Топ Новости

Пуштен во употреба на One-stop-shop Табановце-Прешево

Понеделник, 26 Август 2019

Пуштањето во употреба на One-stop-shop Табановце-Прешево - заедничко управување на граничните и царински контроли со едно застанување меѓу Република Северна Македонија и Република Србија денеска беше одбележан заедно со делегации на двете земји и обраќање на премиерите на Македонија и Србија.

- „Овој проект значително придонесува кон развивањето на економијата на Западен Балкан, дефинирана на самитот во Трст од јули 2017 година и претставува круна на пријателството меѓу Македонија и Србија. Денеска, двете соседни гржави ја остваруваат последната фаза во поголемата размена на стоки меѓу соседите, поголема размена на идеи“ истакна македонскиот премиер Зоран Заев.
Тој во своето обраќање го истакна прометниот потенцијал на овој граничен премин и вредносните очекувања во работата што ги носи реализацијата на новиот проект, потенцирајќи го следново:
- „На премиот Табановце во 2018 година поминале околу 200.000 транспортни средства, камиони, што претставува 1/4 од прометот на товарни возила во минатата година на сите наши гранични премини во државата. Се очекува овој број да биде годинава зголемен за 30% и да изнесува 260.000 камиони. Со новиот „One Stop Shop“ ќе се забрза процесот на патници, товарни и превозни средства. Времето на минување ќе се намали на повеќе од половина, што ќе придонесе и за зголемување на бројот на туристи, како и бројот на транзитните туристи.  На деловните луѓе ќе им се скрати времето за царинските постапки. Предвидено е меѓусебно признавање на сертификатите на граничните агенции, фитосанитарни и ветеринарни“ истакна премиерот Зоран Заев на денешниот свечен чин на пуштањето во употреба на „One-stop-shop“ Табановце-Прешево.

Заев нагласи дека со „One Stop Shop“ и дигитализацијата на царинските услуги се очекува превозниците и извозниците да имаат заштеда од 8.000.000 евра годишно, извозот добива потенцијал да порасне околу 4% на двете страни, надворешно трговската размена да порасне вкупно 8%, а бројот на туристи да се зголеми за 8 %.

Заев се заблагодари за соработката со Република Србија и Европската Унија за иградбата на царинскиот терминал, како и на Светската Банка и Меѓународната финасиска корпорација за помошта во реализацијата на овој проект со кој што Македонија и Србија стануваат лидери во регионот во примената на Европските царински практики.  

Last modified on Понеделник, 26 Август 2019 - 11:56

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Прес на СДСМ: Зголемувањето на пензите реалност со СДСМ

Претседателот на Општинската организација на СДСМ за Гевгелија Владислав

Повеќе

Гевгелија на меѓународна конференција за бегалците во Шпанија

Гевгелиски искуства од бегалската криза минатата недела беа пренесени на 5-та

Повеќе

Од коронавирусот во Кина починале 56 лица, епидемијата се забрзува

Здравствените власти на Кина денеска соопштија дека кај 1975 лица е потврдена

Повеќе

Царинската управа додели Благодарници на гевгелиски фирми

По повод светскиот ден на царината, директорот на Царинската управа Ѓоко

Повеќе

Се гради нова канализациона линија во Негорци и замена на дотраените водоводни

Јавното комунално претпријатие во Гевгелија, „Комуналец“ деновиве ја превзема

Повеќе

Формирана Комисија за здравство и социјални работи при Здружението на

Гевгелиското Здружение на пензионери ќе помага на своите членови преку прграма

Повеќе

Водовод и канализација за станбените објекти на Караорман

Најновата и растечка урбана зона во Гевгелија, населбата Караорман со години е

Повеќе

Лишен од слобода 68 годишен жител на Богородица

Ова е втор случај годинава жител на Богородица да биде лишен од слобода поради

Повеќе

Шпанија со итен протокол за ратификација на членство на Македонија во НАТО

Владата на Шпанија вчера го одобри и го достави на усвојување во Паралментот

Повеќе

Прес СДСМ Гевгелија: Вложувањето во образованието е најдобрата инвестиција

Претставникот во Советот на општината од редовите на СДСМ и коалицијата, кој

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.