Топ Новости

Јанева: „Мене не може да ме сменат зошто Законот за СЈО нема персонални решенија“

Вторник, 14 Мај 2019

- „Додека можам да бидам специјален јавен обвинител ќе останам до крај, не поради тоа што сакам, туку затоа што сметам дека заслужувам да бидам на чело на оваа институција“, рече денеска Катица Јанева одговарајќи на новинарско прашање пред почетокот на денешниот панел „Реформски бенч-мракови. Дали имаме реформи и зошто не?“

Јанева не сакаше да го коментира прашањето дали е потребна лидерска средба за да се најде решение за законот за јавно обвинителство со кој треба да се реши идниот стстус на СЈО.

Според Јанева, барањето на ВМРО-ДПМНЕ за нејзино разрешување од функцијата во СЈО е политичка изјава која, како што рече, „ниту држи вода, ниту е на место и нема основа“.

- „Мене не може да ме сменат, затоа што во законот нема персонални решенија. Се знае што се пишува во закон, ако сме писмени во Македонија за да сфатиме дека тоа не се пишува во закон“, рече Јанева.

Таа истакна дека согласно Законот за СЈО мандатот и' истекува во септември, додавајќи дека доколку сега се донесе нов закон не и истекува мандатот на 15 септември.

- „Ако моето место оди на реизбор, тогаш тоа е нормална работа што е демократско право во секоја држава“, нагласи Јанева и додаде дека повторно ќе конкурира да биде специјален јавен обвинител.

 

 

Last modified on Вторник, 14 Мај 2019 - 20:06

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Исчезна глечерот ОК во Исланд, за еден ден се стопија 12,5 милијарди тони мраз

Граѓаните на Исланд, но и светот, од вчера се збогуваа со глечерот Окјоклур,

Повеќе

Пожарот во гевгелиско изгоре 100 хектари нискостеблеста шума и земјоделски

Пожарот што вчера ги зафати површините со земјоделски насади, полето кај

Повеќе

Актуелно: Опожарена трева покрај железничката пруга кај Давидово го донесе

Со дојава до Пожарна Гевгелија во 11:15 часот денеска е актуелизирана акција за

Повеќе

Гевгелија донира за оштетените од пожарот

Неделниот викенд ден гевгеличани се солидаризираа со оштетените од опожарената

Повеќе

SKY Хотел повторно вработува

Шест месеци по првиот голем оглас за прием на нови работници, SKY хотел во

Повеќе

Експресен пат од ГП Ново Село до Смоквица и Коридор 10

Директорот на Јавното претрпијатие за државни патишта Зоран Китанов денеска ја

Повеќе

Заев: Нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и педер да ја

На прославата на 18-годишнината од Охридскиот рамковен договор првпат по

Повеќе

Пендаровски: Брзо расчистување на случајот „Рекет“

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска јавно побара брзо

Повеќе

Дојрански ракувања 2019 со фестивал на риба и вино

Со тридневен фестивал на рибата и виното, но со богата музичка забава синоќа

Повеќе

Олдкар тимот со донација за семејствата од опожарената зграда

Банкарски налог со уплата од 15.500,- денари е сумата која денеска ја уплатија

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.