Топ Новости

Седуммина струмичани под истрага за убиство во Стар Дојран

Четврток, 09 Мај 2019

Основното јавно обвинителство – Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против седум лица од Струмица на возраст од 19 години до 25 години. Со истрагата е опфатено едно лице на возраст од 24 години за кривично дело „убиство“ од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик, против едно лице за истото кривично дело како поттикнувач и против пет други лица во својство на помагачи при извршување на кривичното дело.

На 01 мај, пред хотел во Стар Дојран дошло до вербална расправија помеѓу двајца од осомничените кои биле во алкохолизирана состојба и двајца вработени во хотелот. Расправијата преминала во физичка пресметка. На вработените во хотелот им се придружило уште едно лице, додека двајцата сега осомничени повикале уште пет други лица да дојдат во хотелот, бидејќи имаат проблем. Во еден момент сите осомничени го заобиколиле оштетениот кој им помагал на вработените во хотелот. Додека оштетениот му бил завртен со грб, еден од осомничените со нож му нанел две убодни рани во пределот на горната десна страна од грбот и една убодна рана во средината на градниот кош.

Од извршената анализа на алкохол во крвта е констатирано дека осомничениот во тој момент бил во алкохолизирана состојба во која самиот се довел со количина од 1,69 промили алкохол во крвта.

Имајќи ја предвид тежината на стореното кривично дело и запретената казна, Основното јавно обвинителство Велес оцени дека постои можност осомничениот кој директно го извршил делото да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело. Исто така, бидејќи останатите осомничени му се блиски пријатели, а едниот му е брат веројатно е дека може да врши и влијание врз нив со кое ќе го попречува водењето на истражната постапка. Затоа Основното јавно обвинителство – Велес до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Велес поднесе предлог за определување мерка притвор за ова осомничено лице, додека за другите осомничени е предложено да бидат определени мерки на претпазливост.

Извор: Правосудство.мк


Last modified on Четврток, 09 Мај 2019 - 19:40

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Летна еколошка акција во Гевгелија

Во пресрет на почетокот на учебната година Општина Гевгелија и ЈПКД „Комуналец“

Повеќе

Продажба на градежно земјиште во Гевгелија

Единаесет градежни парцели во државна сопственост, со вкупна површина од 10.991

Повеќе

Авиони-канадери го угаснаа пожарот кај Мамино на Погана

Пожарот кој вчера беше регистриран во областа Мамино, на Погана, во близина на

Повеќе

Агенцијата за медиуми решава за прекршоци на 4 локални телевизии

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска на седница

Повеќе

Се асфалтира последниот километар од патот Негоци-Серменин

Патот долг 27 километри од Негорци до планинското село Серменин на Кожуф

Повеќе

Амазонија гори две недели, чадот се гледа од вселената

Бразилската вселенска агенција извести дека бројните пожари кои ја зафатија

Повеќе

Триесет дена притвор за Катица Јанева

Од вечерва шефицата на СЈО, Катица Јанева, е во истражниот затвор „Скопје” во

Повеќе

Сугарески на увид на изградбата на патната мрежа во Гевгелија и Богданци

Во текот на летната сезона, додека временските услови погодуваат за работа, на

Повеќе

Караорман ќе добие нова водоводна мрежа

Населбата Караорман, каде годиниве наназад имаше интензивна градежна активност

Повеќе

Обвинителството ја прошири истрагата за „Рекет“ и бара притвор за Катица Јанева

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески денеска на прес конференција одржана

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.