Топ Новости

Обвинителството ја прошири истрагата за „Рекет“ и бара притвор за Катица Јанева

Среда, 21 Август 2019

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески денеска на прес конференција одржана во 14 часот изјави дека се потврдени основите за сомнежи дека јавен обвинител превзел кривично правно казниви дејствија по што ЈО утврдил дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластувања“ санкционирано според член 343 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот Законик на РМ.

- „Јавното обвинителство донесе наредба за проширување на постапката и против јавниот обвинител за кој се побара мерка на обезбедување - притвор“ изјави Јовески на прес конференцијата.
Јовески кажа дека имаат докази оти Јанева остварила лична корист од околу 298.000 денари така што влијаела на постапката овозможувајќи олеснување на позицијата на осомничен во случајот „Империја“.

Тој посочи дека нема други индиции дека средствата завршиле кај домашни или странски политичари.

Новинарите прашуваа дали поради смртен случај во семејството на Јанева, ЈО бара само притвор, а не и други мерки на обезбедување, по што обвинителката Вилма Русковска која го води случајот „Рекет“ одговори „Да“.

Се чека во текот на денот Судот да се изјасни за барањето на ОЈО за притворот на Јанева.

Новинарите се интересираа „Кој ќе раководи, кој ќе потпишува плати и налози сега во СЈО, ако се спроведе притворот?“

Државниот јавен овинител Јовески одговори дека во овој случај треба да се произнесе Советот на јавни обвинители и да назначи вршител на должноста во институцијата СЈО.

Во текот на денот истражители на ЈО со полициска придружба беа во домат на Катица Канева во населбата Козле во Скопје и со службено возило ја однесоа во просториите на СЈО каде треба да биде одземен службениот компјутер на Катица Јанева. За време на престојот во СЈО таа немала контакт со останатите вработени.


Last modified on Среда, 21 Август 2019 - 15:12

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Јане Велковски од Македонија ќе учествува преку УНИЦЕФ на самит на ОН

Единаесет годишниот Јане Велковски, кој е застапник на деца со попреченост од

Повеќе

Ученици собраа 53,2 кг пластичен отпад од „Илинденска“ во Гевгелија

Екоакцијата организирана на крајот од работната недела во Гевгелија на улица

Повеќе

Во декември почнува „Мој ДДВ – Моја Награда“ со награден фонд од половина

Две главни награди, но и доделување на дневни и месечни награди со вкупен

Повеќе

Ветинг во судството вети Заев на граѓанска трибина во Велес

По низата реакции во јавноста за застарените судски случаи кои судот ги

Повеќе

Средба на борците од Кленоец и Гевгелиски членови на СЗБ од НОБ

Во чест на народниот херој Јосиф Јосифовски Свештарот кој е по раѓање

Повеќе

Еденипол часовен протест на судската администрација во Гевгелија

Триесет и тројца вработени во Основен суд Гевгелија со работен статус „судска

Повеќе

Иницијатива за незастарување на кривични дела направени од функционер

Екпертите со иницијатива: Кривичните дела сторени од функционери да не

Повеќе

Изгласана минимална плата од 14.500 денари во Собранието

Попладнево пратениците во републичкото Собрание го изгласаа Законот со кој

Повеќе

Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските посеви во Гевгелија

Со проект на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, каде припаѓа и

Повеќе

Од утре, 15 ноември, задолжително поседување на зимска опрема за возилата

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека во периодот од

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.