Хан: Република Северна Македонија може да почне преговори со ЕУ

Среда, 29 Мај 2019

Северна Македонија доби зелено светло за започнување преговори за членство во ЕУ. Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, презентирајќи го извештајот за достигнувањата на земјите од Западен Балкан во однос на спроведените реформи, за нашата земја посебно го истакна Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство помеѓу Македонија и Бугарија, наведувајќи ја нашата земја како „светол пример“ во регионот.

– „Северна Македонија не само што продолжи со нејзината амбициозна реформска агенда, туку и постигна историски договор со Грција, решавајќи го долгогодишниот спор околу името. Ова заедно со билатералниот договор со Бугарија е пример како да се зајакнат добрососедските односи за целиот регион. Ова е светол пример за другите земји“, рече Хан.

Тој воедно потсети дека за да остане кредибилна ЕУ мора да се држи до нејзините заложби и да одговори јасно и позитивно кога земјите ги исполнуваат своите задачи.

Следно е предлогот да биде одобрен и од Советот на министри на земјите членки на ЕУ.

Шефот на делегацијата на Европската унија во земјава, Самуел Жбогар попладне ќе го врачи Извештајот за напредокот земјата за 2019 година на претседателот Стево Пендаровски, на претседателот на Собранието Талат Џафери, на премиерот Зоран Заев и на претставник на судската власт.

По врачувањето на Извештајот, изјави ќе дадат претседателот Пендаровски, претседателот на Собранието Џафери, премиерот Заев и евроамбасадорот Жбогар.

Освен Северна Македонија и Албанија доби зелено светло за старт на преговори и позитивен извештај од ЕК.

Извор: потрал НОВА

Last modified on Среда, 29 Мај 2019 - 13:45

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Во Дојран посетителите добија бесплатни заштитни маски!

Викенд посетеноста во Дојран достигна размери блиски на летната туристичка

Повеќе

Инфраструктурно улично подобрување во Прдејци

По дводневна акција денеска заврши бетонирањето на уличен крак во населеното

Повеќе

Дезинфекција на јавните површини во Гевгелија

По налог на Општинскиот штаб за заштита и спасување денеска започна да се

Повеќе

Донација од 40.000 евра од Групацијата „Новоматик“ за Општа Болница Гевгелија

Еден месец по официјалната најава на својата одлука да донираат 200.000 евра

Повеќе

Јавното обвинителство отвори предмет против митрополитот Агатангел

Основното јавно обвинителство Велес отвори предмет по допрен глас по објавите

Повеќе

Трета акција за уништување на комарците во Гевгелија и ЈИ регион

По извршени две последователни лаврицидни прскања против комарци на места

Повеќе

Започна ревитализацијата на патот Богородица-Стојаково

Градежната оператива на „ЖИКОЛ“ ДООЕЛ Струмица од денеска е на терен со

Повеќе

Владата донесе забрана за одење на гробишта викендов на цела територија

Во петок е задушница, а во недела Духов ден. Во пресрет на овие народни

Повеќе

МВР против МВР на „Боемска“ – СВР и ЕБР ги чекаат снимките од камерите

Пазарната полиција не можеше да влезе во угостителскиот објект на улица

Повеќе

Во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија

Околу шеесетина полицајци кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.