Топ Новости

СДСМ: Социјалната помош ќе порасне за 300 % од сегашните 3.900 денари

Вторник, 21 Мај 2019

Собранието на РСМ денеска го изгласа новиот Закон за социјална заштита кој ќе почне да се применува од 1 јуни годинава. По тој повод се огласи пратеничката Шахпаска од СДСМ од прес центарот во Собранието истакнувајќи дека тоа овозможува пораст на социјалната помош од сегашните 3.900 денари на над 11.000 денари, што претставува пораст од над 300 насто.

- „На денешната седница беше изгласан Законот за социјална заштита кој е од особено значење за граѓаните. Суштински се менува на подобро системот на социјална заштита и начинот на којшто се грижиме за ранливите групи граѓани, градиме фер и праведно општество за сите. Со Законот се воведува „семеен пакет на права“ со кој значително ќе се зголеми паричната поддршка за семејствата во социјален ризик“, рече на прес конференција Јагода Шахпаска, пратеничка на СДСМ и коалицијата.

- „Овој пакет обезбедува гарантирана минимална помош, додаток за попреченост, енергетски додаток, детски додаток и образовен додаток.

Социјалната помош од сегашните 3.900 денари ќе порасне на нешто повеќе од 11 илјади денари, односно речиси за 300 отсто“,  рече таа.

- „Истовремено, се олеснува пристапот до надоместокот на 24 000 домаќинства кои во моментот добиваат социјална помош, а се отвора можност да бидат опфатени и дополнителни 11.000 домаќинства.

Освен зголемувањето на висината на социјалната помош, со новиот Закон се зголемува опфатот на лица кои добиваат детски и образовен додаток.

За разлика од 3.200 деца кои досега добиваа детски додаток, со новиот детски и образовен додаток опфатени ќе бидат над 60.000 деца. Оваa мерка има за цел да извлекува од детска сиромаштија.

Ова се само дел од од мерките во новиот Закон за социјална заштита кои имаат за цел извлекување од сиромаштија. Се заокружува социјалната реформа која има за цел градење на фер и праведно општество за сите. Покажеме одговорност, солидарност, обезбедивме подобра живејачка и повисок животен стандард за сите граѓани“, порача Шахпаска.

 

Last modified on Вторник, 21 Мај 2019 - 22:57

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Излезноста од 52,35% во Гевгелија до 17 часот, на ново на држава 38,78%

Општина Гевгелија продолжува со висока излезност и свест на своето гласачко

Повеќе

Излезноста во Гевгелија до 17 часот е 44%, а на ново на држава 38,78%

Општина Гевгелија продолжува со висока излезност и свест на своето гласачко

Повеќе

Во општина Гевгелија излезност од 34,63% до 13 часот

Во текот на денешниот ден за гласање на 10-те по ред Парламентарни избори во

Повеќе

Денес гласаа 179 болни лица во општина Гевгелија

Од вкупно пријавените 8.846 болни, хронично болни, изнемоштени и лица згрижени

Повеќе

Од утре на летување на државен трошок - Ваучерите за туризам стапуваат во

Туристичкото лето и капацитетите од понудата на домашните летни, бањски,

Повеќе

Тешко повреден 19 годишен мотоциклист од Гевгелија

Од денешниот билтен на евидентирани полициски извештаи за кои јавува МВР

Повеќе

Денес гласаат 697 лица во карантин и самоизолација, еден е од Гевгелија

Во трите дена за гласање определени за изјаснување на граѓаните на 10-те по ред

Повеќе

Прес на СДСМ Гевгелија - Претседателот Видимче со порака до гласачите да

На 15 јули треба да гласаме за продолжување на сигурниот пат на напредокот што

Повеќе

Заев и Димитров во Миравци: „Сите правци водат во Миравци“

Миравчани горди што од своето место ќе го имаат новиот пратеник од редовите на

Повеќе

Пристигна избирачкиот материјал во ОИК Гевгелија, право на глас имаат 19.107

Општинската изборна комисија во текот на вчерашниот ден го прими гласачкиот

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.