Топ Новости
Билборд кампања - Понеделник, 06 Јули 2020 15:42

Црн екран: Операторите ги исклучија ТВ-програмите

Недела, 21 Јуни 2020

Македонските оператори околу 18 часот ги остварија најавите и го прекинаа реемитувањето на сите ТВ-програми, освен на националниот сервис МРТВ. Беше најавен предупредувачки едночасовен мрак на екраните, а сепак траеше до 19:30 часот. На протестот се приклучија и кабелските оператори од Гевгелија кои ги зацрнија екраните на сета своја ТВ понуда освен МРТВ 1 и МРТВ 2.

Ова е во знак на протест поради, како што велат наметнатите обврски во Законот за аудио и аудиовизуелни услуги и велат:

„Ова е времен прекин на телевизиските програми во знак на протест. Причините се наметнатите неуставни обврски за одговорност од дејства кои не се во наша надлежност и контрола, како и неможност за регистрирање на странски ТВ канали на штета на нашата ТВ понуда. Доколку не се променат спорните измени на законската регулатива и Уредбата на Владата донесена на 29.5.2020, Ве известуваме дека од 8.8.2020 нема да бидеме во можност да реемитување ТВ програми преку нашата мрежа. Жалиме што сме принудени на ваков на чекор и се надеваме дека наскоро ќе се изнајде соодветно решение. Согласно обврските од Вашиот договор, ќе бидете обесштетени со соодветно намалување на месечната претплата“, пишува во соопштението кое се појави на црните екрани кај корисниците на ТВ-мрежите од понудите на А1.
Ваквиот премин беше најавено дека ќе трае еден час.

Операторите претходно реагираа дека со Законот им се наметнува обврска да гарантираат за авторските права на програмите кои тие само ги реемитуваат и за тоа да сносат кривична и материјална одговорност. Реемитувањето на програмите и авторските права, според нив, е во согласност со ЕУ стандардите и веќе е регулирано со закон. Со Уредбата донесена во вонредната состојба која ја споменуваат, тие се жалат дека им се наметнува уште една обврска односно да ги пререгистрираат веќе регистрираните странски канали во рок од 60 дена.

Ваква најава за прекин на емитување на програмите имаше и во февруари од истите причини. Тогаш Македонската медиумска асоцијација во која членуваат петте домашни национални телевизии Алсат, Алфа, Канал 5, Сител и Телма ги обвини операторите дека сакале да промовираат пиратерија и дека доволно време да се подготват за имплементација на законот.

По средбата на премиерот Оливер Спасовски и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски со претставници на сите оператори обединети во Здружението на информатичко-комуникациски технологии, постигна беше согласност да се одложи најавениот прекин на реемитување на домашните и странските телевизиски канали.

Како што напишаа кабелските оператори, ова е привремен протест, се додека не биде најдено соодветно решение и регулатива која е по нивна мерка. Мрак на екраните денеска добија и корисниците на кабловските оператори во Гевгелија од 18 до 19:30 часот.

 

Last modified on Недела, 21 Јуни 2020 - 19:36

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Ципрас: Прогресивното поглавје може да продолжи само со Заев, лидер кој гледа

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, чиј потпис стои на Преспанскиот

Повеќе

Откриени 211 мигранти кај Гевгелија, приведен возачот

Од МВР денеска јавуваат за уште еден обид за нелегален превоз на мигранти низ

Повеќе

Билборд кампања

Предвремените парламетарни избори во услови на корона епидемија наложија

Повеќе

Костадинова: СДСМ и „Можеме“ со конкретни мерки за поддршка на младите

Кандидатката за пратеник на СДСМ и коалицијата „Можеме“, Марија Костадинова, со

Повеќе

Грција нема да ги прима српските туристи

Грција од утре наутро (06.07.2020 понеделник) во 6 часот ги затвора границите

Повеќе

Анкета на НДИ: Заев со речиси двојна предност пред Мицкоски

Коалицијата „Можеме“ која ја предводи СДСМ е во предност пред коалицијата на

Повеќе

Уапсена гевгеличанката Накова - позитивна на Ковид-19

Вчера попладне е уапсена Александра Накова Гајдаџиев од страна на припадници на

Повеќе

Благодарница од Владата на семејсвото Диневи - првиот донор на срце

Денеска во Владата доделени се благодарници за историскиот подвиг на сите оние

Повеќе

Заев: Македонскиот јазик станува дел од големото европско семејство

- „Македонскиот јазик е наведен како јазик на кој треба да се преведе

Повеќе

Марија Костадинова: Чест ми е да бидам кандидат за пратеник од победничката

Кандидатката за пратеник од СДСМ и коалицијата „Можеме“, Марија Костадинова од

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.