Пред пратениците во Собранието на РСМ пристигна иницијатива за толкување на Законот за помилување, доставена од пратеници на СДСМ.
Со барање до Собранието за автентично толкување на членот 11 од Законот за амнестија СДСМ во обид да ја пресретне одлуката на Уставен суд која би значела пропаѓање на случаите кои што ги отвори Специјалното јавно обвинителство. Социјалдемократите очекуваат поддршка од сите пратеници.
Дали пратениците ќе бидат побрзи од уставните судии за да спречат да се активира масовното помилување од Ѓорѓе Иванов кое го даде пред 3 години? Во раце веќе имаат иницијатива за автентично толкување кое по повикот од министерката за правда го поднесоа двајца пратеници од СДСМ. Според документот автентичното толкување треба да ги разјасни околностите под кои беа дадени незаконските помилувања.
Со остра реакција се огласи шефот на државата кој порача дека уставниот суд парви директен упад во правната држава.
Иако иницијативата која ја поднесе адвокатот Зоран Сојановски од Тетово е од пред три години и се знаеше содржината, од ДУИ допрва ќе консултираат домашни и странски правни експерти за да одлучат на која страна ќе застанат. Од ВМРО-ДПМНЕ гледаат сценарио на власта.
„Зоран Заев преку Уставниот суд создава можност после поразот на следните предвремени парламентарни избори да биде амнестиран за сите коруптивни афери и зделки познати во јавноста. Уставниот суд ќе создаде пракса, а Пендаровски треба да реализира.“ - велат од ВМРО-ДПМНЕ.
По три години Уставните судии во игра повторно го враќаат одлучувањето за спорниот член со кој беше повлечено помилувањето. Споерд информации на ТВ24 од вкупно деветмина, За да се дискутира по тој член поддршка дале дури шестмина од судиите, наспроти тројца. Против биле судиите Мурати, Кадриу и Костадиновски, додека Гошева, Јосивовски, Ајдари, Маркудова, Стојановски и Ивановски биле за преиспитување на актот со кој беше повлечена аболицијата на Иванов за 56 функционери. Од последици врз предметите на СЈО стравува и претседателот на Здружението на судии.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Наградната игра Мој ДДВ#Моја награда стартува од денеска, во оптек награди од
Скенирајте ги сите сметки, Мој ДДВ#Моја награда стартува од денеска, 15
Законска исплата на К-15 за работниците во приватниот сектор до 31 декември
До крајот на 2019 година сите оние што работат во приватни фирми, мора да
Нови 9 бомби објавени на Ју Тјуб: „Орце шокираш“
Сведокот во случајот „Рекет“ Орце Камчев, шокира на Ју Тјуб.
Од 10-тина
Поволна бизнис клима преку регионална ЕУ соработка
Локалните самоуправи во Македонија се подготвуваат за развој на своите
Притвор за гевгеличанец насилник - со чаша повредил две жени
Oсновното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против едно лице за
Просечна пензија од 15.500 денари во 2020 година
Трократно покачување на пензиите во текот на 2020 година најави министерката за
Утре ќе има 4 часовен прекин во електроснабдувањето
Од ЕВН-Македонија известуваат дека утре 11 декември планирани се исклучувања на
Трето место за гевгелиски средношколец на 43-та Школа „Мади физичари“
Во рамките на манифестацијата „Ноември-месец на наука 2019“, при крајот на
Одбележан патронот во ООУ „Климент Охридски“ Миравци
Со пригодна програма подготвена од учениците од ООУ „Климент Охридски“ од
Лишени од слобода 5 лица од Гевгелија, а еден малолетник заработи кривична
Министерството за внатрешни работи известува дека во четвртокот (05.12.2019) во