Се турка проектот за барокизација на ГТЦ

Сабота, 25 Јануари 2014

Стручњаците од Асоцијацијата на архитекти револтирани! Дали Жерновски ја губи биктата?

Градскиот трговски центар во Скопје и покрај сите напори на стручната јавност, се поочигледно е дека ќе го добие новиот барокен изглед. И покрај низата активности и протести на архитектите, најавата на градоначалникот на општината Центар Андреј Жерновски дека ќе ја стопира барокизацијата, раковдството на ГТЦ полека но сигурно го турка проектот. Според информациите од првиот човек на ГТЦ Аго Абазовски, изведбениот проект според идејното решение на авторите Жарко Чаушевски и Филип Богатинов се подготвува, а за неколку месеци ќе се распише и тендер за избор на изведувач. Планот е ова лето да почне реконструкцијата. Уште лани додека траеја протестите на архитектите, од раководството на ГТЦ за Фактор изјавија дека тие го спроведуваат само тоа што е избрано. Засега не е познато колку ќе чини доградбата и новата барокна фасада на ГТЦ, ниту како ќе се обезбедат финансиите, дали ќе финансира Владата или ќе се оди преку јавно –приватно партнерство.

Од Асоцијацијата на архитекти кои лани со сите сили се обидоа да го спречат обезличувањето на ГТЦ, велат дека проблемот е во законите, конкретно во новиот Законот за градење, кои се кројат онака како што им одговара на поединци.

- Јас можам само да се согласам со директорот на ГТЦ дека не постои никаква законска пречка да се доградува и обновува ГТЦ од едноставна причина што Законот за градење се менува и доплонува како да е желботека, се со цел да се истера до крај она што одамна е смислено. Најновата измена се однесува за обликувањето на објектите да одлучуваат советниците во општините. ААМ веќе испрати барање да Комората на овластени архитекти и инженери да се обиде да ја спречи измената. Мислењето на директорот на ГТЦ ниту е компетентно ниту може да биде, тој е само гласноговорник, но измената во законот е токму таа, Аго Абазовски се прогласува за архитект. Полека стануваме општество без професионалци во било која област, плански и свесно тргнати настрана, спонтаноста не постои, стручноста е укината, општество во кое експериментално е докажано дека знаењето и професионализмот ниту се почитуваат, ниту се бараат, ниту се вреднуваат, ниту се исплатуваат. Општество кое ја крие вистината за себе станува плен. Бидејќи е полно со митолошки талог, со непочитување на вредности, авторство, полно со презир кон моралните норми, неспосбно да слуша, да праша компетентни и конечно и да ја признае грешката, вели Сања Раѓеновиќ Јовановиќ, претседателка на Асоцијацијата на архитекти

Архитектите од ААМ беа првите кои го кренаа гласот против менувањето на фасадата на ГТЦ во барок. Лани неколку месеци преку кампањата “Го сакам” ГТЦ. Покажаа зошто не треба да се менува ликот на овој култен објект. Организираа повеќе активности, од говори на познати архитекти до симболично гушкање на ГТЦ во вид на жив штит, на кое присуствува голем број граѓани, интелектуалци и архитекти. Илјадници граѓани застанаа во одбрана на ГТЦ и му кажаа НЕ на барокот. На петицијата за зачувување на афтентичниот изглед на ГТЦ се поптшиаа над 4.000 граѓани.

Градоначалникот Жерновски неколку пати изјави дека нема да издаде градежна дозвола за доградување и менување на фасадата на ГТЦ, но од раководтвото на ГТЦ се уверени дека ќе ги добијат сите дозволи. Минатата година Советот на општина Центар не ги изгласа измените на Деталните урбанистички планови во општината, меѓу кои беше и ДУП-от Мал Ринг. На овој начин Жерновски најави дека нема да се дозволи промена на фасадниот изглед.

- Ако беа изгласани измените ќе се легализираше промената на фасадниот изглед. Успеавме да ги спасиме ЕВН и ГТЦ. Објектот ГТЦ е изграден по конкурс на југословенско ниво како првонаграден проект, добитник е на националната награда “11 Октомври” и добитник на највисоко југословенско архитектонско признание. Зградата на ЕВН е претставник на “Ѕид завеса”-правец во архитектурата. Со тоа што не се изгласаа ДУП-вите, не можат да добијат дозвола, постапката е веќе завршена и затоа не може да се продолжи со процедурата, изјави Жерновски на 17.10.2013 година.

Според идејното решение на авторите, фасадата која гледа кон Собранието ќе биде неокласицистички стил со десетици антички столбови, а на кровот ќе има голема тераса со неколку скулптури. И другите страни ќе добијат соодветни украси со брознзени или елементи со златно-жолта боја. Сегашниот објек ГТЦ е изграден според идејното решение на професорот Живко Поповски, кој на конкурсот во 1967 година ја добил наградата за проектот, а ГТЦ е изграден во 1971 година.

ААМ бара повлекување на новиот член во Законот за градење

Асоцијацијата на архитекти испрати барање до Комората на овластени архитекти, да се вклучи и интервенира во предлог Законот за измени и дополнувања на Законот за градење.Со предлог законот во член 4 се предвидува советот на општините и советот на град Скопје со одлука да го утврдат изгледот на фасадите на објектите кои се во употреба и кои се наоѓаат во централното градско подрачје, доколку сметаат дека истите се од значење за општината или главниот град.

- Архитектурата е наука, се изучува на универзитет и е одраз на научна и естетска студија од што произлегува дека архитектите се единствени стручни и компетентни во формирањето на сликата на градот.

Со додавање на наведениот нов челн во Предлог законот за измени и дополни во Законот за градење, повторно и одново се потценува, девалвира и навредува архитектонската професија. Овој пат тоа се случува скандалозно, со воведување на член во Закон, директно непочитување на стручност, со што се создава правна рамка за исклучување на професионалци. Единствена цел и задача на архитектите е формирање на простор врз основа на стручност и компетентност, која се стекнува со образование и работа во областа на архитектурата. Одговорност на архитектите е секогаш развој на архитектонското творење во Македонија. Без соработка, почитување и дијалог со архитектите невозможно е да се формираат, создаваат и функционираат општини, градови, простори, стои во барањето од ААМ.

Во барањето пишува дека Комората на овластени архитекти и овластени инженери има основна цел заштита на професијата инженер и заштита на јавниот интерес, со оглед на тоа дека најбројни членови на Комората се архитектите. Од ААМ очекуваат Комората да излезе во пресрет на нивното барање, бидејќи како што посочуваат тоа е нејзина обврска и со сите законски и расположиви средства треба активно да се вклучи во предлог измената на законот и го спречи додавањето на спорниот член. Првото читање на законот помина, второто читање е на дневен ред на следната седница на Комисија на транспорт, врски и екологија која ќе се одржи на 27-ми овој месец.

Новите измени во законот на последната седница, предизвикаа остри реакции кај пратениците од опозицијата. Сметаат дека законот е спротивен на Уставот, и дека на овој начин се задира во приватната сопственост, го нарекоа фашистички закон.

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Нова група јасли во Детската градинка во Миравци

Во полн ек се подготовките за реновирање, адаптација и опремување на просторот

Повеќе

Честит 11 октомври!

Денот на народното востание на македонскиот народ 11 октомври денеска се

Повеќе

Одбележувања на Детската недела во Гевгелија

Со свечен прием на 170 првачињата од основните училишта во Општината во

Повеќе

Владата одлучи: За 10 проценти поголеми плати во образованието од април

Владата вчера на седница ја разгледа и усвои информацијата за покачување на

Повеќе

Поцков: Гевгелија е веќе на прав пат

Со проектите што ги спроведува општина Гевгелија на терен како во областа на

Повеќе

Граѓанска трибина „На прав пат“ во Гевгелија

Новата кампања на СДСМ со слоганот „На прав пат“ вечерва беше промовирана и во

Повеќе

Облечете се потопло денеска и понесете чадор - студот од Европа ќе донесе ниски

Многу студена впздушна маса која е со потекло од Арктикот, уште во текот на

Повеќе

Државниот секретар на САД Мајкл Помпео во посета на Македонија

Американскиот државен секретар Мајк Помпео пред два часа пристигна во Охрид,

Повеќе

Собранието изгласа покачување на платите на јавната администрација

Со 82 гласа „за", без воздржани и против, Собранието на денешната 115-та

Повеќе

Се уредува нов детски парк во Миравци


Деновиве, во тек е уредување на нов детски парк за најмладите жители на

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.