Топ Новости

Заев ги разреши сите претседатели на Општински ограноци на СДСМ

Четврток, 23 Мај 2019

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека донел одлука за разрешување на сите претседатели на општински ограноци на СДСМ.

- „Синоќа донесов одлуки, а денеска е ред да ги споделам – ќе бидат изработени решенија од страна на администрацијата на СДСМ и во текот на денов ќе ги потпишам решенијата. Одлуката е – се разрешуваат сите претседатели на општински ограноци на СДСМ. Сакам да им се заблагодарам на сите за активноста, работата, служењето на граѓаните, како претставници на локално ниво на најголемата владејачка партија, на сите претседатели на оние општински организации каде се победи на изборите. Апелирам да бидат повторно кандидати, нека се кандидираат на следниот конкурс кој уште идната седмица ќе биде објавен во постапка, изјави Заев по работниот појадок со бизнисмените што се одржа во хотелот Хилтон.

Премиерот појасни дека како што ќе ги носат одлуките така ќе ги објавуваат преку медиумите и ќе ги информираат граѓаните.

- "Почетокот на јуни или првата половина на јуни ќе се случуваат промените во општествениот сектор, тоа се јавните претпријатија, министерствата, Владата и сите владини институции. Во политичкиот дел во мојата партија каде јас сум директно надлежен, а тоа е во изборот на претседатели на општински организации, одлуката веќе ја донесов и синоќа ја соопштив на координација на колегите од раководството заради тоа што тоа е мое право, конечната одлука е токму таа“, рече Заев.

Тој информира дека разрешувањата се во вкупно 78 општински организации. Органите и телата на СДСМ веднаш ќе донесат одлука за отпочнување постапка за избор на нови раководства.


Last modified on Четврток, 23 Мај 2019 - 12:46

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Излезноста од 52,35% во Гевгелија до 17 часот, на ново на држава 38,78%

Општина Гевгелија продолжува со висока излезност и свест на своето гласачко

Повеќе

Излезноста во Гевгелија до 17 часот е 44%, а на ново на држава 38,78%

Општина Гевгелија продолжува со висока излезност и свест на своето гласачко

Повеќе

Во општина Гевгелија излезност од 34,63% до 13 часот

Во текот на денешниот ден за гласање на 10-те по ред Парламентарни избори во

Повеќе

Денес гласаа 179 болни лица во општина Гевгелија

Од вкупно пријавените 8.846 болни, хронично болни, изнемоштени и лица згрижени

Повеќе

Од утре на летување на државен трошок - Ваучерите за туризам стапуваат во

Туристичкото лето и капацитетите од понудата на домашните летни, бањски,

Повеќе

Тешко повреден 19 годишен мотоциклист од Гевгелија

Од денешниот билтен на евидентирани полициски извештаи за кои јавува МВР

Повеќе

Денес гласаат 697 лица во карантин и самоизолација, еден е од Гевгелија

Во трите дена за гласање определени за изјаснување на граѓаните на 10-те по ред

Повеќе

Прес на СДСМ Гевгелија - Претседателот Видимче со порака до гласачите да

На 15 јули треба да гласаме за продолжување на сигурниот пат на напредокот што

Повеќе

Заев и Димитров во Миравци: „Сите правци водат во Миравци“

Миравчани горди што од своето место ќе го имаат новиот пратеник од редовите на

Повеќе

Пристигна избирачкиот материјал во ОИК Гевгелија, право на глас имаат 19.107

Општинската изборна комисија во текот на вчерашниот ден го прими гласачкиот

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.