Топ Новости
Тешка сообраќајна несреќа во Гевгелија - Вторник, 15 Септември 2020 14:44

Собранието ја изгласа новата Влада на Македонија

Понеделник, 31 Август 2020

Вечерва, со 62 гласа „ЗА“, 51 „против“, без „воздржани“, Собранието го изгласа новиот состав на Владата на РСМ предложен од мандатарот Зоран Заев. Вчера и денеска пратениците во парламентот расправаа за владината програма и кадровите решенија.

Мандатарот Заев најпрво го образложи новиот владин состав, и пред гласањето истакна дека тој и министрите се обврзуваат чесно и одговорно да им служат на граѓаните. „Сега веќе немаме отворени етнички прашања, сега сме сите еднакви. Сега сите соседи ни' се пријатели, рече Заев во својот говор.

Во завршното обраќање пред пратениците Заев рече дека државата, која сега е членка на НАТО и има одлука за преговори со ЕУ, со посветеност и заедничка работа ќе има институции со кои ќе се гордеат сите. Најави целосна посветеност на економијата, јакнење на економскиот стандард, перспективи за младите во приватниот сектор, привлекување што е можно повеќе странски инвестиции.

По гласањето претседателот на Собранието ги повика членовите на Вадата да дадат свечена изјава. По свечената изјава секој од новоизбраните членови на Владата го потпишаа своерачно текстот на изјавата дека ќе работи чесно и посветено во интерес на држаата, согласно уставот за просперитет на Македонија.

Ова е 13-та Влада на Македонија, а втора Влада која ќе ја предводи претседателот на СДСМ и предводник на коалицијата „Можеме“ Зоран Заев. Тој беше премиер 2 години и 217 дена, а потоа се повлече и го отстапи местото на техничкиот премиер за изведување на предвремените парламентарни избори кои се одржаа април оваа година.

По освоените 46 мандати на коалицијата која ја предводеше СДСМ на изборите одржани на 15 април годинава, лидерот Заев состави владина коалиција со ДУИ и ДПА. Во владиниот состав кој содржи 19 министерски позиции и едно премиерско место, 12 ресори ги водат кадри на СДСМ, 6 на ДУИ, по едно имаат коалиционите партнери  Беса и ЛДП.

Вака ќе изгледа новиот владин состав:

Претседател на Влада – Зоран Заев

Вицепремиер за економија – Фатмир Битиќи

Вицепремиер за борба против корупција – Љупчо Николовски

Вицепремиер за европски прашања – Никола Димитров

Министерство за надворешни работи – Бујар Османи

Министерство за внатрешни работи – Оливер Спасовски

Министерство за правда – Бојан Маричиќ

Министерство за одбрана – Радмила Шекеринска

Министерство за финансии – Фатмир Бесими

Министерство за економија – Крешник Бектеши

Министерство за транспорт и врски – Благој Бочварски

Министерство за земјоделие – Арјанит Хоџa

Министерство за екологија – Насер Нуредини

Министерство за труд и социјална политика – Јагода Шахпаска

Министерство за култура – Ирена Стефоска

Министерство за информатичко општество и администрација – Јетон Шаќири
Министерство за здравство – Венко Филипче

Министерство за образование – Мила Царовска

Министерство за локална самоуправа – Горан Милески

Министерство за политички систем – Артан Груби.


Last modified on Вторник, 01 Септември 2020 - 19:01

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Родителите од Миравци бараат настава со физичко присуство за учениците од VI до

Советот на родители при Општинското основно училиште „Климент Охридски“ од

Повеќе

Прием на првачињата во училиштата во Гевгелија

Централните општински училишта „Крсте Мисирков“ и Владо Кантарџиев“ од

Повеќе

„Викенд без ДДВ“ за корисниците на апликацијата „Мој ДДВ“

Новата мерка „Викенд без ДДВ“ од Четвртиот пакет на економски мерки на Владата

Повеќе

Пресуда: 1,5 години затвор за Груевски, условна за Јанакиевски

Денеска судот изрече пресуда за предметот „Насилство во општина Центар“. На екс

Повеќе

Гордана Јанкулоска спроведена во затворот Идризово

Екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска попладнево е

Повеќе

Заев: 470 милиони евра тежок Четвртиот пакет економски мерки наменет за

- „Парите на граѓаните се за граѓаните. Со четвртиот пакет економски мерки,

Повеќе

Филипче: Отварање на границите без ПЦР тестови - се разговара со земјите од

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека сите земји во

Повеќе

Корона кризата ја зголеми невработеноста во Гевгелија

Новата здравствена пандемија која го зафати светот се одрази на светската

Повеќе

Септемвриски снег во Босна и Херцеговина

Четвртиот ден од есента забелеа снежните покривки на планината Бјелашница и на

Повеќе

Ковид настава во Гевгелија - претежно он лајн, основците од I до III на училиште

Барањето на општинските основни и средното училиште од Гевгелија за одржување

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.