Топ Новости

ПДС на САД до Мицковски: Разочарани сме од ВМРО-ДПМНЕ

Среда, 17 Октомври 2018

Вес Мичел, Помошник државен секретар за Европа и Евроазија при Стејт Департментот во САД упати писмо до Христијан Мицковски во кој изразува разочарување од ВМРО-ДПМНЕ и односот на раководството на партијата кон договорот од Преспа

 

 

Вес Мичел, Помошник државен секретар за Европа и Евроазија при Стејт Департментот во САД упати писмо до Христијан Мицковски во кој изразува разочарување од ВМРО-ДПМНЕ и односот на раководството на партијата кон договорот од Преспа
Вака изгледа интегралниот текст од писмото, преведено на македонски јазик, што јавно го објави и Амбасадата на САД во Република Македонија.


Соединети Американски Држави
Стејт Департмент

Помошник државен секретар за Европа и Евроазија
Вашингтон, ДЦ, 20520

16 октомври 2018

Г-дин Христијан Мицкоски
Претседател
ВМРО-ДПМНЕ
Плоштад на ВМРО, бр. 1
1000 Скопје
Република Македонија

Почитуван Христијан,

Како што веќе разговаравме, Соединетите Држави силно веруваат дека Договорот од Преспа помеѓу Македонија и Грција е историска можност за Македонија да обезбеди посветла иднина и да придонесе кон регионалната безбедност, стабилност и просперитет. И покрај тврдењата дека можел да се постигне некаков “подобар договор”, ние не веруваме дека тоа е можно. Овој договор бараше компромис и од двете страни. Тоа е прилика што веројатно нема да се повтори со години, ако не и со децении.

Нема да Ве изненади што ние сме разочарани од позициите на челниците на ВМРО-ДПМНЕ како во однос на референдумот, така и во врска со чекорите во Собранието за промена на Уставот. Уште од осамостојувањето на Македонија, граѓаните од сите заедници и партии, вклучувајќи ја и Вашата, силно го поддржуваат пристапувањето на земјата кон НАТО и кон ЕУ. Сега Собранието е на ред да го преземе следниот, одлучувачки чекор. Ве поттикнуваме да создадете простор, во јавноста и приватно, за пратениците од Вашата коалиција да одлучат како ќе гласаат за уставните промени, ослободени од закани од насилство, одмазда, или друг облик на принуда.

Ова е историски важен момент за Вашата земја, момент што бара храбро лидерство и зрелост. Како вистински пријател и поддржувач на Македонија, Ве поттикнуваме да ги тргнете настрана партиските интереси со цел унапредување на заедничките стратешки интереси и обезбедување на посветла иднина за вашите граѓани во европското семејство на народи.

Со почит,

А. Вес Мичел

Оригиналното писмо: Wess Mitchell letter to VMRO Leader Hristijan Mickoski  (10.16.2018)

Линк до оригиналното писмо објавено на ВЕБ страната на Амбасадата на САД во РМ

Last modified on Среда, 17 Октомври 2018 - 12:15

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Сугарески на увид на изградбата на патната мрежа во Гевгелија и Богданци

Во текот на летната сезона, додека временските услови погодуваат за работа, на

Повеќе

Караорман ќе добие нова водоводна мрежа

Населбата Караорман, каде годиниве наназад имаше интензивна градежна активност

Повеќе

Обвинителството ја прошири истрагата за „Рекет“ и бара притвор за Катица Јанева

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески денеска на прес конференција одржана

Повеќе

Поделени картички за зелена нафта на земјоделци од општина Гевгелија

Со доделување на картички за набавка на субвенционирано дизел гориво за

Повеќе

Исчезна глечерот ОК во Исланд, за еден ден се стопија 12,5 милијарди тони мраз

Граѓаните на Исланд, но и светот, од вчера се збогуваа со глечерот Окјоклур,

Повеќе

Пожарот во гевгелиско изгоре 100 хектари нискостеблеста шума и земјоделски

Пожарот што вчера ги зафати површините со земјоделски насади, полето кај

Повеќе

Актуелно: Опожарена трева покрај железничката пруга кај Давидово го донесе

Со дојава до Пожарна Гевгелија во 11:15 часот денеска е актуелизирана акција за

Повеќе

Гевгелија донира за оштетените од пожарот

Неделниот викенд ден гевгеличани се солидаризираа со оштетените од опожарената

Повеќе

SKY Хотел повторно вработува

Шест месеци по првиот голем оглас за прием на нови работници, SKY хотел во

Повеќе

Експресен пат од ГП Ново Село до Смоквица и Коридор 10

Директорот на Јавното претрпијатие за државни патишта Зоран Китанов денеска ја

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.