Видео: Заев во Србија на отворањето на Коридор 10

Недела, 19 Мај 2019

- „Се радуваме на успешните потфати на сите наши соседи“ рече Премиерот Зоран Заев денеска во Србија на пуштањето на Коридорот 10.

Македонскиот Премиерот, беше гостин на настанот на покана на српскиот претседател, Александар Вучиќ присуствувајќи на свеченото отворање на новото автопатско решение во должина од 26 километри кое поминува низ Грделичка клисура од Коридорот 10.

По овој повод Заев имаше и свое обраќање во кое изрази голема благодарност за поканата да биде дел од важен настан во Република Србија, а со тоа, како што кажа, и за нашата земја и за регионот.

- „Се радуваме на успешните потфати на сите наши соседи. Сега, кога гледаме колку изгледа величенствено ова модерно автопатско решение, кое во еден дел поминува и низ една од најтешките делници заради Грделичката клисура, честитките за успешниот зафат добиваат уште поголемо значење. Така е кога се работи вредно и посветено. Резултатите се евидентни. Сега, нашите граѓани, граѓаните на двете земји, како и европските граѓани, имаат автопатско решение од северната до јужната порта на Европската Унија“, истакна премиерот додавајќи дека од Скопје до Белград отсега ќе се патува за три и пол до четири часа.

- „Коридорот 10 сега навистина го личи. Вистинска eвропска вредност на поврзување и комуникација. На територијата на Република Северна Македонија тој е комплетиран минатата година кога ја пуштивме во употреба делницата Демир Капија – Смоквица, во должина од 28 километри. Проектот го реализиравме заедно со нашите стратешки партнери – Европската Унија, под слоганот ‘Подобро поврзани’“, кажа Заев.


Last modified on Недела, 19 Мај 2019 - 17:45

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Нова група јасли во Детската градинка во Миравци

Во полн ек се подготовките за реновирање, адаптација и опремување на просторот

Повеќе

Честит 11 октомври!

Денот на народното востание на македонскиот народ 11 октомври денеска се

Повеќе

Одбележувања на Детската недела во Гевгелија

Со свечен прием на 170 првачињата од основните училишта во Општината во

Повеќе

Владата одлучи: За 10 проценти поголеми плати во образованието од април

Владата вчера на седница ја разгледа и усвои информацијата за покачување на

Повеќе

Поцков: Гевгелија е веќе на прав пат

Со проектите што ги спроведува општина Гевгелија на терен како во областа на

Повеќе

Граѓанска трибина „На прав пат“ во Гевгелија

Новата кампања на СДСМ со слоганот „На прав пат“ вечерва беше промовирана и во

Повеќе

Облечете се потопло денеска и понесете чадор - студот од Европа ќе донесе ниски

Многу студена впздушна маса која е со потекло од Арктикот, уште во текот на

Повеќе

Државниот секретар на САД Мајкл Помпео во посета на Македонија

Американскиот државен секретар Мајк Помпео пред два часа пристигна во Охрид,

Повеќе

Собранието изгласа покачување на платите на јавната администрација

Со 82 гласа „за", без воздржани и против, Собранието на денешната 115-та

Повеќе

Се уредува нов детски парк во Миравци


Деновиве, во тек е уредување на нов детски парк за најмладите жители на

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.