Груевски ја ставил партијата во функција на настаните од 27 април

Четврток, 21 Февруари 2019

ОЈО: Осомничениот Н.Г. како тогашен претседател на политичка партија преку медиум ги повикал граѓаните на протести и заедно со другите обвинети за таа цел ја ставиле во функција целата партиска структура

 

 

Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески и шефицата на ОЈО, Вилма Рускоска, на денешната прес-конференција одржана во Јавното обвинителство соопштија дека ќе се бара проширување на барањето за екстрадиција на Груевски, кој по бегството од Македонија доби азил во Унгарија, а истото ќе биде побарано и за осомничениот во оваа истрага, Никола Бошковски од УБК, кој е избеган во Грција.

Рускоска истакна дека бидејќи се работи за истражна постапка, доказите се наоѓаат во ЈОРМ и тие ќе бидат испратени до Кривичниот суд, затоа што според законот, судот е тој што поднесува докази и барање за екстрадиција до Министерството за правда.

– Во наредбата за истрага стои дека осомничениот Н.Г. како тогашен претседател на политичка партија преку медиум ги повикал граѓаните на протести и заедно со другите обвинети за таа цел ја ставиле во функција целата партиска структура. Имаме и пораки, дел од тие докази се обезбедени, за тоа е и отворена истрагата, а на дел се уште се работи – изјави Рускоска.

Во ставањето во функција на партијата тука биле уште двајца осомничени, ексминистрите Спиро Ристовски и Миле Јанакиески. Цело време, како што рече обвинителката, имало партиска координација со месните и општинските комитети на партијата за излегување на протестите кои се организираа во периодот пред 27 април, како и за повикување на масовност дента на упадот во Собранието.

Законот за амнестија што беше донесен за дел од обвинетите за насилствата во Собранието на 27 април, според Рускоска не би требало да биде пречка во постапката која се води против организаторите на упадот.

– Во Законот за амнестија не е амнестирано кривично дело, туку поединечни дејствија. Таму стриктно е наведено дека законот за амнестија не важи за организатори – рече Русковска.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција вчера почна истрага за гонење на пет лица кои се сомничат дека се организатори на настаните од 27 април. Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“. Меѓу нив е и поранешниот премиерот Никола Груевски, како и избеганиот разузнавач Никола Бошкоски.

Вчера им беше одреден триесетдневен притвор за поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски кои се осомничени дека учествувале во организација и спроведување на насилствата во Собранието кои се случија на 27 април.

Според информациите од Кривичниот суд, на Ристовски и Јанакиески им е одреден притвор поради можност од бегство и влијание врз сведоци. Адвокатите на Ристовски и Јанакиески најавија жалби на одлуките за притвор.

 

Извор: Нова Македонија

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Стојачани го развиорија МК знамето на Кинескиот ѕид

По дваесет дневно патешествие двајцата автомобилисти авантуристи од

Повеќе

Прекинот на струја за викендот ОДЛОЖЕН

Од ЕВН КЕЦ Гевгелија известуваат дека најавените работи за модернизација на

Повеќе

Деца од Гевгелија на бесплатен одмор во Струга

Во организација на Министерството за труд и социјала, а во соработка со

Повеќе

Асфалтирање на улични краци во Миравци и Давидово

Улицата „Климент Охридски“ во Миравци од вчера е во работна атмосфера. Се

Повеќе

Во сабота без струја Гевгелија и 11 населени места


Поради работа на реконструкција и модернизирање на електродистрибутивната мрежа

Повеќе

Обнова на хоризонталната сигнализација на улиците во Гевгелија

Од денеска на главните сообраќајници во Гевгелија работници на фирмата „Виа

Повеќе

30 дневен притвор за Боки 13 и Кичеец

Барањето на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е

Повеќе

Шефицата на СЈО, Катица Јанева, поднесе оставка

Шефицата на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, поднесе оставка.

Повеќе

МНР: Нема настрадани македонски државјани во невремето на Халкидики

Согласно комуникацијата остварена со надлежните служби, Генералниот конзулат на

Повеќе

Бесплатен одмор во Струга за 700 деца од семејства во социјален ризик

Околу 700 деца и нивни придружници од семејства во социјален ризик од цела

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.