Топ Новости

Претседателски избори 2019 - ден на гласање

Недела, 21 Април 2019

 

 

Петтите по ред Претседателски избори во Македонија денеска се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и Град Скопје и на 32 во странство. Право на глас имаат 1.808.131 граѓанин.

Во изводите од избирачкиот список според ДИК, се запишани 1.726.795 гласачи, 77.579 избирачи се на привремена работа или престој во странство, 1.640 се на издржување казна затвор или се во притвор, седум гласачи се запишани како внатрешно раселени лица, а 71 лице со престој во старечките домови во државата. Во посебниот извод од избирачкиот список за лица кои поднеле пријава во ДКП во странство се запишани 1.782 гласачи.

Узбирачките места денеска се отвараат во 07 часот и граѓаните ќе можат да гласаат до 19 часот кога гласачкиот процес завршува.

Во текот на вчерашниот ден, сабота, гласаа лицата на издржвање казна затвор во Казнено поправните установи, лицата со мерка притвор, болните и изнемоштени кои гласаат дома и лицата во старечките домови, како и пријавените лица во ДКП во странство.

Највисок процент на излезност има во старечките домови (98,59 %) каде вчера гласале 70 лица од запишаните 71 со можност на глас.
Висока граѓанска одговорност покажале и болните лица - од нив вчера гласале 3.064 болни или немоќни од вкупно пријавените 3.539 (86,58 %). Висок оздив за гласање од 55 %, имало и во затворските установи, и одзив од високи 58,33 % од притворените лица од кои гласале седум од 12 кои издржуваат мерка притвор.
Најмала е излезноста во ДКП во странство. Таму гласале 686 гласачи, односно 39,5%. Поради временската зона во резултатите не се вклучени гласовите во САД и Канада.

 

 

 

Last modified on Недела, 21 Април 2019 - 05:43

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Исчезна глечерот ОК во Исланд, за еден ден се стопија 12,5 милијарди тони мраз

Граѓаните на Исланд, но и светот, од вчера се збогуваа со глечерот Окјоклур,

Повеќе

Пожарот во гевгелиско изгоре 100 хектари нискостеблеста шума и земјоделски

Пожарот што вчера ги зафати површините со земјоделски насади, полето кај

Повеќе

Актуелно: Опожарена трева покрај железничката пруга кај Давидово го донесе

Со дојава до Пожарна Гевгелија во 11:15 часот денеска е актуелизирана акција за

Повеќе

Гевгелија донира за оштетените од пожарот

Неделниот викенд ден гевгеличани се солидаризираа со оштетените од опожарената

Повеќе

SKY Хотел повторно вработува

Шест месеци по првиот голем оглас за прием на нови работници, SKY хотел во

Повеќе

Експресен пат од ГП Ново Село до Смоквица и Коридор 10

Директорот на Јавното претрпијатие за државни патишта Зоран Китанов денеска ја

Повеќе

Заев: Нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и педер да ја

На прославата на 18-годишнината од Охридскиот рамковен договор првпат по

Повеќе

Пендаровски: Брзо расчистување на случајот „Рекет“

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска јавно побара брзо

Повеќе

Дојрански ракувања 2019 со фестивал на риба и вино

Со тридневен фестивал на рибата и виното, но со богата музичка забава синоќа

Повеќе

Олдкар тимот со донација за семејствата од опожарената зграда

Банкарски налог со уплата од 15.500,- денари е сумата која денеска ја уплатија

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.