Топ Новости
Тешка сообраќајна несреќа во Гевгелија - Вторник, 15 Септември 2020 14:44

Конституиран новиот 10-ти по ред парламентарен состав на РСМ

Вторник, 04 Август 2020

Со 116 гласови „за“, ниту еден воздржан и ниту еден против, денеска се верификуваа мандатите на сите 120 пратеници, со што се избра новиот парламентарен состав. Во салата Голема купола на Собранието, со пеење на македонската химна, на пладне започна првата седница на новиот парламентарен состав, на која од вкупно 120, присутни беа 117 пратеници. Претседаваше спикерот во заминување, Талат Џафери, а согласно здравствените протоколи за заштита од ширење на ковид-19, пратениците носеа маски и беа на растојание еден од друг.

Од 117 присутни, за предложениот дневен ред кој го прочита Џафери, „за“ гласаа 116, немаше против, а еден глас беше воздржан. Поради непостоењето на систем за електронско гласање во салата, пратениците гласаа со картончиња (зелено – за, црвено – против и жолто – воздржан).

Точки на дневен ред беа: избор на претседател и на членови на верификационата комисија на Собранието, верификација на мандатите на новите пратеници, а како трета и четврта точка, избор на претседател, заменик, членови и заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието и петта точка, избор на претседател на Собранието.

Од сите точки на расправа денеска пред пратениците поминаа само првите две, избор на верификациона комисија и верификација на мандатите на новите пратеници, по што седницата беше прекината. За последната точка, избор на нов претседател на Собранието, денеска и не се очекуваше расправа, бидејќи за тоа место досега нема договор меѓу партиите кои треба да обезбедат мнозинството за формирање влада, процес кој формално почнува денеска.

По предлогот за избор на претседател на верификационата комисија и на нејзини членови, со 115 гласа „за“, ниту еден против и двајца воздржани, за претседател на Комисијата беше избрана Јагода Шахпаска од СДСМ. Потоа, Џафери даде пауза од 30 минути за Комисијата да го разгледа извештајот од ДИК за мандатите на новите 120 пратеници и да предложи нивна верификација.

„По разгледувањето на извештајот на ДИК, Комисијата утврди дека нема основа за оспорување на изборните резултати за ниту еден од 120 избрани пратеници на вонредните парламентарни избори одржани на 15 јули годинава и затоа Комисијата му предлага на Собранието да ги верификува нивните мандати“, рече Шахпаска.

За предлогот на Комисијата „за“ гласаа 116 пратеници, немаше воздржани и против.

Талат Џафери му посака на новиот парламентарен состав успешна работа, согласно Уставот и интересите на граѓаните.

На вонредните парламентарни избори одржани на 15 јули годинава, СДСМ освои 46, ВМРО ДПМНЕ 44, ДУИ 15, АА 12, Левица 2 и ДПА 1 пратенички мандат.

Според Уставот, претседателот на државата во рок од 10 дена од конституирањето на Собранието, мандатот за состав на владата го доверува на кандидат на партијата, односно партиите со мнозинство во Парламентот. Мандатарот во рок од 20 дена, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на владата, а неа, на предлог на мандатарот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Инаку, на денешната седница меѓу присутните гости беа и претседателот Стево Пендаровски, премиерот на владата во заминување Оливер Спасовски, поранешни претседатели на државата и на Собранието, претседателите на Уставниот суд, на Врховниот суд и на Судскиот совет, Јавниот обвинител, Народниот правобранител, Гувернерката на Народна Банка, претставници на дипломатско-конзуларните претставништва во земјава и други.


Last modified on Вторник, 04 Август 2020 - 16:33

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Ковид настава во Гевгелија - претежно он лајн, основците од I до III на училиште

Барањето на општинските основни и средното училиште од Гевгелија за одржување

Повеќе

Владата донесе одлуки за субвенционирање на лозарите и винариите извозници

Владата на Република Северна Македонија, на вчерашната седница донесе одлука со

Повеќе

Лишена од слобода гевгеличанка во Скопје

Полициски службеници на СВР Скопје, вчера (вторник 22 септември) ја лишиле од

Повеќе

Гевгеличанец лишен од слобода на ГП Табановце

Министерството за внатрешни работи известува дека во средата на 7 минути пред

Повеќе

Врховeн Суд одлучи: Јанкулоска ќе оди во затвор

Жалбите за предметот „Тенк“ на Груевски и Јанулоска паднаа пред Врховен.

Повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Гевгелија

Утрово, околу 7 часот и 30 минути, на излезот од Гевгелија се случи тешка

Повеќе

Приведен дилер на дрога од Миравци, гевгелиско

Секторот за внатрешни работи Струмица - Одделение за внатрешни работи

Повеќе

Наставата со физичко присуство и комбиниран модел бараат гевгелиските училишта

Одлагањето на наставата за учебната 2020/21 поради корона пандемијата ги

Повеќе

Заев: Слободни и отворени кон светот! Ја славиме независноста!

Премиерот Заев на прославата по повод Денот на независноста на Македонија - 8ми

Повеќе

Тешко повреден возач на мопед од Гевгелија

Тешки клинички повреди на 78 годишен жител од Гевгелија е епилогот од

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.