Грција ги отвори плажите, а граѓаните ги преплавија од посетеност

Недела, 17 Мај 2020

Грција вчера ги отвори плажите за своите граѓани, а тие во стампедо поитаа на разладување поради енормно високите тмператури во делови од државата и над 40-от степен на целзиусовата скала. Речиси двомесечниот карантин, со забраната за движење на граѓаните, во комбинација со рекордно високите температури и топлото време, ги наполнија плажите во Грција, кои наликуваат како да е средина на август, а не средина на мај, јави дописничката на МИА од Атина.

Од рано утрово, на голем дел од организираните плажи во Атина, има редици за влез, додека пак до пладне некои беа веќе преполни.

Во текот на вчерашниот, прв ден од отворањето целосно се почитуваат сите правила и прописи, како од сопствениците и менаџерите на плажите, така и од посетителите, а тоа, вчера го констатираа и министерот и заменик-министерот за развој на Грција при нивната посета на една од плажите во близина на Атина.

Адонис Георгиадис и Никос Папатанасис рекоа дека „се е под конец“ и им се заблагодарија на граѓаните за дисциплината и придржувањето кон мерките.

И додека на организираните плажи, иако исполнети до последна лежалка, се почитуваа правилата, на слободните градски плажи, кои што се бесплатни, имаше турканици, а во одредени случаи, не се одржуваше потребното растојание.

Несвојствено високи температури во Грција беа измерени и во текот на вчерашниот ден, но и утрово, според Националната опсерваторија во Атина. Највисоката температура, вчера беше измерена во градот Ираклио на островот Крит- 41.8 степени Целзиусови, 40 на неколку места на Пелопонез и 39,3 во населба во северниот дел на Атина.
Слична е прогнозата и за денешниот ден од 39 до 41 степен во повеќе делови на земјата, додека пак речиси на сите плажи, според истите прогнози, условите во морето се идеални за капење.

Границите за влез во Грција како и водругите европски земји, во услови на корона се се' уште затворени, а ЕУ го подготвува протоколот за отварање на земјите членки.


Last modified on Недела, 17 Мај 2020 - 13:20

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Во Дојран посетителите добија бесплатни заштитни маски!

Викенд посетеноста во Дојран достигна размери блиски на летната туристичка

Повеќе

Инфраструктурно улично подобрување во Прдејци

По дводневна акција денеска заврши бетонирањето на уличен крак во населеното

Повеќе

Дезинфекција на јавните површини во Гевгелија

По налог на Општинскиот штаб за заштита и спасување денеска започна да се

Повеќе

Донација од 40.000 евра од Групацијата „Новоматик“ за Општа Болница Гевгелија

Еден месец по официјалната најава на својата одлука да донираат 200.000 евра

Повеќе

Јавното обвинителство отвори предмет против митрополитот Агатангел

Основното јавно обвинителство Велес отвори предмет по допрен глас по објавите

Повеќе

Трета акција за уништување на комарците во Гевгелија и ЈИ регион

По извршени две последователни лаврицидни прскања против комарци на места

Повеќе

Започна ревитализацијата на патот Богородица-Стојаково

Градежната оператива на „ЖИКОЛ“ ДООЕЛ Струмица од денеска е на терен со

Повеќе

Владата донесе забрана за одење на гробишта викендов на цела територија

Во петок е задушница, а во недела Духов ден. Во пресрет на овие народни

Повеќе

МВР против МВР на „Боемска“ – СВР и ЕБР ги чекаат снимките од камерите

Пазарната полиција не можеше да влезе во угостителскиот објект на улица

Повеќе

Во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија

Околу шеесетина полицајци кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.