Шефицата на СЈО, Катица Јанева, поднесе оставка

Понеделник, 15 Јули 2019

Шефицата на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, поднесе оставка. Таа објави дека нејзината оставка ќе стане активна тогаш кога политичките партии ќе се усогласат за новото законско решение и ќе го изберат нејзиниот наследник.  Во оставката која е објавена на ВЕБ страната на СЈО, стои следново:

„Во моментот кога со консензус на сите политички партии бев избрана за специјален јавен обвинител, пред себеси и пред граѓаните на Република Северна Македонија ветив дека функцијата специјален јавен обвинител ќе ја извршувам во интерес на владеењето на правото и борбата против криминалот и коруцпијата во Република Северна Македонија. Се нафатив на функцијата во исклучително тешки околности и целосно свесна за задачата што ми е дадена. Чест ми беше да ѝ служам на државата и да бидам на чело на исклучително професионален обвинителски тим, истражителски тим и тим на вработени што безрезервно и посветено си ги извршуваат своите работни задачи“, вели Јанева.

Додава дека со месеци ги следи медиумските прилози за преговорите меѓу работните групи на политичките партиите за иднината на специјалното јавно обвинителство и дека нема да дозволи да биде искористена за нечие алиби.

„Еве, денес, ја користам пригодата да ја информирам јавноста дека јас нема да дозволам моето име да биде искористено за нечие алиби со кое во заложништво ќе се држат судбината на специјалното јавно обвинителство и европските интеграции на мојата земја. Ја депонирам мојата оставка која ќе стане активна тогаш кога политичките партии ќе се усогласат за новото законско решение и ќе го изберат мојот наследник“ – се наведува во соопштението.

 

Last modified on Понеделник, 15 Јули 2019 - 15:35

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Шест добитници на 7-мо Ноемвриски награди за 2019, Александар Попов постхумно

Една награда за животно дело, две Златни плакети и три Сребрени плаќети е

Повеќе

МВР: Сузбиена организирана криминална група во криумчарење мигранти

Жители на Богородица, Ново Конско, Јосифово, Богданци, Селемлија, Марвинци

Повеќе

Фирми, граѓани, судии, адвокати од Гевгелија на црната листа на УЈП

На најновата листа на должници кон Управата за јавни пригоди, објавена на ВЕБ

Повеќе

Информативниот туристички центар во Гевгелија ќе стане и наплатен пункт за

По десет години тапкање во место и затворени врати на туристичкиот информативен

Повеќе

Богданчанец во пијана состојба, речеси до смрт претепал пријател

Основното Јавно обвинителство во Велес донело наредба за поведување на кривична

Повеќе

Тајфун ја опустоши Јапонија - 40 настрадани, 20 реки се излеале за само 2 дена

Бројот на настрадани од тајфунот Хагиби во Јапонија нарасна на 40, додека

Повеќе

Нова група јасли во Детската градинка во Миравци

Во полн ек се подготовките за реновирање, адаптација и опремување на просторот

Повеќе

Честит 11 октомври!

Денот на народното востание на македонскиот народ 11 октомври денеска се

Повеќе

Одбележувања на Детската недела во Гевгелија

Со свечен прием на 170 првачињата од основните училишта во Општината во

Повеќе

Владата одлучи: За 10 проценти поголеми плати во образованието од април

Владата вчера на седница ја разгледа и усвои информацијата за покачување на

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.