Инаугурација на Претседателот на РСМ Стево Пендаровски

Недела, 12 Мај 2019

Денеска напладне во Собранието на РСМ на свечена седница новоизбраниот Претседател на државата Стево Пендаровски имаше свечена инаугурација пед пратениците од Законодавниот дом, бројни претставници на јавни институции во државата, дипломатскиот кор, како и претседатели од соседните балкански земји, Албанија, Бугарија, Србијаи, Косово, министрите за надворешни работи на Црна Гора и Грција, заменици министри за надворешни работи на Турција и Полска, и високиот претставник на кабинетот на претседателот на Република Словенија.

Седницата ја водеше претседателот на Собранието Талат Џафери, а свое обраќање имаше и Стево Пендаровски повторувајќи ги своите програмски заложби за Македонија во ЕУ и НАТО, отворена соработка со медиумите, поддршка и соработка со граѓанскиот сектор кој неправедно беше потиснуван од минатата гарнитура на власт за напредок на земјата на стопански и безбедносен план, соработката со соседите за заедбички напредок и развој на добрососедство и напредок.

- „Како ваш Претседател, се обврзувам дека ќе се грижам за сите граѓаните поеднакво, ќе подадам рака кон сите политички партии, кон сите етнички заедници. Посветено ќе работам да го забрзам патот на нашата земја кон ЕУ и НАТО, ќе ги поддржам граѓанскиот сектор и слободата на медиумите. Со нула толеранција за корупцијата и непотизмот, ќе изградиме професионални институции и држава според европски стандарди. Нека ни е вечна нашата татковина - Република Северна Македонија“, рече Пендаровски во својот говор.

 

Last modified on Недела, 12 Мај 2019 - 15:06

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Чествување на Светите Кирил и Методиј

Гевгелиската епархија и Црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Гевгелија денеска и

Повеќе

Одбележан Патрониот празник на ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Патрониот празник на Општинското основно училиште „Крсте Мисирков“ од Гевгелија

Повеќе

Заев ги разреши сите претседатели на Општински ограноци на СДСМ

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека донел одлука за разрешување на сите

Повеќе

СДСМ: Социјалната помош ќе порасне за 300 % од сегашните 3.900 денари

Собранието на РСМ денеска го изгласа новиот Закон за социјална заштита кој ќе

Повеќе

Работилница за кинези терапија на „Мобилност“ Гевгелија

Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ од Гевгелија, вчера во

Повеќе

Видео: Заев во Србија на отворањето на Коридор 10

- „Се радуваме на успешните потфати на сите наши соседи“ рече Премиерот Зоран

Повеќе

Матурска парада во Гевгелија по 13-ти пат

Сто и педесет гевгелиски матуранти денеска во центарот на Гевгелија по 13-ти

Повеќе

ЦИВИЛ: Да се укинат неразумните и прескапи повластици и привилегии за

ЦИВИЛ – Центар за слобода бара од законодавната и извршната власт да стават

Повеќе

Наградени ученици од ООУ „Климент Охридски“ од Миравци

Први по македонски, втори по математика, пофалени за англиски јазик, тоа е

Повеќе

Заев ги најави критериумите за „Метлата“

Промени на раководните структури на министерско ниво, во државните институции,

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.