Заев: Аларм за борба против лажни вести и манипулации

Вторник, 09 Јули 2019

За лажното претставување на двајца руски комичари како поранешниот претседател на Украина Порошенко и Генералниот секретар на НАТО Столтенберг и разговорот со Заев, денеска премиерот на прес конференција пред новинарите изјави: „Ова е аларм за борба против лажните вести и манипулации, инспирирани од анти нато интереси на странски фактори. Бев жртва на мојата отвореност и достапност за контакти со сите. Дел од реформите на безбедносниот систем, што ги налага системот на НАТО е „секурити системот“ кон кој ќе пристапиме кон практикување“, рече премиерот Заев.

- „Објавените разговори од страна на измамниците се алатки и тактики за медиумска дискредитација и за нанесување штета на нашите стратешки интереси, како што е членството во НАТО. Во нив се потврдуваат моите ставови кои постојано ги застапувам во јавноста, кога се во прашање интересите на државата и ги покажуваат заложбата и посветеноста на стратешките определби на нашата земја.
Во наредниот период, Влада на Република Северна Македонија ќе излезе со итен план за одлучна акција против оваа специјална акција за ширење дезинформации“, посочи Премиерот пред новинарите во врска со злоупотребата и лажното претставување на двајца комичари од Русија кои ги снимиле разговорите со Заев и од декември 2018, јануари и април 2019 ги објавуваат на социјалните мрежи токму сега кога државата е пред фазата на завршното ратификување на членството во НАТО од страна на последните 10-на земји меѓу кои и САД.



(Обраќањето на Премиерот почнува од 18:45 минута и трае до 25:25, а остатокот од 35 минути се одговори на прашања од новинарите)


Last modified on Вторник, 09 Јули 2019 - 18:27

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Стојачани го развиорија МК знамето на Кинескиот ѕид

По дваесет дневно патешествие двајцата автомобилисти авантуристи од

Повеќе

Прекинот на струја за викендот ОДЛОЖЕН

Од ЕВН КЕЦ Гевгелија известуваат дека најавените работи за модернизација на

Повеќе

Деца од Гевгелија на бесплатен одмор во Струга

Во организација на Министерството за труд и социјала, а во соработка со

Повеќе

Асфалтирање на улични краци во Миравци и Давидово

Улицата „Климент Охридски“ во Миравци од вчера е во работна атмосфера. Се

Повеќе

Во сабота без струја Гевгелија и 11 населени места


Поради работа на реконструкција и модернизирање на електродистрибутивната мрежа

Повеќе

Обнова на хоризонталната сигнализација на улиците во Гевгелија

Од денеска на главните сообраќајници во Гевгелија работници на фирмата „Виа

Повеќе

30 дневен притвор за Боки 13 и Кичеец

Барањето на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е

Повеќе

Шефицата на СЈО, Катица Јанева, поднесе оставка

Шефицата на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, поднесе оставка.

Повеќе

МНР: Нема настрадани македонски државјани во невремето на Халкидики

Согласно комуникацијата остварена со надлежните служби, Генералниот конзулат на

Повеќе

Бесплатен одмор во Струга за 700 деца од семејства во социјален ризик

Околу 700 деца и нивни придружници од семејства во социјален ризик од цела

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.