Топ Новости

Силјановска го прифати уставното име на државата

  • Четврток, Апр 04 2019

Од вечерашното соочување на претседателските кандидати

 

 

На првото соочување на кандидатите за претседател на државата, водителската на ТВ Телма посочи дека Силјановска во кампачања изјавила дека се чувствува повредена, понижена и поразена од Договорот од Преспа, па ја праша кандидатката на ДПМНЕ: „Меѓутоа вие се кандидирате за претседател на државата и ако станете претседател дали ќе го почитувате договорот и ќе ја именувате државата како Република Северна Македонија?“

- „Се разбира, бидејќи во моментот тој стана дел од Уставот. Меѓутоа во примената има разлика. Јас ќе го почитувам преименувањето на написите на сите институции кои преку ноќ станаа национални, ама не знаеме што значи тоа национално. Бидејќи, кога ќе речете во Франција национално тоа значи француско, кога ќе речете во Албанија национално тоа значи албанско. Дури и во Македонија кога ќе речете Национална албанска сателитска телевизија тоа значи албанска.
Да. Ќе го применувам. Тоа значи, лично како индивидуа секогаш ќе го одбегнувам називот Северна Македонија и се разбира, ќе ги употребувам придавките македонски, македонска, зошто и во членот 7, став 2 пишува дека тоа е дозволено.
Тврдам, кога ќе речете национално мислите на етнос, или на демос. Јас мислам на демос. Не создава државата културни и научни вредности, туку нацијата како демос. Значи за мене нема никакви пречка да стои придавката македонски пред сите национални институции“ беше одговорот на Силјановска Давкова по прашањето на примената на Преспанскиот договор и употребата на Уставното име на државата.

Пендаровски ја пофали одлуката на Силјановска да го почитува уставното име на државата, но изрази сомнеж како тоа ќе го разграничи како индивидуа.

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Актерот Дац му подри метла на Заев

Инспириран од резултатите од првиот изборен круг и воздржаноста на некои од

Повеќе

Пендаровски води со 4.596 гласови

 

На петтите претседателски избори одржани во неделата, на 21 април,

Повеќе

Гевгелија го надмина законскиот цензус на излезност

 

Со излезност од 58,24% до 18:30 часот, според првичните податоци на ДИК,

Повеќе

Гевгелија до 13 часот со поголема излезност од државниот статистички пресек

 

Вкупниот гласачки капацитет на општина Гевгелија е ставен во функција

Повеќе

Претседателски избори 2019 - ден на гласање

 

 

Петтите по ред Претседателски избори во Македонија денеска се

Повеќе

Пендаровски во Гевгелија: На 21 април не одлучуваме за име, туку за политики

 

- „Гласајте за бројот три. Со него во 2014 бевме морални победници, сега на

Повеќе

Средба на Заев и Анѓушев со бизнисмени од Гевгелија

 

Компаниите да ги искористат мерките за унапредување на соработката со

Повеќе

Премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев во обиколка на системот за

 

 

- „Надминат е сериозниот проблем за водоснабдување од 2012 година и

Повеќе

Донаторска акција „Нахрани 10.000“ во Гевгелија

 

 

Националната хуманитарната акција „Нахрани 10.000“ за собирање храна,

Повеќе

Општина Дојран со добри дела за децата

Ангов: „Секогаш сме тука за доброто на децата. Тие се и ќе останат врвен

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.