„Метлата“ започнува со министерски смени

Среда, 08 Мај 2019

Протекоа имињата на првите смени во Владините министерства.

Од извори во ДУИ се дознава дека договорот за размена на министерски ресори веќе е направен на највисоко ниво, меѓу премиерот Заев и Али Ахмети, пишува порталот „Магазин“. Најзаинтересиран за позицијата во Министерствто за правда бил поранешниот градоначалник на Гостивар, Невзат Бејта, но бидејќи Заев и Ахмети се согласиле да ставаат понови лица во владата, фаворит за министер за правда засега е Башким Хасани, кој му беше шеф на кабинет на Бејта и негова десна рака во општината. Башким Хасани во Гостивар е познат и како висок функционер на огранокот на ДУИ и човекот кој најчесто ги држи прес конференциите кога треба да се нападне градоначалникот Таравари, кој доаѓа од Алијансата на албанците.
Иако министерката за правда Дескоска денес изјави дека нема намера “да шета по министерства и да се враќа назад во образование“, таа преферира да и' се врати на професорската фела во катедрата на Универзитетот од каде дојде на министерска функција.


Другите можни поместувања во владата се размена на министерствата за култура и економија меѓу СДСМ, Алтернатива и ДУИ, односно, после оставката на министерот Асаф Адеми ова министерство ќе го раководи кадар од СДСМ, додека пак партијата на Африм Гаши ќе го превземе ресорот за економија, кој моментално го води ДУИ. За компензација, како што веќе напишавме, ДУИ ќе го добие министерството за правда. Кандидати за нов министер за култура во СДСМ има многу, но најзаинтересиран е поранешниот министер Роберт Алаѓозовски.

Истовремено, СДСМ се спрема да го превземе и министерството за надворешни работи, после најавеното можно повлекување на Никола Димитров и неговото евентуално заминување во Америка како висок советник во политичко-истражувачкиот институт “Брукингс“ во Вашингтон. Како најсериозен наследник на Никола Димитров во МНР се споменува актуелниот државен секретар Виктор Димовски, кој е проверен партиски кадар на СДСМ, а во времето на мандатот на Црвенковски беше и директор на Агенцијата за разузнавање. Министерката Дескоска можно е воопшто да не биде дел од новиот владин состав после најавената реконструкција.


Сепак, на социјалните мрежи се огласија „сменетите“ министри.
Наводите дека Никола Димитров заминува во САД и дека СДСМ размислува за чисто партиско решение, министерот кусо ги искоментира како производ на партиските кујни.

- „Гладна кокошка просо сонува“, објави Министерот за надворешни работи на Фејсбук.

И министерката Рената Треневска-Дескоска ги отфрла шпекулациите дека откако ќе го заокружи Законот за обвинителство и за СЈО, ќе се врати како прв човек во Министерството за образование.

Министерот Венко Филипче очекува премиерот Заев да ја спроведе реконструкцијата што ја најави, но не очекува тој да биде дел од неа. Најавува „метла“ во здравствениот сектор.

Наредните денови, Зоран Заев и Али Ахмети почнуваат разговори на тема: реконструкција на Влада. Предлогот за разрешување на дел од постојните министри и избор на нови, се очекува во Собранието да се најде некаде во јуни, најавува министерот Османи, заедно со првите луѓе во новото Министерство за политички систем, кое треба да се формира по укинувањето на Секретаријатот за рамковен договор.

- „Оваа дебата не е отворена ниту во партијата ниту меѓу коалициските партнери. Се очекува наредните денови двајцата коалициски лидери да почнат разговори и да изградат конкретно мислење околу работата на министрите“, вели Османи.




Last modified on Среда, 08 Мај 2019 - 17:40

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Чествување на Светите Кирил и Методиј

Гевгелиската епархија и Црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Гевгелија денеска и

Повеќе

Одбележан Патрониот празник на ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Патрониот празник на Општинското основно училиште „Крсте Мисирков“ од Гевгелија

Повеќе

Заев ги разреши сите претседатели на Општински ограноци на СДСМ

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека донел одлука за разрешување на сите

Повеќе

СДСМ: Социјалната помош ќе порасне за 300 % од сегашните 3.900 денари

Собранието на РСМ денеска го изгласа новиот Закон за социјална заштита кој ќе

Повеќе

Работилница за кинези терапија на „Мобилност“ Гевгелија

Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ од Гевгелија, вчера во

Повеќе

Видео: Заев во Србија на отворањето на Коридор 10

- „Се радуваме на успешните потфати на сите наши соседи“ рече Премиерот Зоран

Повеќе

Матурска парада во Гевгелија по 13-ти пат

Сто и педесет гевгелиски матуранти денеска во центарот на Гевгелија по 13-ти

Повеќе

ЦИВИЛ: Да се укинат неразумните и прескапи повластици и привилегии за

ЦИВИЛ – Центар за слобода бара од законодавната и извршната власт да стават

Повеќе

Наградени ученици од ООУ „Климент Охридски“ од Миравци

Први по македонски, втори по математика, пофалени за англиски јазик, тоа е

Повеќе

Заев ги најави критериумите за „Метлата“

Промени на раководните структури на министерско ниво, во државните институции,

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.