови 10 отсто од април. Претседателот на СОНК Јаким Неделков изјави дека ќе го консултираат членството кое треба да одлучи дали е предлогот прифатлив или ќе биде одбиен.

Советот на СОНК вчера одржа состанок со регионални претставници на Синдикатот, на кој присуствуваше и министерот за образование и наука Арбер Адеми.

Неделков изјави дека според првичните реакции, не се задоволни што зголемувањето ќе биде 10, а не 25 отсто како што бараат тие. Сметаат и дека зголемувањето треба да биде од 1 јануари, а не од април. Тоа се нивните првични сознанија од расположението на членството, но конечната одлука ќе ја имаат до почетокот на наредната недела.


Last modified on Среда, 09 Октомври 2019 - 12:54

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Шести ден протести во САД кои зафатија 25 држави

Смртта на George Floyd од рацете на полицијата во Минеаполис предизвика широки

Повеќе

Лишени од слобода седум гевгеличани и еден валандовчанец

МВР известува дека денеска се поднесени кривични пријави за седуммина

Повеќе

Пендаровски одлучи – Нова вонредна состојба до 14 јуни

Претседателот Пендаровски по денешниот состанок на Советот за безбедност во

Повеќе

Приведен 22 годишен богданчанец за кријумчарење мигранти

Превезувал нелегално 13 мигранти од Бангладеш со комби, но поради неприлагодена

Повеќе

Тролски фарми од Македонија и Филипините ја туркаа дезинформацијата за

Еден од најголемите издавачи на дезинформации за коронавирус на Фејсбук е

Повеќе

Ќе има ли нова вонредна состојба?

Нови 52 заболени од Ковид-19 за изминатите 24 часа, непочитување на мерките за

Повеќе

Бетонирана улицата „Деко Ковачев“ во Гевгелија

Уличниот крак од улицата „Деко Ковачев“- Гевгелија, во должина од околу 300

Повеќе

Почувствуван земјотрес во југот од Македонија

Тектонско придвижување на земјиното тло вечерва во 22:55 часот почувствуваа

Повеќе

Во чест на Спасовден - заштитникот на Гевгелија

Денеска е Св. Спас - заштитник и спасител на луѓето, заштитник на Гевгелија.

Повеќе

Од денеска се отвараат рестораните и кафетериите за посетителите

Од 28 мај после речиси двеиполмесечен прекин на дејноста поради корона кризата,

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.