Топ Новости

30 дневен притвор за Боки 13 и Кичеец

Вторник, 16 Јули 2019

Барањето на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е остварено, на Бојан Јовановски- Боки 13 му е одреден 30 дневен притвор од страна на Кривичниот суд.

По запирањето на Граничниот премин Богородица на менаџерот на 1ТВ Боки 13 и негов целодневен распит, синоќа му беше одреден притовр од 30 дена. Заедно со него притвор е определен и за второобвинетиот во истиот случај што вчера го објави Јавното обвинителство, а тоа е Зоран Милевски, познат како Кичеец, како осомничени за изнудување пари.

По собрани вербални и материјални докази, Обвинителството вчера отвори истрага во која осомничените ги товари за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“, а првоосомничениот Јовановски и за „перење пари и други приноси од казниво дело“.

Тие во два наврата примиле вкупно 1,5 милион евра од побарани осум милиони евра од лице против кое се водело истрага. На осомничениот од кого ги изнудиле парите му ветиле дека преку обвинител со кого имаат пријателски врски т.е. влијание ќе ја запрат истражната постапка или ќе му ја олеснат положбата во постапката.

Јавниот обвинител Љубомир Јовески во врска со случајот што вчера го отвори ОЈО против Боки 13, најави проширување и за други лица доколку бидат обезбедени докази.
- „Обвинителството е определено неселективно да ги гони сите лица за кои во постапката ќе докаже дека строриле кривично дело. Ве уверувам дека доколку во истрагата Обвинителството обезбеди докази и инволвораност на други лица и против нив ќе биде и против нив ќе биде покрената соодветна постапка“, рече тој.

Мобилниот на специјалната онвинителка Катица Јанева и' е одземен по наредба на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, потврдија за МИА од Обвинителството и тоа заради прибирање повеќе информации за истрагата против осомничените, кои во јавноста се познати како Боки 13 и Зоки Кичеец.

– „Телефонот е одземен за да ја видиме комуникација на јавен обвинител и првоосомничениот. Претрес не е направен кај ниту еден јавен обвинител и сега за сега нема причина зошто да бидат изведени пред судија“, изјави доцна синоќа пред судот обвинителката Вилма Рускоска.

Таа потврди дека Јовановски бил задржан на граничниот премин „Богородица“ при обид за бегство. Рускоска посочи дека обележани пари како доказ нема, но имаат обезбедено разговори и видеоснимки.




Last modified on Вторник, 16 Јули 2019 - 11:10

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Лишен од слобода 68 годишен жител на Богородица

Ова е втор случај годинава жител на Богородица да биде лишен од слобода поради

Повеќе

Шпанија со итен протокол за ратификација на членство на Македонија во НАТО

Владата на Шпанија вчера го одобри и го достави на усвојување во Паралментот

Повеќе

Прес СДСМ Гевгелија: Вложувањето во образованието е најдобрата инвестиција

Претставникот во Советот на општината од редовите на СДСМ и коалицијата, кој

Повеќе

Ново невреме во Австралија - врнежи од град, после поплавите и пожарите

Само ден по песочната бура на југоистокот од Австралија се истурил силен град

Повеќе

Чесниот крст во Гевгелија го понесе Љупчо Трајков

Љупчо Трајков (30 годишен) од Гевгелија и годинава како и лани е најсреќниот

Повеќе

Одбележан Водици во Богданци, Стојаково и Ѓавото

Граѓаните на Општина Богданци и тамошната црква се придружија на одбележувањата

Повеќе

Кристијан Јованов е среќниот фаќач на крстот во Миравци

Денеска претпладне на браната Калица кај Миравци се одржа чинот на осветување

Повеќе

Академик Георги Старделов ја доби Светската награда за хуманизам

На академик Георги Старделов, првиот од Македонија, вчера во Охрид му беше

Повеќе

Над 30 лица ќе запливаат на Водици во Гевгелија

Традиционалната манифестација на осветување на водите и пуштање на светиот крст

Повеќе

Власта го забрани со закон присилното извршување кај социјално загрозените

УСВОЕНИ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ кои целосно ги изземаат од извршување

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.