Топ Новости
Успешна еко акција во село Богородица - Сабота, 14 Септември 2019 14:18
Празнична посетеност на Дојран - Понеделник, 09 Септември 2019 10:19
Среќно првачиња! - Вторник, 03 Септември 2019 17:55

Претседателот Пендаровски во посета на јужната граница и Транзитниот Центар за мигранти

Четврток, 04 Јули 2019

Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски придружуван од началникот на генералштабот на армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, денеска ги посети припадниците на армијата ангажирани на јужната граница.

Претседателот Пендаровски најпрвин го обиколи транзитниот центар за мигранти во Гевгелија, каде од одговорните субјекти беше запознаен со моменталната состојба во транзитниот центар и со ангажманот на меѓународната мисија „Фронтекс“.

Во сместувачкиот капацитет на припадниците на армијата, во здружениот оперативен центар, на Врховниот командант му беше презентирана моменталната безбедносна состојба на јужната граница, тактичките мерки и процедури кои ги спроведуваат армиските единици согласно доделените задачи во спречување на нелегални минувања на јужната граница.

- „Како што Република Северна Македонија беше една од најважнита алка за време на големата бегалска криза на т.н. Балканска рута и како што добивме највисоки можни оценки, најдобри квалификации за пречекот и прифатот на тие бегалци, така сме и сега подготвени ако затреба да постапиме на сличен начин. Можеме само да ги пофалиме припадниците на нашата Армија и припадниците на МВР кои работат овде веќе четврта година редовни ротации, во различни временски услови, со цел ние да бидеме безбедни и нашите граници да бидат безбедни“, изјави претседателот на Републиката Стево Пандаровски при посетата на амиските припадници ангажирани на јужната граница на Македонија.

Посетата заврши со заеднички ручек со припадниците на армијата, вховниот командант и неговите придружници од Генералштабот.

 

Last modified on Четврток, 04 Јули 2019 - 17:04

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Успешна еко акција во село Богородица

Јавните површини пред јавните простори во гевгелиското село Богородица денеска

Повеќе

Фирми и граѓани должат кон УЈП 10,2 милијарди денари

Управата за јавни приходи објави Листа на должници бр.09/2019 за долгови

Повеќе

Јавна презентација за дел од ДУП 7 (7.5) за Гевгелија

Утре со почеток во 12 часот во просториите на малата сала од Народниот театар

Повеќе

Никола Димитров ја доби наградата за Придонес кон европската интеграција на

По повод петгодишнината од основањето на порталот „Европски Западен Балкан“-

Повеќе

Празнична посетеност на Дојран

Продолжениот празничен викенд донесе поголем број гости во текот на топлиот

Повеќе

Одбележување на Денот на независноста

Со истрелување на 10 плутони од страна на артилерискиот батаљон во касарната

Повеќе

Авиони канадери го ставија под контрола вториот пожар кај Мамино

Локализиран, но не целосно ликвидиран. Ваков беше денешниот утрински извештај

Повеќе

Среќно првачиња!

Денеска во општинските основни училишта во Гевгелија се одржаа свечени приредби

Повеќе

Прекин на електроснабдувањето во Моин и Конско

„ЕВН“ КЕЦ Гевгелија ги известува корисниците на електрична енергија во општина

Повеќе

Првачињата во Миравци и Негорци прифатени, другите свечено започнуваат со

Првиот училишен ден денеска започна за првооделенците во Општинските основни

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.